Македонски комитет
From Wikipedia, the free encyclopedia
Македонски комитет,[1] Врховен македонски комитет,[2] Врховен македоно-одрински комитет [3] — раководно тело на македонските емигрантски друштва. Оваа асоцијација во 1900 година ќе го промени своето име во Македоно-одринска организација. Организацијата е создадена од страна на македонската емиграција, од Бугарија и Романија, всушност за време на нејзиното создавање била повикана сета македонска емиграција, и од таму каде што немало организирани друштва. Во неа членувале Македонци, а помалку Бугари.[4] Официјалната цел на организацијата била автономија на Македонија и Одринско, врз основа на членот 23 од Берлинскиот конгрес. Комитетот е забранет во Бугарија по одлуката за негово растурање на Министерскиот совет на Бугарија од 31 јануари 1903 година, а се распушти во 1905 година, по Рилскиот конгрес.
Функционира | 1895 – 1905 |
---|---|
Водач | Трајко Китанчев Борис Сарафов Иван Цончев |
Цели | Ослободување на Македонија и Одринско |
Подрачја | Османлиско Царство Македонија Одринско Бугарија |
Идеологија | Врховизам |
Поважни дела | Мелничко востание Тушимско востание Горноџумајско востание |
Поголеми напади | Мисија на Атанас Јанков |
Статус | револуционерно-ослободителна |