From Wikipedia, the free encyclopedia
Магла — облак во допир со земјата. Маглата се разликува од другите облаци само по тоа што маглата ја допира површината на Земјата. Истиот облак кој не претставува магла во понискa област може да биде магла онаму каде се допира со повисоки области како што се врвови на ридови или планински гребени. Маглата се разликува од замагленоста само според нејзината густина. Маглата се дефинира како облак кој ја намалува видливоста на помалку од 1 километар, додека замагленоста ја намалува видливоста на помалку од 2 км.
Маглата, всушност, претставува кондензирана (згусната) водна пареа во вид на микроскопски капки (а при температура под 0 °С ледени кристали) во приземниот воздушен слој (тропосферата). Според потеклото маглите се класифицираат во три основни групи: магли на оладување (радиациони), магли на испарување (морски, езерски, над влажни терени), и смог.
Најмагливото место на земјата се Големите Насипи (Grand Banks) околу Њуфаундленд, Канада. Маглата тука е честа бидејќи Големите Насипи е местото каде се сретнуваат ладната Лабрадорска струја од северот и многу потоплата Голфска струја од југот. Најзамаглени места на копно, пак, се Поинт Рејес, Калифорнија и Аргентина во канадската покраина Њуфаундленд и Лабрадор - и двете места се со над 200 магливи денови во годината.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.