Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Врховизам е политички правец во македонското националнослободително движење, којшто го поврзува решавањето на Македонското прашање како дел од поголемото Бугарско националистичко прашање. Називите врховизам и врховисти се дојдени од Врховниот комитет, поточно за приврзаниците на Иван Цончев [1], а подоцна терминот Врховизам и врховисти се употребувал за сите кои биле приврзаници на официјалната бугарска политика во однос на Македонија и македонското прашање. За разлика од (внатрешните), врховистите сметале дека Македонија и Одринско ќе бидат ослободени не со општо востание, туку со помош од страна на Бугарија и нејзината војска. Според општо прифатеното гледиште во Република Македонија за врховистите, се сметаат оние кој ја спроведуваале свесно или несвесно политиката на бугарската монархија и држава кон Македонија.
Дел од темата „Македонски комитет“ |
---|
Основачи
|
Ментори
|
Противници
|
Сојузник
|
Конгреси
|
Востанија
|
Органи
|
Фракции
|
Поврзано
|
Во август 1903 година со дозвола на Задграничното претставништво на територијата на Серскиот револуционерен округ почнале да навлегуваат врховистички чети. Бројот на овие чети изнесувал околу 500 - 600 души на чело со Иван Цончев, Атанас Јанков како и врховистичките војводи Јурдан Стојанов и Љубомир Стоенчев.
Овие чети требало да и помогнат на ТМОРО во текот на Илинденското востание и Цончев за да навлезе во Македонија ги прифатил условите на Македонската револуционерна организација но тој не можел да се ослободи од своите разбирања:
„ | Целта е оваа: Македонија со своите партизански дејствија да ја исцрпи Турција, а потоа слободна Бугарија да удри со својата свежа, добро организирна армија [2] | “ |
Затоа во Серско, Јане Сандански при средбата со врховистите истакнал:
„ | ... Ние сакаме Македонија да биде автономна, независна, слободна, Македонија на Македонците... вие ја сакате слободата на Македонија... како средство, како етапа за идно завојување и присоединување, а кај нас слободата, автономијата на Македонија е легална во основа како цел. Ете каде е големата разлика меѓу Нас - внатрешните и Вас - врховистите [3] | “ |
Револуционерен лист во јуни 1905 година истакнува:
Македонска револуционерна |
---|
Мото
|
Псевдоним
|
Институти
|
Статути
|
Конгреси
|
Весници
|
Непријатели
|
Сојузници
|
Хронологија
|
Афери
|
Фракции
|
Битки
|
Aпостоли
|
Поврзано
|
„ | ... А што претставуваат врховистите? Тоа се еден грст луќе, еден мал кружок на чело на кој стои резервниот генерал Цончев, кој-иако нема трага од некогашните Македоно-одрински друштва во Бугарија-продолжува да се нарекува и да се потпишува како претседател на некаков Врховен комитет којшто не постои. Тие, врховистите, претставуваат полна негација на Внатрешната организација-маѓу нив и неа има бездна. Пред сè против целата на Организацијата-автономана Македонија и нејзината девиза Македонија на Македонците-тие поставуваат некаква автономана Македонија со прикриена девиза Македонија за Бугарија. Автономаната Македонија се сваќа од Организацијата као самостојана државичка која ќе влезе како одделен член во Федерацијата на другите државички на Полусотровот, и врховистите се... како преку... форма кон Санстефанска Бугарија, која им изгледа на оние што не гледаат подалеку од носот дека може да биде реализирана... врховистите со својот теснограден и неразумен национализам... се трудат на секој начин и со своите акции да го претставуваат пред надворешниот свет ослободителното движење како чисто бугарско и со тоа, компромитирајќи ја каузата, и нанаесуваат тешки удари...[4] | “ |
Врховистите отсекогаш биле луѓе на бугарската влада и Фердинанд, тие не се бореле за самостојна и независна Македонија, туку за бугарска Македонија. Затоа, Петар Поп Арсов истакнал: Ние имаме голема одговорност пред историјата, оти не бевме решителни... за една решитела борба против врховизмот, ами се маткавме во една магловитост, без една прецизна и строго определена принципиелна тактика во однос на нашите национални интереси... па (б.) се дојде до оваа катастрофа (поделбата на Македонија б.н) [5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.