Гера
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гера (германски: Gera), третиот најголем град во германската покраина Тирингија (по Ерфурт, главниот град на Тирингија и Јена), се наоѓа во источниот дел на Тирингија на реката Вајсе Елстер, околу 60 километри јужно од градот Лајпциг и 80 километри источно од Ерфурт. Има околу 99.000 жители.
Гера | |
Поглед на Гера | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Урбан округ |
Градоначалник | Виола Хан |
Основни податоци | |
Површина | 152 км2 |
Надм. височина | 205 м |
Население | 93.634 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 616 жит/км2 |
Основано | 995 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | G |
Пошт. бр. | 07545–07557 |
Повик. бр. | 0365, 0336695 |
Портал | www.gera.de |
Местоположба на градот Гера во рамките на Тирингија | |
Координати | 50°52′50″N 12°05′0″E |
Гера се наоѓа на височина помеѓу 180 метри (нивото на реката Вајсе Елстер) и 354 метри (измерено на Гера-Фалка на неговата најјугоисточна точка). Обично височината во градот се движи околу 205 метри.
Најголемата градска шума од сите градови во Тирингија, наречена Градската шума на Гера (Geraer Stadtwald), се наоѓа на западниот крај на градот. Друго шумско подрачје се граничи со градот на северозапад. Шумата Цајц во Саксонија-Анхалт се наоѓа североисточно од градот.
Местото именувано Гера првично се однесувало на областа околу речната долина на Елстер, каде сега се наоѓа градот. Името најверојатно потекнува пред европскиот миграциски период – Словените први ја населиле областа во текот на 8 век кога е прифатено името. Првото документарно споменување на Гера потекнува од 995.
Во 999, императорот Отон Трети ја назначил „провинцијата“ Гера на Опатијата Кведлинбург. Потоа, црквата назначила владетел на оваа областа во 1209 на фогт-от од Вајда (германски: Vögte von Weida) кои ја опслужувале областа преку администратори. Населбата Гера ги добила правата на град подоцна во 13 век. Отпрвин градот растел бавно. Во 1450 бил скоро целосно уништен во текот на Саксонската братска војна. По повеќето премини на сопственоста во следните векови, Гера на крајот станала дел од кнежевствата Ројс.
Во 1806, Наполеон го поставил царското седиште во Гера во текот на Војната на Четвртата коалиција. Од тука, на 12 октомври 1806, францускиот император испратил арогантно и заканувачко писмо до крајот Фридрих Вилхелм Трети - писмо кое директно довело до војна и до големиот пораз на Прусија во Битката кај Јена неколку дена подоцна.[2]
Од 1848 до 1918 Гера претставувал главен град на кнежевството Ројс-млада линија. Со индустриската револуција во средината на 19 век, Гера доживеал голем пораст со неговата текстилна индустрија. Многуте градски вили изградени во оваа ера сè уште сведочат за поранешното богатство на градот. Дворецот Шуленбург дизајниран од белгискиот уметник Анри ван де Велде е прекрасен пример. Градот станал железнички центар со многуте воведени железнички линии - подигнувајќи ја неговата важност.
Во 1920, градот станал дел од новосоздадената покраина Тирингија.
Воздушните напади уништиле некои делови на градот во 1945.
Градот станал дел на новосоздадениот округ Гера (Bezirk Gera) во 1952 во рамките на Германската Демократска Република (Источна Германија). По повторното обединување на Германија во 1990, Гера станал дел од обновената покраина Тирингија - еден од трите метрополитенски центри (Oberzentren) заедно со Јена и Ерфурт.
Градот има 40 различни единици, распоредени помеѓу 12 општински окрузи.[3]
Знаменитости во Гера се:
Музеи во Гера:
Во 2007, Гера заедно со Ронебург, бил место на сојузниот хортикултурен натпревар (Bundesgartenschau).
Во источниот дел на Гера се наоѓа аеродромот Гера-Лојмниц. Најблискиот аеродром е Лајпциг-Алтенбург (околу 40 километри). Аеродромот Лајпциг-Хале, со неговите бројни меѓународни одредишта, е околу 90 километри северно од Гера.
Постои систем на јавен превоз организиран преку трамвајски и автобуски линии, раководен од GVB (Geraer Verkehrsbetrieb).
Гера е збратимен со:
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.