Серски конгрес
From Wikipedia, the free encyclopedia
Серскиот конгрес на Серскиот револуционерен округ е последен конгрес од низата конгреси на Македонската револуционерна организација по Илинденското востание па сè до свикувањеото на општиот Рилски конгрес.
Собир
Конгресот започнал со работа на 29 јули 1905 година во месноста Белемето, во Пирин и траел околу 8 дена.
На него присуствувале 25-30 делегати, а меѓу нив поистакнати биле: Јане Сандански, Стојо Хаџиев, Ѓорѓи Скрижовски, Лазар Томов, Тодор Поп Антов и други. Покрај нив присуствувале и неколку гости [1].
Работа
Конгресот посебно се посветил на разгледување на извештаите на делегатите за положбата на Организацијата и населението.
Било заклучено дека организациската мрежа која била заслабена е повторно зацврстена, разврзана е интезивна дејност, духот на населението е бодро, а целото револуционерно движење станало поцврсто.
Конгресот дисутирал и за раководството, а за војводи биле избрани Јане Сандански - Мелничко, Таската Врански - Серско, Скрижовски - Разлошко, П. Милев за Неврокоп, Дедо Илија Крчовалијата и Хаџиев за Демихисарско и Ичко Бојчев за Горноџумајско [2].
Дополнително кон тоа бил направен избор за учители по селата и градовите, да се засили агитацијата меѓу другите националности и да се засили просветната дејност.
Било посветено внимание и на економските прашања, а меѓу другото било решено да се присилуваат чифликсајбиите да ги продават своите чифлизи, селаните да ги откупуваат и на тој начин да се ослободаат од чифлигарските односи ии да си ја повратат земјата [3].
Во однос на Империјата било решено да се бојкотираат нејзините финансиски мерки како што е собирањето на десетокот.
На крајот на својата работа делегатите избрале претставници за општиот конгрес на Организацијата.
Извори
Литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.