Кепенова класификација на климата — еден од најзастапените системи на климатска класификација. Првично е осмислена е климатологот Владимир Кепен во 1884 г, со неколку преработки од самиот автор, од кои најзначајните се направени во 1918 и 1936 г. Подоцна во преработката му се приклучил колегата Рудолф Гајгер, па затоа системот понекогаш се нарекува „Кепен–Гајгерова класификација“.
Системот се темели на поставката дека растителниот свет е најдобар показател за климата во едно подрачје и затоа границите на појасите се водат според распространетоста на дадени видови растенија и дрва. Како фактор во класите се земаат и годишните и месечните температури, врнежите и сезоните во кои се јавуваат.[2]:200–1
Климите се поделени на пет групи, секоја со свои подргрупи, претставени со ознака од 2 до 4 букви.
Тропските клими се одликуваат со постојано висока температура (на морско ниво и мала надм. височина) — просечната температура преку целата година е над 18 °C. Се дели на следниве типови:
- екваторска клима (Af):[2]:205–8 Просечното количество на врнежи преку целата година изнесува барем 60 мм. Појасот се протега во ширина од 5–10° од екваторот. Во некои источни крајбрежни краишта може да дојде дури до 25° од екваторот. Нема годишни времиња и има нископритисочен систем.
- Примери:
- Сингапур
- Апија, Самоа
- Парамарибо, Суринам
- Мбандака, ДР Конго
- Бијак, Индонезија
- Кучинг, Малезија
- Кибдо, Колумбија
- Примери:
- тропска монсунска клима (Am):[2]:208 Овој вид на клима е најзастапен во Јужна Америка и се одликува со монсунски ветришта што го менуваат правецот во разни периоди од годината. Најсувиот месец има под 60 мм врнежи, но годишниот просек е над (100 − [вк. год. врнежи {мм}/25]).
- Примери:
- Кернс, Австралија[3]
- Мајами, Флорида, САД
- Читагонг, Бангладеш
- Абиџан, Брег на Слоновата Коска
- Макапа, Бразил
- Синоп, Бразил
- Примери:
- саванска клима (Aw):[2]:208–11 Оваа клима има изразена сува сезона; најсувиот месец има помалку од 60 мм врнежи и под (100 − [вк. год. врнежи {мм}/25]).
- Примери:
Оваа клима се одликува со фактот што годишното количество на врнежи е под прагот на потенцијална евапотранспирација[2]:212:
Оваа клима се одликува со просечна температура над 10 °C во најтоплите месеци (април до септември на северната полутопка) и -3 °C до 18 °C во најстудениот месец. Се дели на следниве типови:
- суволетна суптропска или средоземна клима (Csa/Csb):[2]:221–3 Се јавува на западната страна на континентите, на ширина од 30° и 45°. Има умерена температура и променливо дождливо време. Летата се врели и суви поради тропскиот високопритисочен систем, освен на неспоредното крајбрежје, каде летата се посвежи поради студените океански струи што можат да предизвикаат магла, но не и дожд.
- Примери:
- Аделаида, Австралија (Csa)[5]
- Перт, Австралија (Csa)[6]
- Рим, Италија (Csa)
- Атина, Грција (Csa)
- Тел Авив, Израел (Csa)
- Мадрид, Шпанија (Csa)
- Лисабон, Португалија (Csa)
- Барселона, Шпанија (Csa)
- Лос Анџелес, Калифорнија, САД (Csa/Csb)
- Сан Франциско, Калифорнија, САД (Csb)
- Порто, Португалија (Csb)
- Кејптаун, ЈАР (Csb)
- Примери:
- умереносуптропска клима (Cfa, Cwa):[2]:223–6 Се јавува на источните краеви на сите континенти, но претежно во појасот помеѓу паралелите 25-30° и 35-40°. За разлика од средоземната клима, каде летата се суви, оваа клима добива топли влажни воздушни текови од тропите, што значи доста влага во воздухот во летните месеци, кои се најврнежливи (наспроти зимските во средоземната клима).
- океанска клима (Cfb, Cfc, Cwb, Cwc):[2]:226–9 Се јавува на западната страна на континентите во ширина од 45° до 55°; појасот е сместен веднаш над средоземниот, со исклучок на Австралија и крајниот југ на Африка, каде се граничи со умререносуптропскиот појас и лежи на пониска ширина. Во Западна Европа, оваа клима е присутна до 63° СГШ во Норвешка. Времето преку целата година е променливо и често наоблачено. Летата се свежи поради студените океански струи, но летата се поблаги и потмурни. Ваквата клима се среќава и на повисоките места во тропскиот и суптропскиот појас, каде се нарекува „планинска“.
- умеренoпланинска клима (со суви зими) (Cwb, Cwc) е типична за повисоките места во тропите на Мексико, Перу, Боливија, Мадагаскар, Замбија, Зимбабве и ЈАР, но се среќава и вон тропите во централна Аргентина. Зимите се поостри и суви, а летата знаат да бидат многу дождливи.
- супполарна океанска клима (Cfc):[2] Овој појас лежи до океанскиот (поблиску до полот) и е ограничен на тесни крајбрежни појаси или најјугозападните/најсеверните краеви на континентите, посебно на северната полутопка.
- Примери:
- Рејкјавик, Исланд (Cfc)
- Пунта Аренас, Чиле (Cfc)
- Тетребна Планина, Британска Колумбија, Канада (Cfc) Архивирано на 9 мај 2013 г.
- Примери:
- суволетна суптропска или средоземна клима (Csa/Csb):[2]:221–3 Се јавува на западната страна на континентите, на ширина од 30° и 45°. Има умерена температура и променливо дождливо време. Летата се врели и суви поради тропскиот високопритисочен систем, освен на неспоредното крајбрежје, каде летата се посвежи поради студените океански струи што можат да предизвикаат магла, но не и дожд.
Просечната температура во оваа клима е над 10 °C во најтоплите месеци, и под −3 °C во најстудените. Се јавува во внатрешноста на континентите и горните источни крабрежја, посеверно од 40° СГШ. На јужната полутопка, климата од групата D се крајно ретки поради помалите копнени маси во средните напоредници и речиси целосно отсуство на копно во појасот 40°–60° ЈГШ. Се јавува само во планините. Се дели на следниве типови:
- умереноконтинентална клима со врели лета (Dfa, Dwa, Dsa):[2]:231–2 Се јавува во 30-тите и дел од 40-ти напоредници, со просечна летна температура од над 22 °C. Во Европа овие подрачја се многу посуви од нивните северноамерикански пандани. Во источна Азија климата оди појужно поради влијанието на сибирскиот високопритисочен систем, поради што зимите се суви, а летата се многу врнежливи благодарејќи на монсунските циркулации.
- Пример:
- Скопје, Македонија (Dfa)
- Чикаго, Илиноис, САД (Dfa)
- Кливленд, Охајо, САД (Dfa)
- Бостон, Масачусетс, САД (Dfa)
- Ростов на Дон, Русија (Dfa)
- Пекинг, Кина (Dwa)
- Сеул, Јужна Кореја (Dwa)
- умереноконтинентална клима со топли лета (Dfb, Dwb, Dsb):[2] Појасот лежи веднаш север од врелолетниот умереноконтинентален појас, во последните 40-ти и првите 50-ти напоредници во Северна Америка и Азија, но и во централна и источна Европа и Русија, помеѓу умреноокеанскиот и супарктичкиот континентален појас, каде се протега сè до последните 50-ти, па дури и првите 60-ти паралели.
- Примери:
- субарктичка континентална (Dfc, Dwc, Dsc):[2]:232–5 Се јавуваат посеверно/појужно од другите типови во групата, претежно во 50-тите и првите 60-ти северни напоредници, а на места досега и до 70°.
- Пример:
- субарктичка континентална клима со крајно студени зими (Dfd, Dwd, Dsd):[2] Местата со овој тип на клима имаат зими со температура под -38 °C и се среќаваат само во Источен Сибир. Такви се Верхојанск (Dfd) и Ојмјакон (Dwd).
- Пример:
Оваа клима се одликува со просечна температура под 10 °C преку целата година:
- тундранска клима (ET):[2]:235–7 Најтоплите месеци имаат просечна температура од 0 °C до 10 °C. Појасот се протега во најсеверните делови на Северна Америка и Европа. Стенли, Фолкландски Острови и Нук, Гренланд.
- ET се среќава и на мошне високи места вон поларното подрачје, и тоа над шумската граница:
- Ел Алто, Bolivia.
- планината Фуџи, Јапонија
- планината Вашингтон, Њу Хемпшир, САД
- националниот парк Јотунхејмен, Норвешка
- ET се среќава и на мошне високи места вон поларното подрачје, и тоа над шумската граница:
- вечноледена клима (EF):[2]:237 Просечната температура е под 0 °C преку целата година. Присутна е на Антарктикот и во внатрешноста на Гренланд.
Кепенови карти на континентите
- Кепенова карта на Европа
- Кепенова карта на Азија
- Кепенова карта на Африка
- Кепенова карта на Северна Америка
- Кепенова карта на Јужна Америка
- Кепенова карта на Океанија
Поврзано
- Холриџови животни појаси
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.