From Wikipedia, the free encyclopedia
Е3 Харелбеке 2012 било 55. издание на еднодневната велосипедска трка Е3 Харелбеке.[1] Била одржана на 23 март на растојание од 203 километри и била шеста трка од сезоната 2012 на светската турнеја. Е3 Харелбеке првпат била одржана како настан на светската турнеја,[2] откако претходно била одржувана како трка од прва екстра категорија во Европска турнеја на UCI.[3] Како дел од напредувањето во Светската турнеја, трката морала да биде префрлена во петок, наместо како што се одржувала во сабота; потегот бил со цел да им даде простор на возачите пред следниот настан од Светската турнеја, Гент-Вевелгем.[4]
Светска турнеја на UCI 2012, трка 6 од 28 | |||
Рута на Е3 Харелбеке 2012 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Date | 23 март | ||
Растојание | 203 км | ||
Време | 4ч 51' 59" (25.920 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Том Бонен (Белгија) | (Омега Парма-Квик Степ) | |
Втор | Оскар Фреир (Шпанија) | (Катјуша) | |
Трет | Бернхард Ајзел (Австрија) | (Тим Скај) | |
Во масовната спринтерска завршница, трка била освоена од возачот на Омега Парма-Квик Степ Том Бонен,[5] кој со ова, станал најуспешниот возач во историјата на трката; негова петта победа – по претходно освоените четири победи во периодот помеѓу 2004 и 2007 – во Харелбеке го презел рекордот со четири победи, кој го делел со блискиот белгискиот возач Рик ван Лој.[6] Бонен завршил пред возачите на Катјуша Оскар Фреир и на Тим Скај Бернхард Ајзел, кој го комплетирал подиумот.[7]
Бидејќи Е3 Харелбеке бил настан од Светската турнеја на UCI, сите 18 UCI ProTeam екипи биле автоматски повикани и се обврзани да испратат екипа. Седум други екипи биле повикани дополнително на трката,[8] и така се создала групата од 25 екипи.
Екипите кои се натпреварувале во трката се:[9]
|
|
Возач | Екипа | Време | |
---|---|---|---|
1 | Том Бонен (БЕЛ) | Омега Парма-Квик Степ | 4ч 51' 59" |
2 | Оскар Фреир (ШПА) | Катјуша | и.в. |
3 | Бернхард Ајзел (АВТ) | Тим Скај | и.в. |
4 | Леонардо Дуке (КОЛ) | Кофидис | и.в. |
5 | Сеп Ванмарке (БЕЛ) | Гармин-Баракуда | и.в. |
6 | Џон Дегенколб (ГЕР) | Проект 1т4и | и.в. |
7 | Матје Ладању (ФРА) | ФДЖ-БигМет | и.в. |
8 | Александр Пишо (ФРА) | Тим Јуропкар | и.в. |
9 | Алесандро Балан (ИТА) | Аксент.џобс-Вилемс Веранда | и.в. |
10 | Себастјен Тиржо (ФРА) | Тим Јуропкар | и.в. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.