белгиски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Грег ван Авермат (холандски: Greg Van Avermaet; р. 17 мај 1985 ) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата АГ2Р Ситроен Тим.[3] Сметан за еден од најсестраните возачи во современиот велосипедизам,[4] Ван Авермат е специјалист за класичните велосипедски трки, но исто така освоил етапи и генерален пласман на етапните трки, особено кога вози на ридест терен, како што се Тирено-Адријатико 2016[5] и Тур де Јоркшир 2018. Неговиот силен спринт му овозможува да победува од мали водечки групи, но исто така освоил трки по соло-бегства.[6]
Ван Авермат по Париз-Рубе 2022 | |||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Грег ван Авермат | ||||||||||||||
Прекар | |||||||||||||||
Роден | 17 мај 1985 Локерен, Белгија | ||||||||||||||
Висина | 1,81 м | ||||||||||||||
Маса | 74 кг | ||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||
Мом. клуб | АГ2Р Ситроен Тим | ||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||
Вид на возач | специјалист за класици | ||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||
2006 2007–2010 2011–2020 2021- | Бодисол-Вин фор Лајф-Јонг Вландерен Предиктор-Лото Верандас Вилемс-Аксент АГ2Р Ситроен Тим | ||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||
| |||||||||||||||
| |||||||||||||||
Последна промена 11 ноември 2022 |
Ја освоил друмската трка на Летните олимписки игри 2016[7][8] и освоил други еднодневни трки, како што се Париз-Рубе, Гент-Вевелгем и Е3 Харелбеке во 2017 година, ГП Монтреал 2016 и Тирено-Адријатико 2016, Омлоп Хет Ниусблад во 2016 и 2017. На големите трки, Ван Авермат има освоено две поединечни етапни победи на Тур де Франс и ја носел жолтата маичка единаесет дена во текот на изданијата 2016 и 2018 и го освоил бодовниот пласман на Вуелта а Еспања, со една етапна победа во 2008 година. Ван Авермат бил исто така победник на Светската турнеја 2017.
За сезоната 2021, Ван Авермет се приклучил на АГ2Р Ситроен Тим со тригодишен договор.[9]
Семејството на Ван Авермат било семејство на велосипедисти, неговиот татко и дедо биле професионални велосипедисти.[10] Бил именуван по американскиот велосипедист Грег Лемонд бидејќи неговиот такот „бил обожавател“.[11] Започнал со велосипедизам на 19 години, претходно играјќи фудбал како голман за ФК Беверен.[12] Во 2006 година, на негови 21 година, станал белгиски аматерски првак, возејќи за екипата Бодисол-Вин фор Лајф-Јонг Вландерен.
Во 2007 година го потпишал својот прв професионален договор со екипата Предиктор-Лото и освоил четири трки во првата година.[13] На Трката околу Катар, негова прва професионална трка за новата екипа, ја освоил петтата етапа во спринт во групата на бегството, по што следеле бројни блиски завршници на помали трки. Неговите резултати му го донеле учеството на Трката околу Фландрија и Париз-Рубе - негов најдобар резултат било 29. место на Париз-Рубе. Неколку месеци подоцна освоил етапа на Тур де Валони, како и престижната еднодневна Трка околу Хајнлајте во Германија и Меморијал Рик ван Стенберген во Белгија.[14][15] Го имал својот прв настап на Светското првенство во Штутгарт, каде завршил на 63. место во друмската трка.
Пробивот на Ван Авермат бил во 2008 година. Завршил трет на Е3 Харелбеке откако бил во бегство и осми на неговиот втор настап на Трката околу Фландрија.[16][17] Во мај освоил етапа на Трката околу Белгија, но ја загубил водечката маичка следниот ден од Стајн Дефолдер и завршил втор во генералниот пласман. Подоцна, бил четврти на националното друмско првенство.
На лето освоил етапи на Тур де Валони и Тур де л’Ен, како и седмо место на ГП Западна Франција во Плуе, пред да го има својот прв настап на некоја голема трка, Вуелта а Еспања. Имал забележливо деби, со победа на деветтата етапа на трката, кога ги претекнал останатите членови на бегството, пред Давиде Ребелин.[18] По неколку други завршници во првите десет, исто така го освоил завршниот бодовен пласман пред Алберто Контадор и Алехандро Валверде.[19] Една недела подоцна, завршил на 17. место на Светското друмско првенство. На крајот на 2008 година ја добил наградата „Фландриец на годината“ од белгиските новинари.
Сезоната 2009 се покажала тешка година, со само една победа, Хеистсе Пејл и неколку завршници на подиумот. Го имал својот прв настап на Тур де Франс со четврто и седмо место на подоцнежните етапи како најдобри резултати. Завршил на Тур де Франс на 89. место.
Во 2010 година немал победа и не бил вклучен во составот за Тур де Франс. Завршил на 49. место на неговото второ учество на Вуелта а Еспања, пред да учествува на Светското првенство во Австралија. Завршил петти на друмската трка, во спринт освоен од Тор Хушовд.[20] На крајот на сезоната изјавил дека ја напушта екипата Омега Парма-Лото.
Во 2011 година се приклучил на екипата Верандас Вилемс-Аксент. По започнувањето на сезоната на Трката околу Катар, започнал забележлива кампања на пролетните класици, на кои бил еден од најнапаѓачките возачи. Деветто место на Милано-Санремо и седмо на Лиеж-Бастон-Лиеж биле негови најдобри резултати. По пролетните класици, завршил втор на Трката околу Белгија.
Летото ги освоил првите победи за неговата нова екипа. Освоил етапа и бодовниот пласман на Трката околу Австрија[21] и го освоил генералниот пласман и завршната етапа на Тур де Валони.[22] Настапил на Енеко Тур и Вуелта а Еспања на кои завршил помеѓу првите 20. Во октомври го освоил својот прв класик, победувајќи го Марко Маркато во меѓусебен спринт на Париз-Тур 2011.[23] Ја завршил сезоната со второ место на Тур де Пиемонте и дванаесетто место на Џиро ди Ломбардија.
Пролетта во 2012 година, Ван Авермат станал фаворит на класиците со неколку силни настапи. Рано во сезоната бил петти на обете трки, Омлоп хет Ниувсблад и Страде Бјанке,[24][25] пред да се насочи на калдрмисаните класици. Завршил четврти на Трката околу Фландрија, каде го освоил спринтот во завршницата, 40 секунди зад водечкото бегство.[26]
На лето, повторно го пропуштил Тур де Франс и бил многу блиску до освојување на трката од Светската турнеја Гран при Квебек. Започнал силен напад на стрмното искачување Кот де ла Монтањ, на околу 4 километри пред крајот, но бил следен од Сајмон Геранс (Орика-ГринЕЏ). Двоецот направил доволна предност пред групата и учествувал во спринт, каде Геранс се покажал подобар.[27] Повторно бил втор пет дена подоцна на Гран при де Валони, пред да настапи на Светското друмско првенство во Холандија. Завршил на 25. место, откако одиграл улога на поддршка за колегата Филип Жилбер, кој освоил светска титула.[28] Ја завршил сезоната со осми места на Џиро дел Пиемонте и Париз-Тур.[29]
Во 2013 година, Ван Авермат завршил помеѓу првите десет на неколку пролетни класици. Завршил петти на Омлоп Хет Ниувсблад, шести на Страде Бјанке, трет на Гент-Вевелгем, седми на Трката околу Фландрија, четврти на Париз-Рубе и шести на Брабантсе Пејл, но повторно не успеал да освои една трка.
Подоцна во годината, имал силна летна сезона, започнувајќи со две етапни победи и крајна победа на Тур де Валони,[30][31] како и победа на првата етапа на Трката околу Јута и неколку завршници помеѓу првите пет на САД Про Сајклинг Челинџ.[32] На ГП Западна Франција бил достигнат од главната група на 300 метри од целта по доцното бегство. На трките во Канада, завршил трет на Гран при де Квебек и четврти на Гран при де Монтреал.[33][34] Назад во Европа, завршил на 23. место на друмската трка на Светското првенство во Фиренца и на 19. место на Џиро ди Ломбардија.[35] На крајот на 2013 година, со четири победи, по вторпат ја освоил наградата „Фландриец на годината“.[36]
Во 2014 година, Ван Авермат започнал уште една силна пролетна сезона, но повторно не успеал да освои еден класик. Завршил втор на Омлоп Хет Ниувсблад и на Трка околу Фландрија, губејќи ги двете трки во спринт.[37][38] На лето, учествувал на Тур де Франс и му помогнал на неговиот предводник Тиџеј ван Гардерен да го заземе петтото место во генералниот пласман.[39]
Подоцна во сезоната, Ван Авермат го освоил осмото место на Класика де Сан Себастијан и петтото на Енеко Тур, како и една етапна победа. Завршил петти на Гран при де Квебек — негова трета последователна завршница меѓу првите пет во Квебек — и седми на Гран при де Монтреал.[40] Во септември, Ван Авермат ја заработил престижната победа на ГП де Валони. Бил дел од бегство на четворица возачи кои се одвоиле на 20 километри пред целта и групата им била зад петици, но Ван Авермат нападнал во последните кривини за да ја помине целта прв за втора победа во сезоната.[41] Неколку дена подоцна победил на ГП Импанис-Ван Петегем, што му го донело водството во белгиската репрезентација на Светското првенство во Понферада, Шпанија.[42] Бил во водечкото бегство на друмската трка, но и покрај помошта од колегата од БМЦ и сонародникот Филип Жилбер, не можел да го спречи крајниот напад на Михал Квјатковски и завршил петти.[43] Ја завршил сезоната со 39. место на Париз-Тур.[44]
Подоцна, во текот на октомври, било објавено дека Ван Авермат ја освоил наградата Фландриец на годината, втора сезона по ред, трета вкупно.[45]
Во 2015 година, Ван Авермат традиционално ја започнал сезоната на арапските трки, Трка околу Катар и Трка околу Оман, каде завршил трет на две етапи. По уште една завршница меѓу првите десет на Омлоп Хет Ниувсблад, завршил втор на Страде Бјанке зад Здењек Штибар.[46] Ја освоил првата победа во сезоната на третата етапа на Тирено-Адријатико со освојување на спринт, победувајќи ги Петер Саган и Здењек Штибар.[47] На калдрмисаните класици, имал тежок пад на Е3 Харелбеке, скоро загрозувајќи ги априлските класици.[48] Во април се искачил на третото скалило на подиумот на Трката околу Фландрија откако го отфрлил Петер Саган додека ја бркал победничката двојка напред.[49] Недела подоцна имал престижен пласман на подиумот на Париз-Рубе, завршувајќи трет по нападот во последните километри.[50] И покрај тоа што бил под истрага за допинг во тоа време (видете подолу), Ван Авермат учествувал на Амстел Голд Рејс и завршил на петтото место,[51] иако бил под истрага за допинг во тоа време.
Во мај, како дел од подготовките за Тур де Франс, Ван Авермат ја освоил завршната етапа и генералниот пласман на Трката околу Белгија.[52] Учествувал на Тур де Свис, завршувајќи шести на прологот и трет на четвртата етапа.[53] Ван Авермат бил избран да вози на Тур де Франс 2015 и му помогнал на Ванти-Груп Гобер да го освоил екипниот хронометар на деветтата етапа. На 17 јули 2015 година, Ван Авермат ја освоил својата прва поединечна етапа на Тур на тринаесеттата етапа. Го претекнал носителот на зелената маичка Петер Саган и сонародникот Јан Бакелантс на завршница на нагорнина.[54] Се повлекол од трката три дена подоцна за да биде на раѓањето на неговата прва ќерка.[55]
На помалку од две недели подоцна, на 1 август 2015 година, Ван Авермат нападнал на последното искачување на Класика де Сан Себастијан за водство на трката пред Адам Јејтс (Орика-ГринЕЏ), но кон врвот бил удрен од одзади од еден од моторите кои обезбедувале телевизиски пренос на трката. Бил фрлен на подот и рамот на неговиот велосипед се скршил; Ван Авермат не можел да ја заврши трката.[56] По несреќата тврдел дека падот го чинело победа, а неговата екипа се заканила со тужба поради „милиони долари изгубени во публицитет“.[57] Неколку дена подоцна настапил на Енеко Тур и завршил втор, една минута зад победникот Тим Веленс.[58]
Како подготовка за Светското друмско првенство, завршил петти на Ватенфал Класик во Хамбург и настапил на канадските трки.[59] Сметан за фаворит на Светското друмско првенство, нападнал на последното искачување на трката, но бил претекнат од Петер Саган и за малку не успеал да остане на тркалото на Словакот. Неговите обиди за достигнување на Саган потфрлиле бидејќи членот од бегството Едвалд Боасон Хаген не му било дозволено да работи во потерата и обајцата биле достигнати од главната група во завршниот километар.[60][61] Ван Авермат завршил на 23. место.[62] Негова последна трка во сезоната била Париз-Тур, каде бил во победничкото тричлено бегство и фаворит за победа во спринтот, кога му се дупнала гумата на еден километар од целта и завршил на разочарувачкото трето.[63] На крајот на годината, Ван Авермат ги добил наградите „Кристален велосипед“ и „Фландриец на годината“ како најдобар белгиски велосипедист на годината,[64][65] а бил втор на изборот за белгиски спортист на годината зад фудбалерот Кевин де Брујне.[66]
Во 2016 година ја започнал сезоната силно, со бројни завршниците помеѓу првите петорица на Трката околу Катар и Трката околу Оман.[67] На крајот од февруари ја освоил Омлоп Хет Ниувсблад, откако го победил Петер Саган во петочлениот спринт во Гент.[68][69] Завршил шести на Страде Бјанке,[70] пред да настапи на Тирено-Адријатико, каде бил во победничката екипа на воведниот екипен хронометар.[71] По откажувањето на кралската етапа на Тирено, ја освоил шестата етапа во спринт со Петер Саган,[72] при што на завршниот хронометар во Сан Бенедето дел Тронто влегол како предводник. Успешно го одбранил своето водство и го освоил Тирено-Адријатико со една секунда пред Саган; негова прва победа на етапна трка од Светската турнеја.[5] По Тирено бил петти на Милано-Санремо.[73][74]
По враќањето од повредата во мај, настапил на Трката околу Калифорнија и Критериум ди Дофине, пред да заврши трет на националното друмско првенство зад Филип Жилбер и Тим Веленс. Во јули настапил на Тур де Франс: ја освоил петтата етапа, негова втора етапна победа на Тур де Франс, по долго бегство и откако ги поминал завршните 17 километри сам.[75] Исто така, ја носел жолтата маичка три дена[6] и завршил на 44. место.[76] Шест дена по Тур де Франс завршил петти на Класика де Сан Себастијан во Шпанија.[77]
На 6 август 2016 година, Ван Авермат ја освоил друмската трка на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро.[8] Првично се приклучил на шестчленото бегство на првиот од трите круга на Виста Чинеза и успеал да одржи контакт со неколку специјалисти за искачување на следните искачувања. Ван Авермат бил поминат од Винченцо Нибали, Серхио Енао и Рафал Мајка на завршното искачување, но откако Нибали и Енао паднале на завршниот спуст, Ван Авермат заедно со Јакоб Фуглсанг го достигнале Мајка кон целта.[78][79] Ван Авермат го освоил спринтот меѓу тројцата на плажата Копакабана, освојувајќи го златниот олимписки медал.[80][81]
Подоцна во сезоната завршил втор на Гран при де Квебек зад Петер Саган, но го освоил Гран при де Монтреал пред Саган,[82] завршувајќи четврт на Енеко Тур,[83] како и на Бинше-Шиме-Бинше.[84] Ја завршил сезоната со 10. место на Светското друмско првенство во Катар.[85]
Откако имал фрактура на зглобот во зимата,[86] Ван Авермат ја започнал својата сезона во февруари на Волта а ла Комунитат Валенсијана,[87] на која екипата БМЦ го освоила воведниот екипен хронометар.[88] Подоцна во февруари возел на Трката околу Оман, пред да настапи на воведната недела на белгиски трки. Вторпат по ред ја освоил Омлоп Хет Ниусблад, повторно победувајќи го Петер Саган во тричлен спринт во Гент;[89] и завршил седми на Курне-Брисел-Курне следниот ден.[90]
Како обично, продолжил со пролетниот дел од сезоната на италијанските трки Страде Бјанке, на која завршил втор зад Михал Квјатковски;[91] Тирено-Адријатико, на која неговата екипа БМЦ го освоиле екипниот хронометар и бил во водство на трката еден ден;[92] и завршил на 21. место на Милано-Санремо.[93] На 24 март 2017 година, Ван Авермат победил на Е3 Харелбеке во тричлен спринт, пред Белгијците Филип Жилбер и Оливер Несен.[94] Два дена подоцна, продолжил со победничката треска со победа на Гент-Вевелгем во спринт на двајца против Јенс Кекелејре.[95] Двоецот се одвоил од избрана група на возачи кон Вевелгем.[96][97] Ван Авермат станал втор возач кој ги освоил Омлоп Хет Ниусблад, Е3 Харелбек и Гент-Вевелгем во иста сезона, по Јан Рас во 1981 година и го преземал водството на Светската турнеја.[98]
Чекајќи ја својата прва победа на некој монумент, бил фаворит за Трката околу Фландрија, но паднал на завршното искачување на Ауде Кваремонт заедно со Петер Саган, кога го следеле Филип Жилбер. Запрен во оваа потера, завршил втор зад неговиот поранешен колега Жилбер.[99] На 9 април 2017 година, Ван Авермат ја освоил Париз-Рубе, со што стигнал до својата прва победа на монумент во кариерата.[100] По механички дефект на 100 километри од целта и 22-километарска потера да се врати во групата, го направил одлучувачкиот потег на 30 километри пред целта. Се одвоил со петмина други на секторот со калдрма Темплев во потера на неговиот колега Даниел Ос. По секторот Карфур де л’Арбр, само Здењек Штибар и Себастијан Лангевелд биле со него, и Ван Авермат ги претекнал за победа на велодромот во Рубе. Просечната брзина на Ван Авермат била 45,204 км била најбрза во историјата на Париз-Рубе, рушејќи го претходниот рекорд поставен од Петер Пост во 1964 година.[101][заб. 1] Трката била исто така прва победа на монумент за Интермарше-Сиркус-Ванти.[102] Ја завршил својата пролетна кампања со 12. место на Амстел Голд Рејс и 11. место на Лиеж-Бастон-Лиеж.[103][104]
Спремајќи се за Тур де Франс, освоил две етапи и генералниот пласман на Трката околу Луксембург,[105] по што следело 48. место на Тур де Свис. Не успеал да освоил етапа на Тур де Франс и второто место на етапата 14 му бил најдобар етапен резултат.[106] По Тур де Франс завршил осми на Класика де Сан Себастијан, четврти на БинкБенк Тур и десетти на Класик Бретања.[107] Во септември завршил втор на Гран при Квебек, седми на Гран при Монтреал и шести на светското друмско првенство во Берген, Норвешка.[108] Ја завршил годината како број еден во Светскиот пласман и Светската турнеја, место кое го држел од април 2017 година.[109]
Како светски број еден, Ван Авермат ја започнал сезоната 2018 со 20. место на Трката околу Валенсија и со 16. место на Трката околу Оман, на која ја освоил третата етапа во групен спринт.[110] Продолжил со 50. место на Омлоп Хет Ниусблад,[111] 34. на Страде Бјанке,[112] 20. на Тирено-Адријатико,[113] и 17. на Милано-Санремо.[114] На калдрмисаните класици во Белгија и Франција, Ван Авермат бил на чело на секоја трка, но не успеал да победи, завршувајќи трет на Е3 Харелбеке,[115] 14. на Гент-Вевелгем,[116] и осми на Дварс дор Вландерен.[117] На Трката околу Фландрија забрзал на Тајенберг, на 38 километри од целта, но не успеал да се одвои и завршил петти.[118] Една недела подоцна завршил четврти на Париз-Рубе, откако не успеал неговиот потег на секторот Оши ле Орки по противнападот на крајниот победник Петер Саган на 54 километри од Рубе.[119]
Во мај ја освоил Тур де Јоркшир по напад на завршната етапа до Лидс.[120] Го освоил воведниот екипен хронометар со БМЦ на Тур де Свис во јуни, пред да настапи на Тур де Франс. Ван Авермат ја презел жолтата маичка на третиот ден на Тур откако БМЦ го освоил екипниот хронометар.[121] Завршил втор, во жолтата маичка, на деветтата етапа до Рубе, која вклучувала калдрма во должина од 21,7 километри. Ван Авермат бил поразен од Џон Дегенколб во трочлениот спринт откако се одвоиле на 17 километри пред целта.[122] Успеал да ја задржи маичката уште еден ден откако се нашол во бегство и завршил четврти на првата планинска етапа до Ле Гран Борнан.[123] Ја носел жолтата маичка осум дена и завршил 28. во генералниот пласман.[124]
Во август, Ван Авермат завршил четврти на Класика де Сан Себастијан,[125] 25. на Европското друмско првенство во Глазгов и шести на БинкБенк Тур.[126] Подоцна во сезоната го осигурал второто место на ГП Квебек и третото на ГП Монтреал, на двапати зад победникот Мајкл Метјус.[127] Ја завршил сезоната на Светското друмско првенство во Инсбрук, Австрија. Го освоил бронзениот медал со БМЦ на екипниот хронометар и завршил на 50. место на друмската трка.[128]
Во 2019 година, БМЦ го променил спонзорот по смртта на сопственикот на екипата, Енди Рис. Полскиот дистрибутер на чевли ССС станал нов спонзор, оставајќи го Ван Авермат како предводник на екипата.[129] Ја започнал сезоната со етапна победа и 21. место во генералниот пласман на Волта а ла Комунитат Валенсијана и 17. место на Трката околу Оман, но не успеал да обезбеди победа на класиците.[130] Завршил втор на Омлопт Хет Ниусблад зад Здењек Штибар, шести на Страде Бјанке, трет на Е3 Харелбеке и разочарувачко десетто на Трката околу Фландрија.[131] На 15 септември 2019 година, Ван Авермат го освоил ГП Монтреал вторпат во неговата кариера.[132]
Во април 2015 година, Кралската белгиска велосипедистичка лига побарала двегодишна забрана за Ван Авермат, дисквалификација на неговите резултати во текот на сезоната 2012 и казна од 262.500 евра по истрагата за сомнителни антидопинг обвинувања. Било објавено во белгиските медиуми дека нивните обвинувања биле насочени на употребата на кортикоид дифрофос и ваминолакт, забранета храна за бебиња.[133][134] На 7 мај 2015 година било објавено дека Авермат бил прогласен за невин за сите обвинувања.[135]
Распоред на резултатите на големите трки | |||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Голема трка | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 | |
Џиро | не настапил во текот на кариерата | ||||||||||||||||
Тур | — | — | 89 | — | — | — | — | 38 | СО | 44 | 58 | 28 | 36 | 50 | 97 | — | |
Вуелта | — | 66 | — | 49 | 83 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | |
Распоред на резултатите на поважните етапни трки | |||||||||||||||||
Трка | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 | |
Париз-Ница | — | — | — | — | — | — | — | 41 | — | — | — | — | — | — | — | — | |
Тирено-Адријатико | — | — | 59 | 12 | 29 | СО | 49 | — | 48 | 1 | 36 | 20 | 16 | — | 34 | 57 | |
Волта а Каталуња | не настапил во текот на кариерата | ||||||||||||||||
Трка околу Баскија | |||||||||||||||||
Тур де Романди | |||||||||||||||||
Критериум ди Дофине | — | — | — | — | — | — | — | 45 | — | 76 | — | — | — | — | 81 | 93 | |
Тур де Свис | — | 54 | 82 | 43 | 60 | СО | 121 | — | 33 | — | 48 | 29 | 48 | НСО | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала
Монумент | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Милано-Санремо | — | 53 | 13 | 47 | 9 | 69 | 36 | 25 | 19 | 5 | 21 | 17 | 42 | 8 | 13 | 35 |
Трка околу Фландрија | СО | 8 | 35 | 39 | 22 | 4 | 7 | 2 | 3 | СО | 2 | 5 | 10 | — | 3 | 15 |
Париз-Рубе | 29 | 27 | 38 | 27 | — | — | 4 | 17 | 3 | — | 1 | 4 | 12 | НСО | 32 | 17 |
Лиеж-Бастоњ-Лиеж | — | — | — | — | 7 | 73 | 63 | — | — | — | 11 | — | 52 | СО | 40 | — |
Џиро ди Ломбардија | — | — | — | 16 | 12 | 17 | 19 | — | — | СО | — | — | — | — | — | — |
Класик | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
Омлоп Хет Ниусблад | 84 | — | 4 | 108 | 30 | 5 | 5 | 2 | 6 | 1 | 1 | 50 | 2 | 13 | 33 | 3 |
Курне-Брисел-Курне | — | — | — | СО | 81 | 101 | — | 24 | 69 | 74 | 7 | 56 | — | 26 | 8 | 51 |
Страде Бјанке | — | — | — | 13 | 9 | 5 | 6 | — | 2 | 6 | 2 | 34 | 6 | 8 | 19 | 41 |
Е3 Харелбеке | 89 | 3 | 28 | 26 | — | 26 | 24 | 10 | 88 | — | 1 | 3 | 3 | НСО | 6 | 42 |
Гент-Вевелгем | — | 170 | — | — | 13 | 27 | 3 | 28 | 36 | 9 | 1 | 14 | 20 | — | 12 | 17 |
Дварс дор Вландерен | — | 74 | — | 11 | 22 | — | — | — | — | 32 | — | 8 | — | НСО | 7 | 16 |
Схелдепрејс | 102 | — | — | — | — | — | — | 89 | — | — | — | — | — | — | — | — |
Брабантсе Пејл | — | — | — | 8 | 15 | 5 | 6 | — | — | — | — | — | — | — | 12 | — |
Амстел Голд Рејс | — | 84 | — | — | 24 | 36 | 16 | 40 | 5 | — | 12 | 14 | 14 | НСО | 26 | 24 |
Флеш Валон | — | — | — | — | 15 | 40 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
Класика де Сан Себастијан | — | — | — | 11 | 3 | 13 | 18 | 8 | СО | 5 | 8 | 4 | 2 | НСО | — | — |
Јуроајс Класик | 8 | 79 | 65 | — | — | 38 | — | 61 | 5 | — | 30 | — | — | НСО | — | |
Класик Бретања | — | 7 | — | 24 | — | 37 | 71 | 76 | 73 | 46 | 10 | — | 10 | — | — | — |
Гран при Квебек | трката не постоела | — | — | 2 | 3 | 5 | 10 | 2 | 2 | 2 | 3 | НСО | 13 | |||
Гран при Монтреал | — | — | 14 | 4 | 7 | 37 | 1 | 7 | 3 | 1 | 16 | |||||
Париз-Тур | 48 | 132 | 14 | 16 | 1 | 6 | 48 | 39 | 3 | 77 | — | — | — | — | 41 | — |
СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала
2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Олимписки игри | не се одржала | — | не се одржала | 92 | не се одржала | 1 | не се одржала | СО | не се одржала | |||||||
Светски првенства | 63 | 17 | 44 | 5 | 175 | 25 | 23 | 5 | 23 | 10 | 6 | 50 | 8 | 21 | — | — |
Национални првенства | 30 | 4 | 4 | 4 | 27 | 27 | 7 | 9 | 3 | 3 | 62 | 14 | 18 | 31 | 29 | 40 |
СО = се откажал; — = не учествувал
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.