Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Револуционерниот лист (бугарски: Революционенъ листь) излегувал во Солун во периодот од 12 август 1904 до 16 декември 1906 година и бил официјален орган на Македонската револуционерна организација,[1] а подоцна станува неофицијално гласило на Јане Сандански и неговите приврзаници.
Уредник | Димо Хаџи Димов |
---|---|
Основан | 12 август 1904 |
Јазик | Бугарски |
Престанал | 16 декември 1906 |
Седиште | Солун |
Најпрво, уредничката позиција му е понудена на Пејо Јаворов, но тој, поради несогласувањата со Јане Сандански, ја одбива понудата.[2] Од 1904 година уредник е Васил Пасков, а потоа уредник на весникот станува Димо Хаџи Димов.[3]
Весникот разгледувал голем број на внатрешни и надворешни прашања кои биле поврзани со Македонската револуционерна организација како и со решавањето на Македонското прашање.
Во 1905 година весникот истакнал дека:
„ | Автономна Македонија од Организацијата се сфаќа како самостојна држава [4]. | “ |
Со што јасно било дадено на знаење дека Организацијата се залагала за самостојана македонска држава.
Сепак треба да се истакне дека во тој период по Илинденското востание во Организација се диференцираат две струи или крила кои Христо Силјанов ги нарекува ги нарекува: радикално-реформска и умерено-конзервативна [5][6], со што весникот ги изразувал идеите на првото крило, затоа во бугарската историографија се истакнува дека идејата за независност не била цел на сета Организацијата, туку само на ова крило со што се девалвира македонскиот карактер на МРО[1]
Mеѓутоа, треба да се потенцира дека автономниот принцип бил официјална цел на умереното-конзервативно крило, но тоа не значи дека тие не се залагале за самостојна држава, бидејќи идејниот водач на конзервативното крило Христо Матов во својата брошура „Основите на Организацијата од Брут“ истакнува дека:
„ | Организацијата е самостојна и како секоја мала држава една од главните грижи и е да се заштити од сите внатрешни и надворешни влијанија и притисоци. [5] | “ |
Весникот ги популаризирал целите и задачите на МРО во новонастаните услови, притоа весникот ги критикувал и врховистите и нивните погледи за решавање на Македонското прашање.
Во својата статија од јуни 1905 година се истакнува:
„ | ... А што претставуваат врховистите? Тоа се еден грст луѓе, еден мал кружок на чело на кој стои резервниот генерал Цончев, кој - иако нема трага од некогашните Македоно-одрински друштва во Бугарија - продолжува да се нарекува и да се потпишува како претседател на некаков Врховен комитет којшто не постои. Тие, врховистите, претставуваат полна негација на Внатрешната организација - меѓу нив и неа има бездна. Пред сè против целата на Организацијата - автономна Македонија и нејзината девиза Македонија на Македонците - тие поставуваат некаква автономна Македонија со прикриена девиза Македонија за Бугарија. Автономаната Македонија се сваќа од Организацијата као самостојна државичка која ќе влезе како одделен член во Федерацијата на другите државички на Полуостровот, и врховистите се... како преку... форма кон Санстефанска Бугарија, која им изгледа на оние што не гледаат подалеку од носот дека може да биде реализирана... врховистите со својот теснограден и неразумен национализам... се трудат на секој начин и со своите акции да го претставуваат пред надворешниот свет ослободителното движење како чисто бугарско и со тоа, компромитирајќи ја каузата, и нанаесуваат тешки удари...[7] | “ |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.