Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Марвин Геј (роден на 2 април 1939 , починат на 1 април 1984 ), роден како Марвин Пенц Геј Џуниор, бил американски пејач-текстописец и музичар. Геј помогнал во создавањето на Мотаун Рекордс во 1960-тите со низа хитови вклучувајќи ги: „How Sweet It Is (To Be Loved By You)“ и „I Heard It Through the Grapevine“ и песните испеани во дует со Мери Велс и Тами Терел, а дури подоцна ги доби титулите „Принцот на Мотаун“ и „Принцот на Соул“. За време на седумдесеттите години, Марвин ги сними концептуалните албуми What's Going On и Let's Get It On и со тоа стана еден од првите пејачи во Мотаун да се отцепи од уздите на неговата продуцентска куќа. Подоцнежните песни на Марвин влијаеја на повеќе РНБ поджанрови како што се „quiet storm“ и нео-соул. По периодот на даночен егзил во Европа во осумдесеттите, Геј го издаде хитот „Sexual Healing“ со кој зема и Греми награда во 1982 година, како и албумот наречен „The Midnight Love“. По неговата смрт во 1984 година, на Геј му направија посмртна чест во многу институции вклучувајќи ги и Греми наградата за животно дело и Куќата на Славните на Рокенролот.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Марвин Геј | |
---|---|
Животописни податоци | |
Родено име | Марвин Пенц Геј Џуниор |
Роден(а) | 2 април 1939 Вашингтон, САД |
Починал(а) | 1 април 1984 44) Лос Анџелес, Калифорнија, САД | (возр.
Жанрови | РнБ, соул, фанк |
Занимања | Пејач-текстописец |
Инструменти | Вокал, пијано, клавијатура, тапани, перкусии, синтисајзер |
Период на активност | 1961–1984 |
Издавачи | Тамла/Тамла-Мотаун, Колумбија |
Соработници | Харви Фука Мери Велс Ким Вестон Тами Терел Дајана Рос |
Геј е роден во Вашингтон; татко му бил Марвин Геј, Синиор кој бил поп и мајка му била Алберта Геј која била домаќинка. Најпрво Геј пораснал во куќа која се наоѓа на улица “First Street SW бр. 1617, само на неколку блока од реката Анакостиа. Соседството на улицата “First Street„ беше наречена “Едноставен град„ поради тоа што било “пола-град, пола-држава„. Кога Геј бил тинејџер, неговото семејство се преселило во делот на Динвуд во североисточниот дел на Вашингтон. Геј имал пет браќа и сестри, меѓу кои сестрите Џин и Зиола и браќата Мајкл Купер, Френки Геј и Антвон Геј. Мајкл Купер било дете од претходната врска на неговата мајка, додека пак Антвон е роден од една од вонбрачните врски на неговиот татко.
Геј почнал да пее во црква кога имал четири години и бил придружуван од неговиот татко на пијано. Додека растеле, семејството Геј било дел од Пентекосталната црковна секта позната како “Куќата на Господ„. “Куќата на Господ„ ги семала учењата од Еврејскиот Пентекостализмот, којшто се залагал за строго однесување и почитување и на Стариот и на Новиот завет. Геј покажал њубов за пеење уште од своите рани години и бил охрабруван да проследи професионална музичка кариера откако настапил во една училиштна претстава. Домашниот живот на Геј се содржел од брутални мавања од неговиот татко, којшто го мавал за било што. Кога бил мал, Марвин го опишал живеењето со неговиот татко “како да живееш со крал, многу чуден, променлив, суров и семоќен крал„. Тој подоцна изјавил дека ако мајка му не го охрабрувала да пее, најверојатно ќе се самоубиел. Подоцна, неговата сестра објаснила дека Марвин бил често тепан од своите седум години па сè до тинејџерските години.
Марвин одел во средното училиште “Cardozo High School„ и се приклучил во повеќе ду-вуп вокални групи, вклучувајќи ги Диперс и Ди Си Тоунс. Врската на Марвин со неговиот татко се влошила во неговите тинејџерски години кога татко му го бркал од куќата за нешто што тој го сметал како лошо однесување. Во една караница во којашто му се спротивставивал на татко му, младиот Марвин си отишол засекогаш од куќата и се отпижал од училиште. Следејќи го својот сон да биде пилот, 17 годишниот Марвин се запишал во Американското воено воздухопловство како “Basic Airman„. Разочаран што требало да врши многу прости и обични работи, се преправал де е ментално болен и бил отпуштен кратко потоа. Наредникот на Геј изјавил дека Марвин одбил да ги следи наредбите.
Откако се врати во Вашингтон, Марвин и неговиот најдобар пријател Риз Палмер, формирале вокален квартет – “the Marquees„. Кратко по настапите во околината на Вашингтон, бендот почнал да работи со музичарот Бо Дидли, којшто ги потпиша во продуцентската куќа “Колумбија„, подружница на куќата “Оке Рекордс„, откако не успеал да го потпише бендот во неговата продуцентска куќа “Чес„. “The Marquees„ издадоа два синглови со продуцентската куќа Оке, вклучувајќи го и "Wyatt Earp" којшто не успеа да се пласира на топ-листите. Во овој ран период, Марвин започна да компонира песни и да ја пишува својата прва песна “Barbara „.Геј на кратко работел и како мијач на садови, работа којашто ја сметал како омаловажувачка. Харви Фука, соосновачот на “The Moonglows„ ги потпиша “the Marquees„ како негови работници. Под наредба на Фука, групата го смени името во “Harvey and the Moonglows„, преместувајќи ги во Чикаго. Бендот сними повеќе песни за “Чес„ во 1959 г. вклучувајќи ја и песната "Mama Loochie" којашто беше првата песна на која Марвин беше водачки вокал. Бендот најде работа како студиски пејачи за пејачите на “Чес„ како што се Чак Бери, пеејќи на хитовите на Бери "Back in the U.S.A." и "Almost Grown". Откако се распадна бендот во 1960 г., Марвин се пресели со Фука во Детроит каде што Фука започна да работи со текстописецот Гвен Горди, работејќи за продуцентската куќа на Горди – Анна Рекордс. Дејвид Рафин подоцна изјавува во едно интервју дека Геј работел со Анна Рекордс и како чистач и како некој што складира работи. За време на божиќните празници во 1960 г., Марвин настапи во куќата на директорот на Мотаун, Бери Горди. Импресиониран од пејачот, тој побарал дел од договорот на Фука со Геј. Фука се согласил да продаде дел од својата камата од неговиот договор со Геј, давајќи му 50% од каматата на Горди. Кратко потоа, Геј потпиша со подружницата на Мотаун, Тамла Рекордс.
Марвин на почеток се помири со студиска работа во неговите рани Мотаун години, свирејќи на тапани за првите снимања на Тамла Рекордс за “The Marvelettes„, “The Miracles„ и “Little Stevie Wonder„. Тој исто така свирел и на тапани кога снимале “The Spinners„, коишто всушност снимале за продуцентската куќа на Фука Три-Фај. На почеток, Марвин сакал да следи кариера како изведувач на џез и стандард музика, и немал никаква желба да стане РНБ изведуваач. Инспириран од Пери Комо и Френк Синатра, Геј кажал дека не би сакал да се впушти во “тресењето задници„ на сцена и дека попрво би седел на столче и би пеел тивко. Според Дејвид Риц, Марвин бил зафркаван за неговото презиме. Некои луѓе со потсмев прашувале, “Дали Марвин е Геј?„. Па така Марвин и Мотаун додале едно “е„ (Gaye) на неговото презиме пред да го издадат неговиот прв сингл и албум. Ова го направиле за да ги стишат озборувањата за неговата сексуална ориентација и уште толку да го дистанцираат од неговиот татко и имењак. По ова, Геј го издал неговиот прв албум “The Soulful Moods of Marvin Gayе„ во јуни 1961 г. Албумот не успеал да се пласира на топ-листите, како ни неговиот прв сингл "Let Your Conscience Be Your Guide".
По овие неуспеси, Геј го поминал остатокот од 1961 г. со плата од 5 американски долари (или 38 американски долари во 2013 г.) за тоа што чукал на тапани за “the Miracles„ и за блуз пејачот “Jimmy Reed„.
Во 1962 г. Геј помогнал во пишувањето на хитот на “the Marvelettes„ - "Beechwood 4-5789". Истата таа година, во септември, првиот хит наречен "Stubborn Kind of Fellow" на Марвин што успеа да се пласира на топ-листите се искачи во топ-десет на топ-листата РНБ хит. Првиот негов топ-40 хит дојде на крајот на таа година - "Hitch Hike". Овие рани хитови беа проследени од "Pride and Joy", "Can I Get a Witness" и "You Are a Wonderful One". Во 1964 г., Геј започна да снима дуети со Мери Велс, издавајќи го албумот “Together„ којшто успеа да се пласира на топ-листите и на којшто се наоѓа хит баладата "Once Upon a Time". Истата година, Геј придонесе и како заден вокал, тапани и компонирање за песната на Martha and the Vandellas "Dancing in the Street". Успехот на Геј се прошири следната година со топ-десет сингловите "How Sweet It Is (To Be Loved By You)", "I'll Be Doggone" и "Ain't That Peculiar". Последните два синглови станаа неговите први РНБ синглови број 1. Подоцна во 1966 г., Геј имаше уште еден хит дует со Ким Вестон, на песнта "It Takes Two".
Во 1967 г., Геј започна да работи со пејачката Тами Терел. Хитовите на дуетот ги вклучуваа: "Ain't No Mountain High Enough", "Ain't Nothing Like the Real Thing" и "You're All I Need to Get By" а повеќето од овие хитови беа компонирани од Ешфорд и Симпсон. Во октомври таагодина, Терел колабораше во раците на Геј за време на заеднички настап во Фармвил, Вирџинија. Терел беше веднаш пренесена во болницата “Farmville's Southside Community Hospital„ каде што докторите открија дека има злоќуден тумор во нејзиниот мозок.
Ракот и ја прекина кариерата на Терел како изведувач во живо, но таа сепак продолжи да снима музика под внимателен надзор. Болеста на Терел подоцна ја доведе до повеќе операции за отстранување на туморот. Наводно, Геј бил уништен од болеста на Терел и станал разочаран од студискиот музички бизнис. Во октомври 1968 г., песната "I Heard It Through the Grapevine" на Марвин беше издадена и стана првата песна на Геј што успеа да се искачи на првото место на топ-листата Билборд Хот 100, а исто така го достигна врвот и на топ-листите во други држави, со продадени над милион копии. Сепак, Геј се чувствувал како да “не го заслужува„ тој успех и дека “се чувствувал како да бил играчка – играчка на Бери, играчка на Анна...„. Геј го продолжи својот успех со песни како што се "Too Busy Thinking About My Baby" и "That's the Way Love Is", коишто се пласираа во топ-десет на топ-листата Билборд Хот 100 во 1969 г. Таа година, неговиот албум “M.P.G.„ стана неговиот прв РНБ албум на место број еден. Геј продуцираше и ко-напиша два хита за “The Originals„: "Baby I'm For Real" и "The Bells".
На 16 март 1970 г., Тами Терел подлегна на рак на мозокот. Геј липаше на нејзиниот погреб. По ова, Геј се повлече на подолго време од музичката кариера. По периодот на депресија, Геј бараше работа во професионалниот фудбалски тим, Детроит (Лавовите на Детроит), каде што подоцна се спријатели со Мел Фар и Лем Барни. На крајот се одлучи дека нема да му дозволам на Геј да проба да работи таму заради можни повреди коишто би му ја уништиле музичката кариера.
На 10 јуни 1970 г., Геј се врати во Хитсвил САД (првото седиште на Мотаун) каде што ја сними својата нова песна "What's Going On", инспирирана од една идеја на Реналдо “Оби„ Бенсон од групата “Four Tops„ откако бил сведок на еден чин на полициска бртулност на еден анти-воен протест во Беркли. Подоцна, Геј му ја пуштил завршената песна на Бери Гордон, и тој забранил да се издаде врз основа на неговите верувања дека песната била “многу политичка„ за на радио за во тоа време. На тоа Геј одговори со штајк од студиото сè додека Мотаун не ја издаде песната. Конечно беше издадена во јануари 1971 година и за брзо време се искачи на место број 1 на РнБ топ-листата и таму остана пет недели, исто така се искачи и на второто место на Билборд поп топ-листата како и на топ-листата Светски Рекорд. Исто така беше и број еден на Кешбокс поп топ-листата, и имаше продадено над два милиона копии.
Охрабрен од успехот, Геј помина десет дена на снимањето на албумот “What’s Going On„ откако Горди му даде ултиматум да го заврши албумот до крајот на март истата година. Иако темата на албумот пак до доведе Горди да го советува Геј за можно оштетување на неговите најверни обожаватели, Мотаун го издаде албумот во мај истата година откако Геј направи ремикс на албумот во Холивуд. Албумот стана првиот албум на Геј со милионска продажба на којшто имаше и два топ-десет синглови: "Mercy Mercy Me (The Ecology)" и "Inner City Blues". Албумот стана еден од првите автономни дела Мотаун, без помошта на вработените продуценти на Мотаун. Неговите теми и континуиран проток го донесоа концептуалниот формат на албумот за ритам и блуз. Подоцна албумот беше поздравен како “најважниот и најстраствениор албум што излегов од соул музиката, предаден од стана на еден од најдобрите гласови„. Геј доби повеќе музички награди во индустријата по успехот на албумот, како што е наградата на Билборд “Трендсетер на годината„, додека пак списанието “Rolling Stone„ го нарече “Албум на годината„. Тој доби и неколку “NAACP Image Awards„ награди вклучувајќи ја и наградата за Продуцент на годината како и онаа за Машки вокал на годината, додека пак албумот ја доби наградата за Албум на годината. Песната "What's Going On" беше номинарана за две Греми награди вклучувајќи ја и наградата за Најдобра машка РнБ вокална изведба. По неколку настапи, еден во Кенеди центарот во неговиот роден Вашингтон, и еден за непрофитна организација која има за цел да стави крај на страдањата од градската сиромаштија, Геј потпиша нов договор со Мотаун вреден 1 милион долари (5,488,465 амер. долари во 2013 г.), и со тоа станувајќи црн пејач со најпрофитабилен договор на тоа време. Геј најпрво одговори на овој нов договор со саундтракот и последователната паритура “Trouble Man„, издаден на крајот на 1972 г.
Следната година, Геј го издаде албумот наречен “Let's Get It On„. Истонаречената песна стана вториот број еден хит на Билборд поп топ-листата. Албумот остана на топ-листите две години и беа продадени над три милиони примероци. Подоцна албумот беше поздравен како “албум исклучителен во неговата вистинска сензуалност и телесна енергија„. Други синглови од албумот беа "Come Get to This", којшто потсеќаше на раниот соул звук на Геј од Мотаун од претходната декада, додека укажувачкиот сингл "You Sure Love to Ball" достигна скромен успех но не беше промовиран од страна на Мотаун поради неговата сексуално експлицитна природа. И покрај ветувањето што го даде по смртта на Тами Терел дека нема да одржува турнеи, Геј се согласи на првата турнеја во четири години, која започна во Колосеумот “Oakland-Alameda County Coliseum„ на 4 јануари 1974 г. Подоцна концертот беше сниман за албумот во живо “Marvin Gaye Live!„ Силната реакција на верзијата во живо на песната "Distant Lover", песна од албумот Let's Get It On, предизвика Мотаун да направи ремикс на песната и да го издаде како сингл во 1974 г. за да ја задржи побарувачката на песните на Марвин.Со последниот дует “Diana & Marvin„ со Дајана Рос Марвин освои интернационален успех.
Турнејата му помогна на Геј во подобрувањето на неговата репутација како изведувач во живо. Едно време, тој заработувал и по 10,000 американски долари (46,552 амер. долари во 2013 г.) од вечер за настап. Геј продолжи со турнејата и во 1975 г. откако го виде успехот постигнат со веќе продадените карти за концертите. Обновениот договор со Мотаун таа година му овозможи да си издради свое студио за снимање по негови мерки. Во октомври 1975 г. Геј настапи на добротворниот концерт на УНЕСКО во Њујорк во “Radio City Music Hall„ за поддршка на африканската писменост, што резултираше да биде пофален во Обединетите нации од страна на тогашниот амбасадор на Гана Ширли Темпл Блек и Курт Валдхејм. Следниот албулм на Геј “I Want You„ беше издаден во 1976 г., а истоимената песна стана број еден РнБ хит. Тоа лето, Геј тргна на неговата прва Европска турнеја по десет години, почнувајќи во Англија, каде што го смими концерот во лондонскиот театар “London Palladium„ што придонесе за објавувањето во 1977 г. на “Live at the London Palladium„. Единствената студиска песна на албумот "Got to Give It Up", стана хит број еден. Live at the London Palladium продаде над два милиони примероци во 1977 г.
Во декември 1978 г. Геј ја објави песната Here, My Dear, инспирирана од неуспехот на неговиот брак со Ана Горди. Снимена со намера Геј да даде дел од своите авторски права на Ана за да прима алиментација, падна на топ-листите. Во тој период, Геј стана серизно зависен од кокаин а имаше и повеќе финансиски проблеми со Службата за внатрешни приходи (IRS). Поради овие проблеми тој се пресели во Мауи каде што се мачеше да сними диско албум. Во 1980 г. Геј замина на европска турнеја. Кога заврши турнејата, пејачот се пресели во Лондон каде што можеше да биде затвор бидејќи ги немал платено даноците, кои имаа достигнато над 4,5 милиони долари (12,538,570 амер. долари во 2013 г.).
Геј тогаш ја преработи песната Love Man од неговиот оригинален диско концепт за друг личен албум повикувајќи се на религијата и на можниот крај на времето од едно поглавје во книгата на Откровението. Нарекувајќи го албумот In Our Lifetime?, Геј обезбеди работа на албумот во 1980 г. во студија во Лондон како што се студијата Air and Odyssey Studios.
Во есента истата година, една снимка со грубо снимени песни бепе украдена од еден од музичарите на Геј коишто патуваа со него, Френк Блер, којшто ја однел снимката во Мотаун што се наоѓаше во Холивуд. Мотаун направи ремикс на албумот и го издаде на 15 јануари 1981 г. Кога Геј дозна за објавувањето на албумот, тој го обвини Мотаун за уредување и ремикс на албумот без негова согласнот, а со тоа и дозволувајќи да се издаде едно недовршена продукција ("Far Cry"), исто така и менување на уметноста на албумот и тргнување на прашалникот од насловот со што се придушува неговата иронија. Тој исто така ја обвини продуцентската куќа за пребрзо објавување на албумот, споредувајќи го неговиот недовршен албум со недовршена слика на Пикасо. Тогаш Геј вети дека нема повеќе да снима музика за Мотаун.
На 14 февруари 1981 г., советуван од музичкиот промотер Фреди Кусарт, Геј се пресели во станот на Кусар во Остенф, Белгија. Додека престојуваше таму, Геј избегнуваше тешка употреба на дрога и почна да вежба и да ја посетува локалната Остенд Црква, со што доби и самодоверба. По неколку месеци закрепнување, Геј побара да се врати на сцената, и да почне во Англија и Остенд со турнеја Heavy Love Affair што кратко траеше помеѓу јуни и јули 1981 г. Личниот адвокат на Геј, Куртис Шо, подоцна го опиша периодот што Марвин го помина во Остенд како “најдобрата работа што некогаш му се случила на Марвин„. Кога се дозна дека Геј планира да се врати на музичката сцена и да испадне од Мотаун, претседателот на продуцентската куќа CBS Urban Ларкин Арнолд успеа на крај да го убеди Геј да потпише со CBS. На 23 март 1982 г., Мотаун и CBS Records преговараа Геј да биде ослободен од Мотаун. Деталите од договорот не се откриваа поради можниот негативен ефект што можеа да го имаат од договорот на пејачот до доверителите од Службата за внатрешни приходи.
Потпишан сп подружницата на CBS Columbia Геј работеше на неговиот прв албум по Мотаун наречен Midnight Love. Првиот сингл "Sexual Healing", беше издаден на 30 септември 1982 г. и стана огромен хит, достигнувајќи го првото место на РнБ топ листата, каде што и остана десет недели. Подоцна успехот се пренесе и на топ-десет на поп топ-листата во јануари 1983, додека песната достигна интернационален успех, искачувајќи се на врвот на топ-листите во Нов Зеланд и Канада и достигнувајќи топ-десет на топ-листите во Обединетото Кралство; со подоцна продадени над два милиони примероци, и со тоа стана до тогаш најпродаваниот сингл на Геј. Видео записот за песната беше снимен во казиното Курсал во Остенд. Со "Sexual Healing" Геј доби две Греми награди вклучувајќи ја и наградата за Најдобра машка вокална изведба во февруари 1983 г., а исто така ја доби и Американската музичка награда во категоријата соул/РнБ. Midnight Love wбеше пуштен во продажба и беше успешен како и синглот, достигнувајќи го врвот на топ-десет на Билборд 200 топ-листата, а со тоа и стана осмиот по ред сингл број еден на Геј на топ-листата наречена Top Soul LPs, и продаде над шест милиони копии низ целиот свет, од кои само три милиони во САД.
„ Јас не снимам песни за задоволство. Тоа го правев кога бев млад пејач, но не и денеска. Снимам за да можам да ги хранам луѓето со тоа што им е потребно, со она што го чувствуваат. Снимам со надеж да им помогнам на луѓето коишто минат низ тежок период. “ NME – Декември 1982 г.[1]
На 13 февруари 1983 г. Геј настапи со "The Star-Spangled Banner" на NBA All-Star Game, одржани во Форумот во Инглвуд, Калифорнија, и придружен од Гордон Бенкс којшто ја пуштал студиската песна од трибините. Следниот месец, Геј настапи на специјалниот настан на Мотаун Motown 25: Yesterday, Today, Forever. Овој настап и настапот во мај на шоуто Soul Train, којшто воедно му било и негово трето појавување на шоуто, станаа последните телевисиски настапи на Геј. Тој ја започна својата последна турнеја наречена Sexual Healing Tour, на 18 април 1983 г. во Сан Диего, Калифорнија. Турнејата заврши на 14 август 1983 г. во Тихоокеанскиот Амфитеатар во Коста Меса во Калифорнија. Тој беше загрозен од параноја предизвикана од употребата на кокаин. По завршувањето на концертот, се повлече во куќата на своите родители во Лос Анџелес. На почетокот на 1984 година, Midnight Love беше номиниран за Греми награда за Најдобра машка вокална РнБ изведба, што воедно беше неговата четиринаесетта и последна номинација.
Во околу 11:38 часот наутро на 1 април 1987, додека Геј седел на неговиот кревет и разговарал со мајка му Алберта, неговиот татко испукал два куршуми во него. Првиот истрел, којшто влегол на десната страна во градите на Геј, бил фатален бидејќи ги пробил неговите витални органи. Престрелката се случила откако Геј и неговите родители се карале за некои деловни документи коишто не можеле да ги најдат, и таа караница се одвивала повеќе дена. Геј беше однесен во брза помош во “California Hospital Medical Center„ и прогласен за мртов во 13:01. Геј почина еден ден пред да наполни 45 години. На суд се откри дека пиштолот всушност му бил поклон за Божиќ на Марвин Геј, Синиор од неговиот син. Погребот на Геј беше посетен од над 10,000 ожалостени лица на “Forest Lawn Memorial Park„.
По погребот, Геј беше кремиран и дел од неговата пепел беше расфрлена во близина на Тихоокеанскиот океан. Геј не остави зад него ни тестамент ни полиса за осигурување кога почина. Татко му на Геј не се спротивстави на излагањето за доброволно убиство откако се согласи на парична спогодба во случајот. Подоцна, во 1998 г. почина од пневмонија. Од смртта на Геј, околу неговата куќа се собираат неговите обожаватели на денот на неговото раѓање за да бдеат.
Геј ја изгуби невиноста со проститутка кратко откако влезе во Американското воено воздухопловство. Геј го опиша тоа искуство како “чудно„. Со тоа исто така му почна “обсесивното интересирање за она што тој сакаше да го нарекува ‘љубов за продажба’„. Подоцна кажа дека видел “свет полн со чист секс каде што луѓето ги исклучувале своите умови и ги хранеле своите желби, без поставуваше на никакви прашања. Ми се лошеше од таа идеја, но во исто време и ме возбудуваше.„
Геј ја запозна својата прва жена, Ана Горди, во 1960 г. а започнаа да се состануваат помалку од една година подоцна. Се венчаа во јуни 1964 г. Двојката посвои машко дете родено на 17 ноември 1965 г. Детето беше родено од внуката на Ана, Дениз, и го крстиле по таткото што го посинува. Во подоцнежните години, се откри дека постара жена Горди не можела природно да остане бремена и дека Дениз Горди прифатила да и помогне на својата тетка и чичко да основаат семејство. Бракот на Марвин и Ана беше бурен додека траеше, а и често се изневеруваа и двајцата. Тие се разведоа во 1977 г. по еден континуиран период во суд за разведување. Ова подоцна беше инспирација и за албумот Here, My Dear на Марвин. И покрај проблематичниот брак, Марвин и Ана останаа пријатели сè до смртта на Геј.
Геј ја запозна својата втора жена Џенис Хантер во март 1973 г. додека го снимаше албумот Let's Get It On. Подоцна го посвети својот ЛП (Long Play) од 1976 г. I Want You, на Хантер. Според Мајкл Ерик Дајсон, во неговата книга посветена на Геј, Mercy, Mercy Me: The Art, Loves and Demons of Marvin Gaye, тврди дека I Want You била “дефинитивно дело, романтично и еротско посветено„ на Хантер и дека опсесијата на пејачот со Хантер била “речици опипливо во сензуалните текстури коишто се всушност звучниот и лирскиот потпис на албумот„. Дајсон понатаму изјави дека поради тоа што нивната врска била “неодоливо страсна и емоционално груба„ тие “играле секој на своите јаки страни, и играле на нивните слабости„. Двојката заедно имаше две деца, ќерка Нона (родена на 4 септември 1974 г.) и син Френки (роден на 16 ноември 1975 г.). Откако конечно се заврши претходнио брак на Марвин, тој и Џенис се венчаа во октомври 1977 г. Бидејќи Марвин имаше проблеми со дрога и изнерерување, тие се разведоа во февруари 1981 г.
Додека беше разведен од Џенис Геј, Марвин се гледаше со холанѓанскиот модел Јуџени Вис. По таа врска, Марвин беше заедно со Британската Дама Едит Фоквел. Списанието GQ подоцна напиша приказна од авторот Бернард Тејлор во којашто цитираше дека Фоксвел му кажал дека врската помеѓу неа и Геј била толку сериозна што тие зборувале еднаш и за брак. Последната девојка на Геј беше една англичанка Дебора Декер. По неговата смрт, Декер изјави за магазинот Parade дека таа го носела нероденото дете на Геј и дека живеела со родителите на Геј во нивната куќа додека незадоволството на семејството предизвика Геј да ја пресели во стан во западен Холивуд. Декер подоцна го изгубила своети дете. Геј е дедо на Марвин IV (роден на 1 април 1995 г.), Нолан Пенц (роден во јуни 1997 г.) и Дилан (роден во мај 2000 г.).
Геј со години се бореше со депресијата.Една ноќ, во крајот на 1960те, Геј проба да изврши самоубиство со пиштол, причина за тоа е веројатно предозирање, и беше запрен да успее во својот обид од таткото на Бери Горди. Во 1979 година, Геј се обиде да изврши самоубство по вторпат со шмркање на цели 28,3 грама кокаин додека беше на Хаваите, подоцна тврди "Само сакав да бидам оставен на мира и да се издрогирам со високо – октанов наркотик за шмркање. Ќе беше бавна, но релативно пријатна смрт, сигурно почиста отколку со пиштол. Геј му кажа на еден човек што му правеше интервју во 1983 дека за време на неговиот егзил тој бил манично депресивен. “Бев во најлошата состојба. Навистина се чувствував како да не сум сакан. Бидејќи не чувствував љубов, се чувствував безполезен.„ Сестрата на Геј – Џин твредеше четири дена пред неговата смрт дека Геј се обидел да изврши самоубиство рипајќи од кола во движење, но од тоа последицата била само рани и модрици. Двајцата, Џин и нивниот брат Френки, веруваа дека Марвин беше сериозен во намерата да си го одземе животот.
Геј беше запознаен со кокаинот во касните 1960и години. Геј често користеше кокаин триејќи го на непцата или јадејќи го, затоа што имаше голем проблем со шмркањето. До крајот на 1970те години, премина во зависност. После неговиот обид за самоубиство 28,3 грама кокаин во 1979 година Геј премина на freebasing кокаин. Зависноста на Геј стивна откако се пресели во Белгија во 1981 г., по советувањата на музичкиот промотер Фреди Кусарт. Остана трезен сè до неговото враќање во САД на крајот на 1982 година. За време на неговата последна концертна турнеја, кај безнадежниот Геј се разви параноја предизвикана од кокаинот. Поради паранојата се чувствувал дека цело време некој го гледал и дека некој сакал да го убие.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.