From Wikipedia, the free encyclopedia
Во метеорологијата, врнежи се сите облици на кондензираната водна пареа, кои на Земјината површина се излачуваат во течна или цврста агрегатна состојба.[2] Настануваат кога во атмосферата, огромен гасовит раствор, се заситува со водна пареа и тогаш водата кондензира и паѓа на земјата во вид на врнежи.[3] Два процеса, најверојатно кои дејствуваат заедно, можат да предизвикаат да воздухот стане заситен: ладејќи го воздухот или додавајќи водна пареа во воздухот. Вирга се врнежи кои започнуваат да паѓаат на Земјината површина но испаруваат токму пред да ја допрат површината. Атмосферските врнежи настануваат со судир на капки дожд или снежни кристали со некој облак.
Врнежите можат да бидат во различни форми. Врнежите односно капките кои паѓаат на Земјината површина можат да бидат премногу мали, а можат да бидат и премногу големи. Тие исто така можат да бидат и замрзнати, а можат да бидат и во кристална форма. Како што е погоре споменато врнежите кои паѓаат на Земјината површина можат да бидат во различни форми, вклучувајќи дожд, роса, снег, слана и град. Додека снегот бара доста ниски температури за да може да се појави на самата површина, градот може да се создаде на многу високи температури, што всушност се и многу важен фактор во неговото создавање.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.