Remove ads
западногермански јазик From Wikipedia, the free encyclopedia
Англиски јазик (самонар. English language) — западногермански јазик со потекло од Англија, и мајчин јазик на најголемиот број на луѓе во Австралија, Ирска, Канада, Комонвелтските Кариби, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и САД (групно наречени Англосфера). Во голема мера се користи како втор јазик и како службен јазик низ светот, особено во земјите од Комонвелтот како Индија, ЈАР, Пакистан и Шри Ланка и од многу меѓународни организации.
Англиски | |
---|---|
English | |
Изговор | /ˈɪŋɡlɪʃ/ [1] |
Застапен во | наведени во статијата |
Говорници | Прв јазик: 309[2] – 380 милиони[3] Втор јазик: 199[4] – 600 милиони Вкупно: 1,8 милијарди[5] |
Јазично семејство | |
Писмо | латиница (англиска варијанта) |
Статус | |
Службен во | 53 земји ООН |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | en |
ISO 639-2 | eng |
ISO 639-3 | eng |
Современиот англиски јазик може да се рече дека е лингва франка.[6][7] Англискиот е доминантен меѓународен јазик во комуникациите, науката, деловното работење, воздухопловството, медиумите и дипломатијата.[3] Влијанието на Британската Империја е главната причина за првичното проширување на јазикот далеку од Британските Острови.[5] По Втората светска војна, растечкото економско и културно влијание на САД значително го има забрзано ова ширење на јазикот.
Познавање на англискиот јазик се бара во работењето на извесни полиња, професии и занимања. Како резултат на ова најмалку една милијарда луѓе зборуваат англиски барем основно. Англискиот е еден од шесте службени јазици на Обединетите Нации.
Англискиот е англофризиски јазик. Германофоните од северозападна Германија (Саксонци и Англи) и Јитланд (Јити) ја зазеле денешна источна Англија околу V век. Спорно е дали староанглискиот јазик се раширил со поместувањето на првобитното население, или пак локалните келти полека го прифатиле јазикот и културата на новата владеачка класа, или пак комбинација од двете (видете Подримска Британија).
Овие германски дијалекти подоцна се соединиле (останале географски варијации) и го формирале староанглискиот јазик. Староанглискиот грубо наликува на некои крајбрежни дијалекти во денешна северозападна Германија и Холандија (т.е. Фризија). Низ историјата пишаниот староанглиски, ја задржал својата синтетичка структура поблиска до праиндоевропскиот, во голема мера прифаќајќи западносаксонски пишани обичаи, додека говорниот староанглиски станувал сѐ повеќе аналитички по природа, јубејќи го посложениот падежен систем, користејќи повеќе предлози и фиксен збороред за искажување на саканото. Ова се гледа во средноанглискиот период, кога книжевноста се пишувала сѐ повеќе на народен (говорен) начин, по губењето на статусот на староанглискиот како јазик на благородништвото. Се претпоставува дека раниот развој на јазикот бил под влијание на келтски слој.[8][9] Подоцна бил под влијание и на сродниот северногермански јазик старонордискиот, користен од викинзите кои се населиле главно на северното и источното крајбрежје, па до Лондон, област позната како Данелаг.
Норманското освојување во 1066 извршило длабоко влијание врз еволуцијата на јазикот. Во следните 300 години норманите се користеле со англонормански јазик, кој бил близок на старофранцускиот, како јазик на дворот,правото и управувањето. Во XIV век англонорманските заемки придодале 10,000 збора кон англискиот, од кои 75% се користат и денес. Ова се многу зборови во правните и административни сфери, но и обични зборови за храна, како овчешко (mutton)[10] и говедско (beef)[11].Благодарение на овие нормански влијанија јазикот се претворил во денес наречениот средноанглиски јазик. Подоцна, за време на Англиската ренесанса, во јазикот влегле и многу, директно земени латински и старогрчки зборови.
За време на XV век, средноанглискиот јазик се преобразил заради Големото преместување на самогласките, ширењето на престижниот југоисточно-основан дијалект на дворот, управата и академскиот живот, и стандардизирачкиот ефект на печатењето. Раносовремениот англиски датира од Елизабетанскиот период.
Над 380 милиони луѓе зборуваат англиски како мајчин јазик. Со овој број на говорници на англиски како мајчин јазик, англискиот е на трето место по мандаринскиот кинески и шпанскиот.[12][13] Меѓутоа ако ги земеме говорниците на англиски како мајчин и како немајчин јазик, добиваме дека англискиот е најзборуван јазик во светот, или можеби втор ако ги собереме сите кинески јазици, зависно од тоа дали ги сметаме за „јазици“ или „дијалекти“.[14][15] Проценките во кои се вклучени говорниците на англиски како втор јазик варираат во голема мера - од 470 милиони до над милијарда, зависно од тоа како ја дефинираме писменоста или „владеењето“ на јазикот.[16][17] Некои велат дека оние кои го зборуваат англискиот како втор јазик се трипати побројни од оние на кои им е мајчин.[18]
Земјите со најголем број на говорници на англиски како мајчин јазик се (во надолен ред): САД (215 милиони),[19] Обединетото Кралство (58 милиони),[20] Канада (17,7 милиони),[21] Австралија (15 милиони),[22] Ирска (3,8 милиони),[20] ЈАР (3,7 милиони),[23] и Нов Зеланд (3.0-3,7 милиони).[24] Земјите како Јамајка и Нигерија исто така имаат милиони автохтони говорници на дијалектни континууми, од креолските јазици на англиска основа, па до постандардизирана верзија на англискиот. Од земјите каде англискиот се зборува како втор јазик, највеќе вакви говорници има Индија ('индиски англиски јазик') и воопшто земено Индија има повеќе куѓе кои зборуваат/разбираат англиски од било која друга земја во светот.[25] По Индија доаѓа Кина.[26]
Англискиот е главен јазик во следниве:Австралија, Американски Девствени Острови, Ангвила, Антигва и Барбуда, Барбадос, Бахами, Белиз, Бермуда, Британска Индоокеанска Територија, Британски Девствени Острови, Гвајана, Гернзи, Гибралтар, Гренада, Доминика, Ирска, Јамајка, Јужна Џорџија и Јужни Сендвички Острови, Кајмански Острови, Канада, Ман, Монтсерат, Науру, Нов Зеланд, Обединето Кралство, Питкерн, САД, Света Елена, Света Луција, Свети Винсент и Гренадините, Свети Китс и Невис, Сингапур, Тринидад и Тобаго, Туркс и Кајкос, Фокландски Острови и Џерси
Во многу други земји, каде англискиот не е најзборуван јазик, тој сепак е службен. Тие земји се: Боцвана, Гамбија, Гана, Замбија, Зимбабве, Индија, Камерун, Кенија, Кирибати, Лесото, Либерија, Мадагаскар, Малта, Маршалови Острови, Намибија, Нигерија, Пакистан, Папуа Нова Гвинеја, Порторико, Руанда, Самоа, Свазиленд, Сиера Леоне, Сингапур, Соломонски Острови, Танзанија, Уганда, ФД Микронезија, Филипини, Фиџи, Хонгконг, Шри Ланка. Англискиот е и еден од 11-те рамнправни службени јазици во ЈАР („јужноафрикански англиски“). Важен јазик е и во неколку поранешни колонии или моментални зависни територии на Обединетото Кралство и САД, како во Хонгконг и Маврициус.
Англискиот не е службен јазик ниту во САД ниту во Обединетото Кралство.[28][29] Иако федералната влада на САД нема службени јазици, англискиот има добиено глас за службен јазик во 30 од 50 држави.[30]
Поради тоа што англискиот се зборува така нашироко, често се нарекува глобален јазик, лингва франка на совремието.[7] Додека тој не е службен јазик во многу земји, денес е јазикот кој најчесто се учи како втор јазик во светот. По меѓународен договор е службениот јазик на воздушните и поморски комуникации, како и еден од службените јазици на Европската Унија, Обединетите Нации, и речиси сите меѓународни спортски организации, меѓу кои и Меѓународниот олимписки комитет.
Англискиот е најизучуван како странски јазик во Европската Унија (од 89% од учениците), по кој следат францускиот (32%), германскиот (18%) и шпанскиот (8%).[31] ВО ЕУ голем дел од населението вели дека може барем донекаде да разговара на англиски. Голем дел од населението вели дека може да разговата на англиски во: Холандија (87%), Шведска (85%), Данска (83%), Луксембург (66%), Финска (60%), Словенија (56%), Австрија (53%), Белгија (52%) и Германија (51%).[32] Норвешка и Исланд исто така имаат големо мнозинство на способни говорници на англискиот јазик.
Книги, весници и списанија на англиски можеме да најдеме во многу земји ширум светот. Англискиот често се употребува и во науките.[7]
Распростанетоста на Британската Империја и во последите 50 години, проминентноста на САД го имаат проширено англискиот јазик ширум Земјината топка.[7] Заради оваа глобална распространетост, англискиот има развиено многу дијалекти, како и креолски јазици и пиџини на англиска основа.
Главните вариетети на англискиот, во највеќето случаи, подразбираат неколку подвидови како сленгот Кокни во рамките на британскиот англиски; њуфаундлендскиот англиски во рамките на канадскиот англиски, афроамериканскиот англиски („Ебоника“) и јужниот американски англиски во рамките на американскиот англиски. Англискиот е плуризентричен јазик, без централен јазичен регулатор како Француската академија во Франција; и, иако ниеден вариетет не се смета јасно за стандарден, низа акценти се сметаат за попрестижни, како да речеме стандардниот британски изговор (наречен Received Pronunciation или RP) во Британија.
Шкотскиот јазик се развил — главно независно — од истото потекло, н по Унитарниот Акт 1707 започнал процес на јазично губење, каде подоцнежните генерации присвојувале сѐ повеќе одлики на англискиот јазик, причинувајќи дијалектизација. Дали сега тој е посебен јазик или дијалект на англискиот наречен шкотски англиски е спорно. Изговорот, граматиката и лексиката на традиционалните форми се разликуваат, понекогаш сосема, од други вариетети на англискиот.
Заради распространетоста на англискиот како втор јазик, говорниците имаат многу различни акценти, кои често укажуваат на родниот дијалект или јазик на говорникот. За позабележителните одлики на регионалните акценти, видете Регионални акценти на говорниците на англискиот јазик, а за позабележителни одлики на регионалните дијалекти, видете Список на англиски дијалекти.
Како што англискиот зајмувал разни зборови од други јазици низ историјата, така и англиските заемки сега се јавуваат во голем број на јазици низ светот, што укажува на технолошкото и културно влијание на неговите говорници. Постојат неколку пиџини и креолски јазици на основа на англискиот, како јамајскиот креол, нигерискиот пиџин и Ток писин.
Белешки:
Самогласките се елементот кој најмногу се разликува од регион до регион.
Додека знаците се јавуваат во парови, првиот соодветствува на американскиот англиски, општоамерикански изговор; вториот соодветствува на британскиот англиски, стандарден британски изговор.
Ова е англискиот согласен систем со симболи од МФА.
Двоуснени | Уснено- забни |
Забни | Венечни | Задно- венечни |
Предно- непчени |
Задно- непчени |
Уснено- венечни |
Гласилни | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Носни | m | n | ŋ | ||||||
Избувни | p b | t d | k ɡ | ||||||
Слеани | tʃ ʤ | ||||||||
Струјни | f v | θ ð | s z | ʃ ʒ | (x) | h | |||
Приближни | r | j | w | ||||||
Странични | l |
Безвучната преднонепчена слеана согласка /ç/ во највеќето акценти е само алофон на /h/ пред /j/; на пример human /çjuːmən/. Меѓутоа во некои акценти, /j/ се испушта, но првичната согласка е иста. Тешкотиите во совладувањето на англискиот изговор најчесто се поврзуваат со изговорот на самогласките, како и со -th- или /r/.[34]
Звучноста и приздив на избувните согласки кај англискиот зависат од дијалектот и контекстот, но можеме да дадеме неколку општи правила:
Англискиот е интонативен јазик. Тоа значи дека тон (висината) на гласот се користи синтаксички, на пример, за да искаже изненадување или иронија, или промена на исказ во прашање.
Во англискит интонационите шеми се на групи зборови, кои се наречени тонски групи, тонски единици, интонациони групи или смисловни групи. Тонските групи се искажуваат во еден здив и, како резултат на тоа, се со ограничена должина, најчесто во просек пет збора долги или во времетраење од две секунди. For example:
Англискиот е силно нагласен јазик, што значли дека извесни слогови, кај зборови и фрази, добиваат релативна истакнатост/гласност во изговорот додека другите не. Првиот вид се нарекува акцентирани/нагласени, а другиот неакцентирани/ненагласени. Сите добри англиски речници ги обележуваат акцентираните слогови со апострофен знак ( ˈ ) или пред (како кај МФА, Оксфордски англиски речник или Меријам-Вебстер) или по (во многу други речници) слогот каде паѓа нагласокот. Општо земено, за двосложен збор на англиски, може да се рече дека доколку е именка или придавка, првиот слог се нагласува; но ако е глагол, тогаш се нагласува вториот слог.
Оттука во една реченица, секоја тонска група може да се подели на слогови, кои можат да бидат нагласени (силни) или ненагласени (слаби). Нагласениот слог се нарекува и јадрен слог. На пример:
Тука единствено нагласени се слоговите/зборовите best и done. Best е повеќе нагласена и затоа е јадрен слог.
Јадрениот слог е носител на главната поента која ја намерава говорникот. На пример:
Исто така
Ова се користи и за изразување на чувство:
Јадрениот слог се искажува погласно од другите и има карактеристична промена на тонот. Промените на тон кои најчесто ги среќаваме во англискиот се растечки тон и опаѓачки тон, иако понекогаш имаме и опаѓачко-растечки тон и/или растечко-опаѓачки тон. Во оваа спротивставеност помеѓу опаѓачкиот и растечкиот тон, кој игра поголема улога во ангискиот околку во другите јазици, опаѓачкиот тон искажува сигурност, а растечкиот несигурност. Ова е круцијално за значењето на реченицата, особено во однос на поларитетот, позитивно–негативната спротивставеност; така, опаѓачкиот тон значи „познат поларитет“, додека растечкиот значи „непознат поларитет“. Ова е присутно кај прашањата од обликот „да или не“. На пример:
При транскрибирањето (предавањето) на англиските зборови во македонски јазик се тргнува од нивниот приближен изговор. Бидејќи за ред англиски самогласки и согласки нема соодветни во македонскиот јазик, тие се адаптираат кон оние македонски гласови што им се донекаде блиски. Од овој принцип се отстапува при имиња влезени порано во македонскиот јазик со поинаква форма.
Англиската граматика има минимална флексија споредено со другите индоевропски јазици. На пример, современиот англиски, за разлика од германскиот или романските јазици, нема граматички род и придавно сложување. Падежите имаат речиси исчезнато од јазикот и постојат главно во заменките. Моделирањето на силни (на пр. speak/spoke/spoken) наспроти слаби глаголи наследено од германското потекло има опаднато во значење кај современиот англиски, и остатоците од флексијата (како бележењето на можината) имаат станато поправилни.
Истовремено јазикот има станато повеќе аналитички, и има развиено особености како модални глаголи и збороред како богати извори за пренос на смисла. Помошните глаголи одбележуваат коснтрукции како прашања, негативен поларитет, пасивен вид и тековни времиња.
Англискиот зборовен фонд низ вековите се има значително менувано.[35]
Германските зборови (обично зборови од староанглиско и, во помала мера, нордиско потекло) во кои спаѓаат сите основни заменки (I, my, you, it) и коњугации (and, or, but) се пократки од латинските зборови во англискит, и почести во секојдневниот говор. Подолгите латински зборови се сметаат за поелегантни образовани. Меѓутоа, претераната или излишна употреба на латински зборови може да се смета за претенциозна (како полициското „apprehending the suspect“) или обид за замачкување на поентата.
Во многу случаи, говорникот на англиски јазик има избор од германски и латински синоними: come или arrive; sight или vision; freedom или liberty. Во некои случаи има избор помеѓу германски-изведен збор (oversee), латински-изведен збор (supervise), и француски латински-изведен збор (survey). Богатството на јазикот доаѓа од разновидноста на разните значења и нијанси кои ги носат синонимите, овозможувајќи му на говорникот да изрази истенчени варијации и нијанси на мисла. Запознаеноста со етимологијата на групите синоними даваат можност за поголемо владеење на лингвистички регистар.
Исклучок од ова и уникатна одлика на англискиот се именките за меса кои се обично различни од, и неповрзани со, оние на животните од кои се добиваат - животното има германски, додека месото француски назив. Примери: deer и venison; cow и beef; swine/pig и pork или sheep и mutton. Ова се претпоставува дека е резултат на норманската инвазија, каде франкофонските нормани биле потрошувачи на месо, кое се произведувало од подолните англофонски класи.
Во секојдневниот говор, најголемиот дел на зборови се германски. Ако говорникот сака силно да се искаже на мошне отворен начин, тогаш се одбираат германски зборови. Најголемиот дел од латинските зборови се користат за поформален говор или пишување, како во судницата или во енциклопедиски статии. Меѓутоа не сите латински зборови во секојдневниот говор се формални; ова се главно зборови за концепти кои повеќе немаат германски зборови за нив, па се имаат асимилирано, и во многу случаи не ни изгледаат латински. Вакви се зборовите: mountain, valley, river, aunt, uncle, move, use, push и stay.
Англискиот е познат по огромниот активен зборовен фонд и неговата флуидност. Јазикот лесно прифаќа технички зборови во секојдневниот говор и презема зборови и фрази. Покрај ова, сленговите често им даваат нови значења на старите зборови и фрази. Впрочем, флуидноста е толку изразена што треба да се направи разлика помеѓу формалните облици на англискиот јазик и неговата секојдневна современа употреба. Видете и: социолингвистика.
Англиски јазик | |
Писмо | латиница |
Пример | Прв член од „Декларацијата за човекови права“ |
Текст | All human beings are born free and equal in dignity and rights. They are endowed with reason and conscience and should act towards one another in a spirit of brotherhood. |
Македонски | Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност. |
Портал: Јазици |
Оксфордскиот англиски речник дава дефиниции за над 600,000 зборови, додека Вебстер вели дека секоја година во јазикот влегуваат по 25,000 нови зборови.
Англискиот се пишува на латиница уште околу IX век. (пред тоа староанглискиот се пишувал со англосаксонски футорк.) Правописниот систем е повеќеслоен, со елементи на француски, латински и старогрчки правопис врз автохтониот германски систем; низ времето правописот почнал значително да се разликува од фонологијата на јазикот. Пишувањето на зборовите е често прилично различно од нивниот изговор. Видете Англиски правопис.
Верзија на јазикот на која сите говорници ширум светот се согласуваат е формалниот пишан англиски. Тој се употребува исто без разлика од кој дел на светот е говорникот. За разлика од ова, во говорниот англиски постојат огромен број на разлики помеѓу дијалектите, акцентите и видовите на сленгови, колоквијални и регионални израззи. И покрај ова, локалните варијации на формалниот пишан англиски се прилично мали, состоејќи се само од правописните разлики помеѓу британскиот и американскиот англиски.
{{|2}}
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.