Џон Дегенколб
германски велосипедист / From Wikipedia, the free encyclopedia
Џон Дегенколб (германски: John Degenkolb; р. 7 јануари 1989 во Гера) — германски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим ДСМ-Фирмених.[2]
Кратки факти Лични податоци, Цело име ...
Дегенколн во 2015 година | |||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Џон Дегенколб | ||||||||||||||
Роден | 7 јануари 1989(1989-01-07) (35 г.) Гера, Источна Германија | ||||||||||||||
Висина | 1,80 м[1] | ||||||||||||||
Маса | 77 кг[1] | ||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||
Мом. клуб | Тим ДСМ-Фирмених | ||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||
Вид на возач | специјалист за класици спринтер | ||||||||||||||
Аматерски клубови | |||||||||||||||
2008–2010 | Тирингер Енерги Тим | ||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||
2011 2012–2016 2017-2019 2020–2021 2022- | ХТЦ-Хајроад Проект 1т4и Трек-Сегафредо Лото-Судал Тим ДСМ | ||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||
| |||||||||||||||
| |||||||||||||||
Последна промена 20 декември 2022 |
Затвори
Негови најголеми победи во кариерата се Милано-Санремо 2015 и Париз-Рубе 2015, два од петте велосипедски монументи. Има освоено етапи на сите три големи трки, десет етапи и бодовниот пласман на Вуелта а Еспања, една етапа на Џиро д’Италија и една етапа на Тур де Франс.
Во 2010 година ја освоил неговата прва етапна трка, Трка околу Тирингија и завршил втор на трката под 23 години на Светското друмско првенство. Дегенколб победил на Гент-Вевелгем 2014, на Ватенфал Класик 2013 и бил краен победник на Европската турнеја на UCI 2012.[3][4]