From Wikipedia, the free encyclopedia
Во лингвистиката, падеж е парадигма на флексивни именки. Во многу европски јазици, променливите форми означуваат граматичка улога.
Кај флексичните јазици, именките се деклинираат во различни форми или морфолошки падежи, кои ја назначуваат улогата на именката во реченицата. Морфолошките падежи се еден начин на назналување на граматички падеж; другите начини се наведени подолу. Морфолошките падежи обично се назначуваат со наставки, но во прилог на тоа, или наместо тоа, може да има и морфолошки модификации на именичната основа (погл. неконцентративна морфологија, превој и преглас).
Падежи постојат во многу индоевропски јазици како латински, германски и санскрит; кај дравидските јазици како тамилски; во речиси сите уралски јазици како фински и унгарски; во Свахили и многу други. Првобитно и македонскиот јазик и бугарскиот јазик имале сложен падежен систем кој бил наследен, преку старословенскиот, од прасловенскиот јазик; меѓутоа со тек на време овој систем бил напуштен. Староанглискиот имал опширен падежен систем. Во современата англиска граматика, истата информација се пренесува преку збороредот и предлозите, иако постојат некои остатоци од стариот систем (како „he“ наместо „him“; вид. Англиски деклинации).
Подолу стои пример за латинска деклинација, со зборот homo (човек).
Поимот деклинација исто така може да зоначува разни форми кои работат заедно како еден систем. На пример, горната деклинација се разликува од а-деклинацијата, која се содржи речиси исклучиво од именски од женски род.
За позаинтересираните:
Јазиците се категоризираат во неколку падежни системи, врз основа на тоа како ги групираат глаголските причинители и пациенти во падежи:
Следниве се системи кои некои јазици ги користат за означување на падеж наместо или како додаток на деклинација:
Некои јазици имаат повеќе од 20 падежи. На пример јазик кој користи голем број на падежи е финскиот. Видете Фински падежи.
Лемските форми на зборови, кои се форми одбрани по договор како канонски форми на зборот, обично се најнеодбележаните или најосновни падежи, which is typically the nominative, trigger, or absolutive case, whichever a language may have.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.