Remove ads
Самостојна македонска држава From Wikipedia, the free encyclopedia
Самостојна македонска држава е политичката и револуционерната цел на македонските револуционери и Македонската револуционерна организација. Револуционерната организација формално-правно во своите уставо-статутарни акти се залагала за автономија на Македонија и Одринско, меѓутоа врз основа на организациската документација и другите извори може да се заклучи дека Организацијата работела за самостојна македонска држава.
Македонска револуционерна |
---|
Мото
|
Псевдоним
|
Институти
|
Статути
|
Конгреси
|
Весници
|
Непријатели
|
Сојузници
|
Хронологија
|
Афери
|
Фракции
|
Битки
|
Aпостоли
|
Поврзано
|
Зад автономниот принцип се криела поголема цел, а тоа е создавање на слободна и независна македонска држава. Тоа го потврдуваат и сведоштвата на првите луѓе на организацијата. Христо Татарчев истакнува дека:не се раководеле од друга тенденција, освен од идејата за слободата и благото на целиот македонски народ. Дамјан Груев од друга страна, во писмото до Никола Дејков од 7. 02. 1894 година го објаснува сепаратизмот на МРО и вели дека:
Во 1905 година Дамјан Груев во Софија имал средба со Лермонтов. Притоа Д. Груев истакнал дека организацијата дејствува самостојно издигајќи ја девизата Македонија на Македонците [2], и дека организацијата не сака за ништо судбината на Македонија да ја потчини на интересите на кнежевството. Главна цел на организацијата е автономија на Македонија а не нејзино присоединување кон Бугарија [3].
На 17. 10. 1895 година, Гоце Делчев испратил писмо до Ефрем Каранов во кое пишува за слободна државичка Македонија[2]
Во весникот Право во 1902 година јасно се кажуваат целите на организацијата:
„ | Внатрешната револуционерна организација ќе му даде на секој да разбере дека работи за единството и независноста на Македонија, како слободна држава на Балканскиот Полуостров. Таа организација, давала и во иднина ќе дава докази дека не е агент на никоја од балканските држави, туку агент само на македонската слобода и независност. Со таквите докази таа постепено ќе ги остранува племенските разлики во Македонија и ќе го организира идниот, ако и разнобоен, но способен да се самоуправува мирно и тивко, македонски народ [4]. | “ |
Во 1905 година во Револуционерниот лист, кои бил официјален орган на Внатрешната организација, се истакнува дека: Автономна Македонија од Организацијата се сфаќа како самостојна држава [5].
Во писмото од 14. 04. 1901 година егзархот Јосиф I искажува стравување поради формулацијата обединување на сите без разлика на верата и народноста:
„ | Јас мислам дека се гони тајна цел, имено : обединување на македонското население на македонска почва и остварување на поодамна замислената идеја за македонско словенска етничка група на Балканот. Во таков случај натамошната дејноста на Бугарската егзархија е непожелна, бидејќи во автономната македонска држава ќе се наметне потребата за единствена црква [6] | “ |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.