Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јануарската средба се одржала на 5 јануари 1894 година,[1] пред Богојавление, за божиќните празници. Тогаш дошло до конкретно основање на Македонската револуционерна организација. На оваа средба била дефинирана целта, а било донесено и името на Организацијата и ЦК.
Македонска револуционерна |
---|
Мото
|
Псевдоним
|
Институти
|
Статути
|
Конгреси
|
Весници
|
Непријатели
|
Сојузници
|
Хронологија
|
Афери
|
Фракции
|
Битки
|
Aпостоли
|
Поврзано
|
На дневен ред биле: целта, името и поставеноста на организацијата. Појдовна точка за дискусија бил членот 23 од Берлинскиот конгрес. Поради недостаток на изворна протокуларна документација, која во почетокот не се создавала, меѓу историчарите постојат несогласувања околу целта на организацијата.
Од друга страна и во самите сведоштва на основачите на организацијата постојат извесни контарадикторности.
„ | Според Петар Поп Арсов тие формирале Комитет за придобивање на политичките права за Македонија дадени од Берлинскиот конгрес [2], Дамјан Груев од своја страна истакнува дека Девизата беше, спроведување на одлуките на Берлинскиот конгрес [3] | “ |
Меѓутоа според Татарчев, откако чл. 23 од Берлинскиот конгрес им се видел:
„ | ... како апстрактен за народот, прифатиле да се замени со една попластична фигуративна формула - автономија на Македонија во нејзините географски и етнографски граници [4][5], и тоа да се впише во Уставот на организацијата и откако ја поставиле целта, основоположниците решиле таа да се вика: Македонска револуционерна Организација (МРО), на чело со Централен Македонски Револуционерен Комитет (ЦМРК) | “ |
Татарчев исто така истакнува:
„ | Принципот за автономија налагал да бидат последователни во идните решенија и да се избегнува сето она кое би го возбудило тесноградниот национализам кај инородните народи. | “ |
За време на јануарската средба бил конституиран Централниот комитет во него влегле 6-мината основоположници. За претседател бил избран Христо Татарчев, за секретар и касиер бил избран Даме Груев, а Иван Хаџи Николов во отсуство на Татарчев ја заземал неговата позиција[6].
Централниот комитет го задолжил Петар Поп Арсов да го создаде нацртуставот и да ја напише брошурата Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници [7].
Во врска со зачленувањето во организацијата бил прифатен предлогот на Иван Х. Николов, дека во организацијата можат да членуваат сите кои имале јасни децентрализирачки ставови во однос на црковно-просветното дело во Македонија, тие да се сметаат за погодни, а оние кои биле приврзаници на егзархиската централистичка политика да се сметаат за непогодни[8].
Одринско првобитно не влегувало во програмата на организацијата бидејќи основачите биле насочени кон Македонија. Одрин подоцна влегол во програмата поради тоа што:
„ | положбата на христијанското население таму, особено на бугарското, не се разликува во ништо од онаа на македонскиот народ. | “ |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.