Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Правосудсвото на МРО е составен дел од структурата на Македонската револуционерна организација и e паралелна судска институција преку која се остварувала организациската власт и законодавство на еден дел од територијата на Отоманското Царство.
Кон крајот на XIX и почетокот на XX век, Македонската револуционерна организација започнала со изградување на својата организациска мрежа и револуционерна власт, а паралелно започнал и процесот на создавање на револуционерното правосудство.
Во почетокот судската улога ја играле самите револуционерни комитети и војводи, а по Рилскиот конгрес биле создадени специјални правосудни институции и органи.
Со оваа паралелна судска власт се бојкотирале и избегнувале турските судови, како во областа на кривично-правните дела така и во областа на граѓанско-правните спорови [1].
За револуционерното правосудство на Организацијата имал голем број на историски извори, тука влегуваа изворната документација на самата Организацијата како и нејзините уставо-статутарни акти, а дополнително светло фрлаат и спомените на македонските револуционери.
Формално-правно основите на револуционерното правосудство се наоѓаат во Првиот устав и Првиот правилник на Македонската револуционерна организација од 1894 година во кој биле регулирани прават и обврските на организациските членови, како и казните и нивните извршители. Во првиот Устав меѓу другото се истакнува:
додека пак во првиот правилник се регулирани детално Казните, Тајна полиција и обврските на членовите:
Првите-уставо статутарни акти првенствено биле насочени кон реулирање на внатрешните и надворешните потреби на Организацијата но со појавата на првите чети Македонска револуционерна организација таа добила значење:
„ | на вистинска народна власт, авторитетна, справедлива до жестокост и способна да ги налага решенијата [2] | “ |
Македонска револуционерна |
---|
Мото
|
Псевдоним
|
Институти
|
Статути
|
Конгреси
|
Весници
|
Непријатели
|
Сојузници
|
Хронологија
|
Афери
|
Фракции
|
Битки
|
Aпостоли
|
Поврзано
|
Со појавата на четите Организацијата започнала вистински да ја контролира територијата и тогаш се направени првите напори за создавање на граѓанските судови кој својата конечна физијономија ќе ја добијат со Правилникот на ВМОРО. Кон крајот на 1899 година бил одржан собир на четите од Струмичкиот револуционерен округ во селото Моноспитово, Гоце Делчев во својсво на главен четнички инспектор меѓу другото од селаните побарал:
„ | да не одат по турските судови, туку да формираат сопствени селски судови [3] | “ |
Интересно сведоштво за селските судови дава Славејко Арсов во своите спомени каде истакнува:
„ | Во Кономалди, Костурско, Делчев беше дал слобаода на сите селани да се жалат пред него за што има за сите неволји, дури и против четата [4]. И се јавија сите селани, имеше дела за развод, за кражба, за расправии меѓу жени, бидејќи се убедија дека им се разгледуваат делата. Тоа траеше четири дена. Делчев седеше со реонските раководители како претседател. Реонските раководители распрашуваа, тој слушаше, се советеуваше со раководителите и даваша заклучоци, се соопштуваше на селаните и веднаш се извршуваа помирувања итн... По шест дена се одржа општо собрание од целото село, во црквата... им се покажа еден нов ред: им се забрануваше да се судат пред турски судови, се забрануваа кражби, блуд, пијанство, крамоли, се наложуваше послушност спрема селското управно тело... Се усно, не беше напишано во уставот. Се наредуваше да се чува во тајна, што станало во селото и да не се зборува во друго село, ниту да се распрашува. Сето тоа: чета, општо собрание, суд, за мене беше ново... Пред една година Марко ги обиколувал неколкуте села од Леринско. И во тоа време духот на населението бил ослабнат, се јавила непокорност спрема легалните раководители и злоупотреби, се јавиле и шпионите. Од Лерин ни пишаа и ни ги посочија лицата, а ние се помачивме и фативме два - тројца (од с. Борешница), меѓу кој и еден учител по име Петар... Ги одведовме на Ниџе Планина кај попадиските трла. Таму ги пресудивме и се увиде дека обвинетиот како шпион е невин, а другите се покажаа како непокорни злупотребувачи и убијци. Тие се признаа, пресудата им се прочита пред 20-тина селани од с. Попадија и беа казнети на една месност - Маркови кули... Во Ресенско обично свдадбите се правеа во есента. Често се случува свршената мома да ја остави свршеникот и таа останува до идната година немажена. Со тоа се нанасеуваше удар на момата и семејствот. Еден случај даде повод Организацијата да се вмеша и во тие работи и тоа заради онеправдената страна. Дојде една мома од Дупени, ја оставило момчето, и веднаш за друга се свршило. Момата не можеше да оди во уќуматот бидејќи немало да ја пуштат селските првенци, а да оди при архиреискиот намесник, треба да троши пари. И таа нашла за згодно да се обрне до четата: ги донесе даровите од момчето (прстен, една меџидија пари и една крпа) пред мене и рече дека таа дошла да ја бара својата чест, молејќи ја четата да се застапи за неа, бидејќи се уверила дека нашиот уќумат (четата) поарно средува. Се повика момчето и татко му, се разгледа делото во присуство на управното тело и најпосле се осуди момчето да внесе 4 турски лири на момата за нејзината чест и по половина лира во двете каси, во Дупени и во Езерани (од тоа село беше момата)... Таа вест се разнесе по целиот реон, и сите такви онеправдани се радуваа и сите се обрнаа кон четата. Имаше и накажување со тепање, ако некој не сака да го исполни решението... [5] | “ |
Дополнителна светлина врз револуционерното судство дава и организациската документација како што е пресудата на Костурскиот револуционерен комитет во која е забележано:
„ | од 1903 година, Изведувачите на истрагата, членовите на Костурскиот револуционерен комитет - В. Чакаларов, П. Кљашев и Н.С, во присусутво на членовите на Комисијата од с. Косинец - Трајко Марковски и Поп Наум ја донеле против неколку селани кои предизвикале општа тепачка во с. Косинец, Костурско, следнава ПРЕСУДА: Според досегашната истрага, земајќи го предвид и досегашното поведение на Ламбро Минојловски, Дичо Мијаовски и Лазо Панчев како луѓе кои гледале да прават скандали и разединување во селото Косинец се осудуваат со следниве казни: Првиот се казнува со силен ќотек што потоа комисијата и по ветувење дека ќе се поправи ја заменува со една лира глоба, но под услов: и при еден најмал признак на првото поведение, да си остане првото решение на сила. Вториот се казнува со привремено одење со чета, третиот со глоба 30 (триесет) гроша. На Ване Канчето се прави приговор, само заради тоа што првиот пат погрешил и се признал за виновен. Митровица, Липовица и Василица се казнија со ќотек кој се удри по пресудата. На Трендовица и Велик се направи приговор [6] | “ |
Ваквите случувања и пресуди биле дел од секојдневниот живот во Македонија и Одринско но со текот на времето се покажало дека постојните нормативни акти не се доволно прецизни и се претесни за работата на понатамошното револуционерно судство.
Затоа правосудството на Организацијата било дополнето и својата конечна физиономија ја добива со правилникот на ВМОРО.
Судскиот систем на Организацијата својата конечна физиономија ја добива со Правилникот на ВМОРО донесен на Рилскиот конгрес во 1905 година. Овој Правилник се состоел од 216 члена подделени во XVI глави, а правосудсвото било регулирано со XIV, XIV и XVI глава.
Оваа глава ги регулирала:
Во оваа глава се регулирани Граѓанските судови.
Во оваа глава е Општиот одеел.
Од последните глави од правилникот на ВМОРО се гледа дека Организацијата се стремела да ги регулира, не само сопствените организациски дела, туку и граѓанско-правниоте спорови на населението со што започнала да наликува на една паралелна држава или како што ја нарекувале Подземна република со свој сопствен судски систем.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.