Ел Алто
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ел Алто (шпански за „висок“, „височина“) е град и општина во Боливија. Градот се наоѓа во департманот Ла Пас, на висорамнината Алтиплано. Градот е дел од метрополитенската област Ла Пас. Денес тој е е еден од најбро растечките градови во државата со население од 1.184.942 жители во 2010 година, што го прави втор по големина во државата.[1] На пописот од 2001 година градот имал 647.350 жители.
Ел Алто El Alto | ||
---|---|---|
Главна улица во Ел Алто. | ||
Местоположба во Боливија. | ||
Координати: 16°31′S 68°10′W | ||
Држава | Боливија | |
Департман | Ла Пас | |
Покраина | Педро Доминго Муриљо | |
Општина | Ел Алто | |
Управа | ||
• Градоначалник | Едгар Патана | |
Надм. вис. | м | 4,150|
Население (2010) | ||
• Вкупно | 1,184,942 | |
Час. појас | BOT (UTC−4) |
Ел Алто се наоѓа на надморска височина од 4.070 метри и тоа го прави еден од највисоките позначајни градови во светот. Во градот преовладува ладната клима, која достигнува до 17 степени во летниот период. Поради трендот на миграција село-град во Боливија, Ел Алто станал еден од најбрзо растечките градови во Боливија.
Ел Алто е еден од најголемите градови во Латинска Америка каде има бројно староседелско население. Се проценува дека околу 76% од населението на градот се Ајмари, 9% се Кечуани, 15% се мешани и околу 1% се белци.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.