From Wikipedia, the free encyclopedia
Љубов — појава во меѓусебните односи меѓу луѓето, кој не е целосно определуван и кој се опишува со здружување и меѓусебно помагање на две или повеќе лица. Најчесто се вели дека „љубовта не може да се определува“, но некои особини кај појавите кои луѓето ги назначуваат како љубов се еднакви или многу слични, па од нив би можело да се извлече некое појасно определување.
Психологија Портал • Историја |
ПОДРАЧЈА |
Абнормална |
ЛИСТИ |
Публикации |
Околу љубовта има многу различни мислења (посебно бидејќи таа е лична, па секој човек си има свое сопствено определување). Од „здравото мнозинство“ љубовта се определува како крајно блиска врска меѓу машко (маж/момче) и женско (жена/девојка), но од тие кои не припаѓаат на ова мнозинство (како нпр. хомосексуалци) доаѓаат и други определувања. Една од нив е дека „љубовта е најголемата врска меѓу две или повеќе човечки суштества, без разлика на нивниот пол, вера, народност и раса.
За едно лице може да се каже дека му се допаѓа некој предмет, принцип или цел доколку тие го ценат многу и се длабоко посветени на тоа. Слично на тоа, доброволната ,,љубовˮ на теренските и волонтерските работници којашто го надминала сожалувањето не мора секогаш да се роди од меѓучовечка љубов, туку и од безлична љубов заедно со алтруизам и силни духовни и политички убедувања. Луѓето можат исто така да ,,сакаатˮ материјални предмети, животни, или активности доколку тие се навлекуваат самите себеси во зближување или пак во соживување со тие работи. Ако постои и сексуална страст, оваа состојба се нарекува парафилија.
Меѓучовечката љубов се однесува на љубовта меѓу луѓето. Таа е многу посилно чувство за разлика од едноставната склоност кон другиот. Невозвратена љубов е онаа каде што љубовни чувства постојат само од едната страна. Меѓучовечката љубов најтесно се поврзува со меѓучовечките односи. Таквата љубов може да постои меѓу членови на семејството, пријатели и двојки. Исто така, постојат голем број на психолошки нарушувања поврзани со љубов, пример за тоа е еротоманијата. Во текот на историјата, филозофијата и религијата имаат најмногу размислувања за феноменот на љубовта. Во минатиот век, психологијата како наука има пишувано многу на оваа тема. Во последниве години психологијата, антропологијата, неврологијата и биологијата придонеле во разбирањето на природата и функцијата на љубовта.
Психологијата ја отсликува љубовта како когнитивен и општествен феномен. Психологот Роберт Стернберг ја создаде Триаголната теорија на љубовта и тврдеше дека љубовта се состои од три различни компоненти и тоа: интимност, посветеност и страст. Интимноста е форма на љубовта каде што две лица имаат доверба еден во друг и споделуваат разни детали од својот приватен живот. Интимноста најчесто се манифестира во пријателски и романтични љубовни врски. Од друга страна пак, посветеноста е надеж дека врската е трајна. Последната и најчеста форма на љубов е сексуалната привлечност и страст. Двете, страсната љубов и романтичната љубов се прикажани во занесеност. На сите облици на љубов се гледа како на различни комбинации од овие три компоненти. Нељубовта не вклучува ниту еден од овие компоненти. Допаѓањето вклучува само интимност. Заслепеноста вклучува само страст. Празната љубов вклучува само посветеност. Романтичната љубов ги вклучува и интимноста и страста. Пријателската љубов вклучува интимност и посветеност. Несериозната љубов вклучува страст и посветеност. И на крај, совршената љубов ги вклучува сите три. Американскиот психолог Зик Рубин се обидел да ја дефинира љубовта со помош на психометрика, во 70-тите години од XX век. Во неговото дело, тој тврди дека љубовта ја сочинуваат три фактори, и тоа: приврзаност, грижа и интимност.
По развојот на настаните во електромагнетните теории како што е Кулоновиот закон којшто покажа дека позитивните и негативните полнежи се привлекуваат, аналогиите во човечкиот живот се развија, како што се ,,спротивностите се привлекуваатˮ. Во текот на минатиот век, истражувањето на природата на човечкото размножување, генерално покажа дека ова не е вистина кога станува збор за карактерот и личноста. Луѓето се стремат кон тоа да сакаат луѓе коишто се слични на нив. Сепак, во неколку необични и специфични области, како што е имунолошкиот систем, се чини дека луѓето претпочитаат другите да се различни од нив, бидејќи така на крајот ќе се роди бебе коешто го има најдоброто од двете страни. Во последниве години, се развиле различни теории за човечкото врзување, опишани во услови на приврзаност, врски, обврски и склоности. Некои западни стручњаци ваквото врзување го поделија на две главни компоненти, алтруистичка (несебична) и нарцисоидна. Ова гледиште е претставено во делата на Скот Пек, чијашто работа во областа на применетата психологија била истражување на дефинициите за љубовта и злото. Пек тврди дека љубовта е комбинација од ,,грижата за духовниот раст на другиотˮ, и едноставен нарцизам. Во комбинација, љубовта не е само чувство туку и активност.
Според Зигмунд Фројд, во основата, љубовта е сексуален феномен, зашто полната љубов му обезбедува на човекот најпотполно задоволување и му претставува образец на секоја среќа. Оттука, човекот треба да ја бара животната среќа во областа на полните односи и гениталната еротика да ја постави во центарот на животот. Според Фројд, дури и братската љубов е резултат на сексуалната желба во која сексуалниот инсинкт е трансформиран во нагон со „инхибирана цел“. Од друга страна, чувството на соединување и единство со саканата личност Фројд го толкув како патолошки феномен и како враќање кон состојбата на раниот „неограничен нарцизам“. Оттука, според Фројд, љубовта е ирационален феномен, т.е. заљубеноста секогаш се граничи со абнормалното, таа е проследена со слепило за реалноста и претставува пренесување на објектот на љубовта од детството. Според Ерих Фром, Фројдовите идеи за љубовта како сексуално задоволување е реакција на конзервативните идеи од викторијанскиот период, одраз на дарвинистичките идеи за капитализмот како систем кој одговара на природата на човекот и резултат на грубиот материјализам од 19 век, кој тврдел дека суштината на сите духовни феномени може да се најде во физиолошките процеси.[1]
Според Фројд, љубовта нема само една, туку дури три спротивности: љубов - омраза, да се сака - да се биде сакан и љубов (омраза) - рамнодушност. Втората спротивност целосно соодветствува на трансформацијата на активното во пасивното, а нејзините корени потекнуваат од првобитната состојба, а тоа е „сакањето себеси“. Во зависност од тоа дали подоцна се заменува субјектот или објектот на љубовта, како резултат се јавува активната цел на сакањето или пасивната цел да се биде сакан. На самиот почеток од психичкиот живот, егото ги негува нагоните со кои може да се задоволи себеси (автоеротско задоволување). Тогаш, егото нема интерес за надворешниот свет кон кого е рамнодушно. Ако љубовта ја дефинираме како однос на егото кон изворите на задоволството, состојбата во која егото се сака само себеси и е рамнодушно кон светот, ја претставува првата спротивност во која се јавува љубовта. На почетокот од психичкиот живот, надворешниот свет, објектот и она што се мрази се едно исто. Дури ако надворешниот објект претставува извор на задоволство на егото, тогаш се јавува љубовта, меѓутоа објектот се инкорпорира во егото, така што за прочистеното задоволство-его објектот и она што се мрази повторно стануваат едно те исто. На тој начин, спротивноста љубов - омраза само ја одразува спортивноста задоволство - незадоволство. Ако објектот е извор на задоволство, тогаш се јавува моторен импулс кој објектот го спојува со егото; тогаш зборуваме за привлечност на објектот кој дава задоволство, односно велиме дека „го сакаме“. Обратно, ако објектот е извор на незадоволство, тогаш се јавува импулс за негово оддалечување од егото и тогаш чувствуваме одбивност кон објектот, односно го мразиме. На тој начин, поимот „љубов“ се поместува во областа на чистиот однос на егото кон објектот на задоволството за најпосле да се прикачи на сексуалните објекти во потесната смисла на зборот, како и на објектите кои ги задоволуваат потиснатите сексуални нагони. Според тоа, љубовта произлегува од капацитетот на егото за самоеротско задоволување на некој од неговите нагонски импулси со помош на органското задоволство. На почетокот, љубовта е нарцисистичка, а потоа се проширува на објектите вклучени во поширокот его, изразувајќи ги моторните импулси на егото кон објектите како извори на задоволството. Уште подоцна, љубовта се сексуалниет нагони, а кога е готова нивната синтеза, таа кореспондира со сексуалната желба. Во почетните фази на психичкиот развој, љубовта е поврзана со целта на вклучување (инкорпорирање), кога љубовта е компатибилна со стремежот да се стави крај на постоењето на објектот како посебен ентитет, цел која може да се означи како амбивалентна. Во повисоките фази на прегениталната садистичко-анална организација, желбата за објектот се манифестира како стремеж да се надвладее, независно дали тоа предизвикува штета или уништување на објектот. Од гледна точка на постапувањето со објектот, оваа форма и прелиминарната фаза на љубовта тешко можат да се одделат од омразата. Дури подоцна, по воспоставувањето на гениталната организација, љубовта станува спротивна на омразата.[2]
Наспроти Фројд, американскиот психоаналитичар Хари Саливан прави строга поделба меѓу сексуалноста и љубовта. Според него, под љубов, т.е. интимност се подразбира таквата ситуација меѓу двајца луѓе која дозволува вреднување на сите компоненти на личната вредност. Вреднувањето на личната вредност, пак, бара определени односи кои тој ги нарекува „соработка“, а која ја дефинира како јасно формулирано приспособување на нечие однесување кон изразените потреби на другата личност во стремеж за сè поблиско заемно задоволување и извршување активности кои носат сигурност. Значи, според Саливан, љубовта е еден вид соработка („тимска работа“ меѓу двајца луѓе заради остварување на заедничките интереси, т.е. во потрагата по заедничка цел.[3]
Ерих Фром, во неговата книга „Вештината на љубовта“ тврди дека во современото западно општество е присутна дезинтеграција на љубовта при што сите видови љубов (братската, мајчината и еротската) се релативно ретка појава, а наместо љубовта се присутни разни патолошки облици на псевдољубов. Според Фром, љубовта меѓу двајца луѓе е можна само ако тие комуницираат од центарот на својата егзистенција и ако секој од нив се доживува себеси како центар на своето постоење. Единствено во тоа „централно искуство“ се наоѓа основата на љубовта. Фром ја гледа љубовта како решение на проблемот на човековата егзистенција, зашто таа овозможува целосно спојување со саканата личност, но притоа човекот целосно ја задржува индивидуалноста. Исто така, љубовта е пред сè давање, а не примање, зашто во неа човекот го дава најскапото нешто – дел од својот живот. Освен во елементот на давањето, активниот карактер на љубовта се состои во тоа што таа вклучува: грижа, одговорност, почитување и знаење. Во суштината, љубовта не е однос кон некоја конкретна личност, туку таа е став и ориентација на карактерот кон светот како целина, а не само кон еден „објект“ на љубовта. Според Фром, љубовта љубовта не е само чувство, туку исто така и вештина која може да се научи и треба да се совлада, а тоа е можно преку практикување на љубовта. Во тој поглед, љубовта е лично искуство кое секој човек мора да го доживее со помош на себеси и за себеси. Примената на љубовната вештина бара дисциплина, концентрација, трпение, а совладувањето на оваа вештина мора да ни биде од најголема важност. Притоа, основниот услов за да се достигне љубовта е надминувањето на сопствениот нарцизам, а тоа пак бара скромност, обејктивност и ум. Исто така, ослободувањето од нарцизмот бара рационална вера, а тоа значи цврстина во нашите убедувања и чувства[4]
Научниците се обидоа со помош на еволутивната психологија објаснат зошто љубовта е средство за преживување. Затоа за овој продолжен временски период љубовта се смета како начин на докажување на родителската поддршка кон децата. Друг фактор можат да бидат сексуално преносливите болести, коишто можат да предизвикаат, меѓу другото, трајно намалена плодност, повредата на фетусот, како и зголемување компликации за време на породувањето.
Грчкиот јазик дава неколку различни значења при користењето на зборот ,,љубовˮ. На пример, во старогрчкиот јазик постојат филија, ерос, агапе, сторге, и ксенија. Сепак од историска гледна точка, тешко е да се одделат сосема значењата на овие зборови во грчкиот јазик (како и во многу други јазици). Во исто време, во старогрчкиот текст на Библијата има примери на глаголот agapo каде што има истото значење со phileo.
Агапе (ἀγάπη) на денешен грчки јазик значи љубов. Грчкиот глагол s'agapo значи те сакам. Еквивалент на зборот agapo е глаголот сакам. Тоа обично се однесува на „чиста“ идеална љубов, а не на физичка привлечност којашто имплицира ерос. Сепак постојат примери каде што агапе го има истото значење со ерос. Исто така, агапе се преведува и со „душевна љубов“.
Ерос (ἔρως) (според грчкиот бог Ерос) е страствена љубов, проследена со телесна желба и копнеж. Грчкиот збор erota значи „заљубен“. Платон преку своето поимање на еросот, го облагородува неговото значење. Иако еросот, првично се чувствува за личност, со подлабоко согледување еросот преминува во љубов кон убавината којашто се наоѓа внатре во таа личност, или дури преминува во љубов кон самата убавина. Еросот и помага на душата да се потсети на познавањето на убавината и придонесува за разбирање на духовната вистина. Еросот им служи на љубовниците и филозофите како инспирација во потрагата по вистината. Во некои преводи овој вид на љубов може да се сретне како „телесна љубовˮ.
Филија (φιλία), непристрасна и чесна љубов, концепт насловен и развиен од Аристотел. Овој вид на љубов вклучува верност кон пријателите, семејството и заедницата, и бара доблест, еднаквост и блискост. Филија е мотивирана од практични причини, едната или двете страни имаат корист од врската. Честопати се преведува и како „умствена љубов“.
Сторге (στοργή) е природна наклонетост, како онаа што родителите ја чувствуваат за потомството.
Ксенија (ξενία), гостопримството било важна навика во Стара Грција. Тоа е пријателство коешто се раѓа помеѓу домаќинот и неговиот гостин, кој претходно можел да биде и странец, речиси се претворало во ритуал. Домаќинот го хранел и му обезбедувал преноќишта на гостинот од кој се очекувало само благодарност. Важноста на овој вид на љубов може да се забележи низ старогрчката митологија, особено во Хомеровите „Илијада“ и „Одисеја“.
Кај Старите Грци, љубовта не била само страст, туку за неа била развиена научна доктрина. Така, Хесиод сметал дека љубовта е најстарото божество, душа и творец на светот,[5] а Ксенофонт сметал дека љубовта е работа на слободната волја, зашто кога убавината би имала суверена сила, таа би била убава за секого. Според него, љубовта зависи од волјата, зашто едни се вљубуваат во една убавина, а други се рамнодушни кон неа; исто така, братот не се вљубува во сестрата, ниту таткото во ќерката, зашто тие не скаат да го направат тоа.[6]
Латинскиот јазик има неколку различни глаголи што одговараат на англискиот збор ,,љубовˮ. ''Amō'' е основниот глагол, со значење ,,to loveˮ и инфинитивот amare (сака), како што е сѐ уште во денешниот италијански јазик. Римјаните ги користеле и двата збора во смисла на благонаклонетост како и во романтична и сексуална смисла. Од овој глагол произлегуваат именките amans – љубовник, amator – professional lover, честопати со додавање на поимот разврат и amica- girlfriend (девојка), на англиски јазик, често се употребува и еуфемистички со значење на проститутка. Соодветната именка е amor (значењето на овој термин за Римјаните е добро илустрирано со фактот дека името на градот, Рим, на латински: Roma може да се гледа како анаграм за amor, кој бил искористен како тајно име на градот во пошироките кругови во античките времиња), кое исто така се користи во множина за да се означат љубовните врски или сексуалните авантури. Од овој ист корен произлегува amicus- friend (пријател) и amicitia- friendship (пријателство), (често се заснова на заемна корист и понекогаш соодветствува повеќе на indebtedness ( задолженост) или influence (влијание)). Цицерон напишал трактат насловен како ,,Пријателствоˮ (de Amicitia), каде што го дискутира поимот до одредена точка. Овидиј напишал водич за состанување со име „Ars Amatoria“ (уметноста на љубовта), во којшто длабоко навлегува со објаснување за се, од вонбрачните афери до родители коишто се настроени заштитнички претерано.
Во латинскиот јазик понекогаш се користи amāre, како еквивалент на англиското like (сака). На овој поим (like), во латинскиот јазик општо земено повеќе му одговараат placere или delectāre коишто се користат во секојдневниот говор, а вториот поим се среќава во љубовната поезија на Катул. Чести еквиваленти на diligere се ,, to be affectionate forˮ и ,,to esteemˮ и речиси никогаш не се користи за искажување на романтична љубов. Овој поим би бил соодветен за опишување на пријателство помеѓу двајца мажи. Сепак соодветната именка diligentia го има истото значење со diligence- трудољубивост или со carefulness- грижливост и има мало семантичко преклопување со глаголот. Observare е синоним на diligere, а покрај сродноста со англискиот поим, овој глагол со својата соодветна именка observantia честопати значат esteem – почит или affection- љубов. Поимот caritas се користи во латински преводи на христијанската Библија а значи charitable love- несебична љубов, сепак ова значење не постои во класичната паганска римска литература. Бидејќи произлегува од спојување со грчки збор не постои соодветен глагол.
Латинските автори, како Лукрециј и Јувенал, најчесто зборувале за љубовта како физичко задоволство. Така, во својот еп, Лукрециј вели дека љубовта е задоволство кое се плаќа скапо, зашто поради неа ги губиме парите, времето, силата и самољубието. Против таа несреќа, Лукрециј препорачува да се бега од жените. Наспрти него, Проперциј повеќе сакал да им робува на жените отколку да биде слободен меѓу мажите, а љубовта ја сметал за најголемо богатство. Сепак, тој советувал дека мажот треба да се брани од каприците на својата љубовница; да не ѝ се зборува од висина, но ниту да се молчи пред неа; да не се прави непријатно лице кога ѝ служиме.[7]
Според христијанското учење, љубовта доаѓа од Господ. Љубовта помеѓу мажот и жената од грчки јазик- ерос и несебичната љубов спрема другите- агапе, често се во контраст, првата е ,,нагорнаˮ а втората ,,надолнаˮ но во суштина се исти.
Постојат неколку грчки зборови за љубов коишто често се користат во христијанството:
''Агапе''- во Новиот завет агапе е добротворна, несебична, алтруистичка, и безусловна. Таков вид на љубов е родителската љубов на којашто се гледа како на правење добрина низ светот. Тоа е начинот преку кој се гледа дека Бог го сака човештвото, и на оваа љубов се гледа како на вид на љубов која што христијаните се стремат да ја имаат еден за друг.
''Филија''- исто така се среќава во Новиот завет. Филија е всушност човечкиот одговор на нешто што е прекрасно. Исто така е позната и како братска љубов.
Во грчкиот јазик се познати уште два други збора за љубов и тоа ерос (сексуална љубов) и сторге (љубовта што децата ја чувствуваат спрема родителите) , коишто никогаш не се употребени во Новиот завет.
Христијаните веруваат дека двете најважни работи во животот (според Исус, најголемата заповед на еврејската Тора, Евангелието на Марко 12 глава, стихови 28-34) се да го љубиш Бог со целото твое срце, ум и сила и да го сакаш ближниот како себеси.
Свети Августин го сумираше сето ова кога напиша ,, Love God, and do as thou wilt. ˮ- Љуби го Бога и дејствувај по твоја волја. Апостол Павле ја величаше љубовта како најважна доблест од сите. Во првата песна од Прво послание до Коринќаните, тој напишал: ,,Љубовта е трпелива, љубовта е нежна. Таа не завидува, не се фали и не се гордее. Таа не е груба, таа не е себична, таа не се разгневува лесно, таа не е злопамтило. Љубовта не ужива во злото но се радува на вистината. Таа секогаш заштитува, секогаш верува, секогаш се надева и секогаш истрајува.ˮ (1 Кор. 13:4-7, стих).
Апостол Јован напишал: - ,,Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој кој верува во Него да не загине, туку да има вечен живот. Зашто Бог не Го испрати Својот Син да му суди на светот, туку да го спаси светот преку Него. "(Јован 3:16-17, стих). Јован исто така напиша: ,, Возљубени да се љубиме еден со друг зошто љубовта е од Бога и секој кој љуби, од Бога е роден и Го познава Бога. А кој не љуби не Го познава Бога, зошто Бог е љубов.ˮ (1 Јован 4:7-8, стих)
Свети Августин вели дека поединецот мора да биде способен да ја дешифрира разликата помеѓу љубовта и страста. Страста, според свети Августин, е претерување, но да сакаш и да бидеш сакан тоа е она што тој го бара за целиот свој живот. Тој дури вели: ,, Јас бев заљубен во љубовта.ˮ Конечно тој се заљубил и љубовта му била возвратена, од Бога. Свети Августин вели дека единствениот којшто може да те сака навистина и целосно е Бог, бидејќи љубовта меѓу луѓето, само остава простор за стравови како што се љубомората, сомнежот, стравот, лутината и расправијата. Според Свети Августин, да го љубиш Бога е ,,да го постигнеш твојот мирˮ. (Исповедите на свети Августин) Христијанските теолози на Бога гледаат како на извор на љубов која се огледува во луѓето и нивните сопствени љубовни врски. Влијателниот христијански теолог [[К.С. Луис напишал книга ,,The Four Lovesˮ. Папата Бенедикт XIV го напишал своето Прво послание со наслов „Бог е љубов“. Тој рече дека човечко суштество, создадено според образот Божји, Бог којшто е љубов, е способно да љуби, со предавањето на самиот тој на Бог и на другите (агапе) и со примањето и искусувањето на Божјата љубов во страста (ерос). Според него, овој живот со љубов, е живот на светците како што се Тереза од Калкута и Пресвета Богородица и дека тоа е насоката по којашто се движат христијаните кои веруваат дека Бог ги сака. Во христијанството, конкретната дефиниција за љубовта најдобро е прикажана од свети Тома Аквински којшто ја дефинира љубовта како ,, да му посакаш добро на другиотˮ или да посакаш другиот да успее. Ова е објаснувањето на христијанската потреба, да се љубат другите, вклучувајќи ги и нивните непријатели. Христијанската љубов е мотивирана од потребата да се видат другите како успеваат во животот, да станат добри луѓе, објаснува Тома Аквински.
Често, љубовта се јавува како тема во уметноста и во популарната култура. Во тој поглед можат да се наведат бројни примери на книжевни и музички дела посветени на љубовта.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.