Remove ads
административна единица на Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
Окрузите во Германија се познати под името Landkreise, освен во покраините Северна Рајна-Вестфалија и Шлезвиг-Холштајн, каде што тие се познати како Кreise (еднина: Landkreis и Кreis).
Германија |
Оваа статија е дел од темата: |
|
Устав
Извршна
Законодавна
Судска
Поделба
Избори
Надворешна политика
|
|
Окрузите се средно ниво на администрација помеѓу покраините (германските држави) и заедниците или општинските влади (општини). Тие не треба да се поистоветуваат со поголемиот административен округ (Regierungsbezirk). Тие одговараат на третото ниво на административни единици на Номенклатурата на територијални единици за статистика (НУТС 3).
Насловот на германски: „Reichskreis“ (кралски округ) бил доделен на група држави во Светото Римско Царство.
Поголемиот дел од окрузите се рурални окрузи[1] (Landkreise), вкупно на број 295. Градовите со повеќе од 100.000 жители (и помалите градови во некои покраини), обично не припаѓаат на некој округ, туку преземаат одговорност самите за себе, слично на концептот на независни градови. Овие се познати како урбани окрузи или безокружни градови (Kreisfreie Städte/Stadtkreise) — градовите кои претставуваат округ на свој начин - и тие во моментов (2011) се 107, со што вкупниот број на окрузи е 402.
Во Северна Рајна-Вестфалија, постојат некои градови со повеќе од 100.000 жители, кои не се урбани окрузи, на пример Реклингхаузен, Зиген, Падерборн, Бершки Гладбах, Нојс и Мерс. Сепак, овие градови (освен градот Мерс), преземаат многу окружни одговорности на себе, иако припаѓаат на еден округ. Мерс е најголем град во Германија (и во моментов единствениот со повеќе од 100.000 жители), кој не е ниту еден урбан округ, ниту презема окружни одговорности.
Исто така, постојат три т.н. Kommunalverbände besonderer Art, соединување на еден округ и на округ-слободен град: Покрај Regionalverband Saarbrücken (1974–2007: Stadtverband Saarbrücken), постои и Region Hannover уште од 2001 и Städteregion Aachen од 2009.
Окрузите се одговорни за следниве работи:
Сите овие задачи се спроведуваат од страна на локалните (општинските) органи, кои функционираат заедно. Урбаните окрузи ги имаат и оние одговорности на општините.
Окружниот совет, Kreistag, е законодавно тело на округот и е одговорен за локалната самоуправа. Парламентот се избира директно на секои пет години, освен во Баварија, каде што се избира на секои шест години.
Извршната власт е функционер познат како Landrat или Landrätin, кој го администрира округот. Во делови на северна Германија, ова е исто така и името на окружната администрација, додека во јужна Германија е позната како Kreisverwaltung.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.