From Wikipedia, the free encyclopedia
Тундра — непошумена, рамна или со брановидна конфигурација почва, која се протега над појасот на тајгата во поларните региони, позната како „арктичка тундра“ или во појасот на високите планини позната како „алпинска тундра“ што се одликува со гола земја и карпести предели на кои единствена вегетација се мовот, лишаите, малите тревни билки и ниските грмушки. Животинските видови се ретко застапени поради екстремно тешките услови во околината. Во арктичката тундра може да се сретнат ласицата, поларната лисица, белиот волк, еленот и бушавото говедо. Во алпските тундри можат да се сретнат многу животни, вклучително и планинската овца и рисот кои се селат во потоплите климатски зони за време на зимата. Климата во појасите со алпинска тундра е многу поблага во споредба со онаа во областите со арктичка тундра. Односно тундрата е област во која постојат и одделни растителни заедници.
Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.