Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во лингвистиката, под глаголски вид или аспект на глаголот се подразбира формалното својство на глаголот коешто ја означува трајноста на дејството, односно неговото течење низ времето. Ова својство е најопшто, секако, различно од глаголското време, коешто го сместува дејствието во одредена временска рамка во однос на моментот на говорење. Но во многу јазици, глаголскиот вид или е врзан за одредено време или воопшто не постои како посебна глаголска категорија (барем морфолошка).
И глаголскиот вид и глаголското време ги опишуваат временските својства на дејствието означено со глаголот. Но, додека времето означува кога се одвива дејствието, видот означува како се одвива дејствието. Така, на пример, дејствието може да биде: трајно, целосно, повторливо и сл. и за секое од овие својства би одговарал различен глаголски вид. Уште повеќе, секое време (би требало да) има форми за секој вид, па така едно глаголско време би можело, да речеме, да се пројави во различни глаголски видови, зависно од природата на глаголското дејствие.
Глаголскиот вид е карактеристичен за индоевропските, угрофинските и други јазични семејства. Но повеќето од современите индоеврпоски јазици не разликуваат вид, туку само време, во чие значење и во чија употреба е интегриран глаголскиот вид. Формално доследно глаголскиот вид сѐ уште се разликува кај словенските јазици, вклучително и македонскиот.
Словенските јазици разликуваат два глаголски вида: свршен (перфективен) и несвршен (имперфективен) глаголски вид, коишто стојат еден наспроти друг. Словенските глаголи припаѓаат или на едниот или на другиот вид, со само неколку исклучоци. Исто така, најчесто доаѓаат во парови свршен-несвршен. Најопшто, за ист глагол, а различен вид, постојат и различни форми, на пример во македонскиот: викне наспрема вика, седне наспрема седи. Некогаш едниот вид се добива од другиот со морфолошка манипулација:
Во сите словенски јазици глаголите има (стсл. iměti) и сум (стсл. byti) се несвршени. Во македонскиот пак, несловенските глаголи (заемки) кои завршуваат на „-ира“ се двовидови, и свршени и несвршени (на пример: информира, протестира, диригира, тероризира и сл.). Ова важи и за ограничена група словенски (изворни) глаголи (на пример: руча)
Дека видот во словенските јазици е сѐ уште независен од времето, ќе покажеме со примери од македонскиот, српскиот и бугарскиот.
|
|
|
Одредени времиња пројавуваат наклонетост кон одреден вид. Така, на пример, во македонскиот, аористот претпочита свршени, додека имперфектот несвршени глаголи. Но иако во книжевниот македонски не се среќаваат несвршени глаголи во аорист (иако се прилично чести во дијалектите и секојдневниот говор: зна он = тој знаеше, ме гледá = ме гледаше и сл.), дотолку се чести свршените глаголи во имперфект: викнеше, дојдеше, познаеше, видеше и сл.
Видот ги опфаќа сите категотрии на глаголот. На пример глаголот пишува-пише:
|isbn=
: checksum (help).CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)Оваа статија од областа на лингвистиката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.