Ојмјакон
село во Русија From Wikipedia, the free encyclopedia
Ојмјакон (руски: Оймякон, јакутски: Өймөкөөн) — село во Јакутија, Русија. Се наоѓа на левиот брег на реката Индигирка. Името на селото означува „вода што не замрзнува“ и потекнува од тоа што крај него има топол извор.
Ојмјакон Оймякон | |
---|---|
Село | |
Други транскр. | |
• јакутски | Өймөкөөн |
![]() Шума во близина на Ојмјакон | |
Држава | Русија |
Федерален субјект | Јакутија |
Реон | Ојмјаконски реон |
Надм. вис. | м | 745
Население | |
• проц. од (2011) | 500 |
Час. појас | [1] (UTC+10) |
Поштенски бр.[2] | 678752 |
Повик. број. | +7 41154 |
Географија
Селото се наоѓа во источниот дел на Јакутија и брои 500 жители (2011). Ојмјакон се наоѓа блиску до поларникот и времетраењето на денот варира од 3 часа преку декември до 21 часа во текот на краткото сибирско лето, кога ноќите се „бели“ и е светло речиси преку целото деноноќие. Селото се наоѓа на околу 750 м надморска висина.
Клима
Ојмјакон е најстуденото населено место на Земјата и затоа го носи името „Северен Пол на студот“. Најниската измерена температура изнесува -68°С во метеоролошката станица Томтор во 1933 г. Според неофицијални извори, температурата во селото паднала и до -82 °C во 1916 г. Другиот претендент за најниска измерена температура е јакутскиот град Верхојанск, којшто се наоѓа зад поларникот.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.