Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Позитивната психологија е нова гранка во психологијата. Мартин Селиџмен и Михајл Чикзентмихаљи ја објаснуваат нејзината цел во 2000 година : „Ние веруваме дека психологијата на позитивното човеково однесување ќе се издигне на повисоко научно ниво и дека ќе има делотворен придонес во воздигнувањето на поединците,фамилиите и заедниците“. Психолозите во оваа област се стремат кон „пронаоѓање и поттикнување на талентот’“ и кон тоа „како да го направат животот поисполнет со среќа и добросостојба“. Но, тие не се насочени кон лечење на менталните болести. Позитивната психологија како ново движење има за цел да ја надополни, а не да го заземе местото на општата психологија. Позитивната психологија се надева дека научните проучувања ќе се аплицираат во поединците и во општеството. Околу 2002 година овој приод предизвикал голем интерес ,затоа професорите Мартин Селиџмен,Мишел Фриш и други , почнале да држат предавања за Позитивната психологија на некои колеџи. Јавноста малку обрнувала внимание на ова движење, сè до 2006 година кога овој предмет станал значително популарен на Универзитетот Харвард. Некои хуманистички психолози , како Абрахам Маслов, Карл Роџерс и Ерих Фром,развиле теории и практики во кои ја вклучувале среќата на луѓето. Во последно време нивните теории за подобрување на животот на човекот се емпириско поддржани од студии на позитивната психологија. Позитивната психологија почна исто така да се проширува и во многу нови правци. Научници што денес се занимаваат со истражувања во Позитивната психологија се : Мартин Селиџмен, Ед Дајнер, Михајл Чикзентмихаљи,Кристофер Петерсон, Карол Двек, Барбара Фредриксон, Соња Љубомирски,Кенон Шелдон, Џонатан Хејт,Шели Тејлор, К. Р. Шнајдер ,Роберт Бишвос Дајнер,Алберт Бандура, Чарлс С. Карвер, Роберт Емонс,Мајкл МекКулоу и Фил Зимбардо. Секој од овие научници објавил влијателни и добро познати статии. Освен тоа, овие научници се и автори на вреднувани дела кои не се поврзани со позитивната психологија , а се објавени во популарни психолошки списанија. Ова е важно да се напомене, бидејќи Позитивната психологија е само гранка повеќе во науката за психологијата.
Позитивната психологија се појавува како нова област во психологијата во 1998 година. Тогаш Мартин Селиџмен , кој се смета за основач на новото движење Позитивна психологија,ја одбрал Позитивната психологија како тема за своето инаугуративно обраќање како претседател на Американската асоцијација на психолози. Овој термин за прв пат се појавува во книгата Мотивација и карактер ("Motivation and Personality" ) на Маслов во 1954 година. Во нејзе се упатувало на тоа дека после 1950тата година психолозите почнале повеќе да се фокусираат на подобрување на менталното здравје отколку само кон лечење на болестите. Селиџмен истакнува дека цел половина век единствен предмет на клиничката психологија биле ментални болести,повторувајќи ги со тоа коментарите на Маслов. Селиџмен им препорачал на психолозите да се насочат кон најосновната цел на психологијата,а тоа е развивање на човековите потенцијали и подобрување на секојдневниот живот. Првиот собир во областа на Позитивната психологија бил одржан во 1999 година. Првата Интернационална конференција за Позитивна психологија била во 2002 година. Во јуни 2009 година е одржан првиот Светски конгрес за Позитивна психологија.
Позитивната психологија се развила од хуманистичката психологија на XX век,чијшто главен интерес бил ставен на среќата и задоволството. Најраните влијанија врз Позитивната психологија се главно од филозофски и религиски извори,бидејќи научната психологија сè до крајот на 19-тиот век не била целосно формирана. (Види го Wikipedia:Историја на психологијата ) Јудаизмот проповеда заповед за Божја теорија на среќата : Ќе ги следи среќа и ќе бидат наградени оние кои ги следат Божјите заповеди. Античките грци имале многу школи за наука. Сократ бил застапник на гледиштето дека самосознавањето води кон среќа. Платоновата алегорија за пештерата им влијаела на западните мислители кои верувале дека до среќата се доаѓа со пронаоѓање на подлабоко значење на нештата. Аристотел сметал дека среќата,или евдамонија како што ја нарекува тој, е условена од разумното користење на доблестите во текот на животот. Епикурејците верувале дека среќата се постигнува со уживање во малите задоволства. Стоиците мислеле дека со разумност и објективност може да се остане среќен. Христијанството продолжило да ја следи Божја теорија на среќата. Во средниот век, христијанството проповедало дека вистинската среќа може да се постигне само во задгробниот живот. Седумте смртни гревови се однесуваат на нарцизмот и на препуштањето на земните задоволства. Наспроти тоа, четирите главни доблести ("Four Cardinal Virtues") и и трите теолошки доблести биле наменети да одвратат некого од правење на грев. Индивидуализмот почнал да биде ценет за време на ренесансата и периодот на просветителството. Истовремено, креативните поединци,кои порано биле само обични мајстори, почнале да бидат ценети и почитувани бидејќи на нив почнало да се гледа како уметници. Утилитаристичките филозофи ,како на пример Џон Милтон, сметале дека моралните дела се предуслов за зголемување на среќата кај поголем број на луѓе. Според нив требало да се употреби емпириска наука за среќата со која ќе се определува кои постапки се морални (Наука за моралноста ). Томас Џеферсон, исто како и останатите застапници на демократијата, сметале дека ,,Животот, слободата и потрагата по среќа’’ се неоспорливи права и дека со нив би се оправдало рушењето на владата. Романтичарите го ценеле самостојното емоционално изразување и трагале по своите вистински чувства ослободени од општествените норми. Во исто време, љубовта и интимноста им станале главен мотив на луѓето за да стапат во брак.
Некои истражувачи во оваа област претпоставуваат дека Позитивната психологија може да се објаснува преку 3 области на истражување кои меѓусебе се поврзуваат: Истражувањето за Пријатниот живот , или за ,,живот кој е исполнет со уживање’’,испитува како луѓето оптимално ги доживуваат, предвидуваат и до кој степен уживаат во позитивните чувства и емоции кои се дел од нормалниот и здрав начин на живеење. ( пример: емоционални врски,активности,интереси,забава и д-р ) Истражувањето кое го опфаќа Добриот живот, или ,,живот исполнет со обврски “ го проучува позитивниот исход при задлабоченост,преокупираност и психичка посветеност ( flow) кај личности кои се во целост окупирани со своите примарни активности. Овие состојби се доживуваат кога постои позитивна усогласеност помеѓу способноста на личноста и задачата што ја исполнуваат, т.е кога се сигурни во себе дека можат успешно да ја исполнат задачата со која што се соочуваат. ( Види го Wikipedia:Self-efficacy) Истражувањето кое ја опфаќа потрагата по Исполнет живот , или ,,позитивен социјален живот” испитува на кој начин личностите развиваат позитивно чувство на добросостојба,припаѓање,значење и насоченост со тоа што се дел или што придонесуваат за развивање на нешто поголемо и потрајно од самите нив. ( пример: природа, социјални групи, организации, движења , традиции, систем на верувања ). Овие категории изгледа дека не се ниту ширум прифатени , ниту пак се оспорени од страна на истражувачите во текот на овие 12 година колку што и оваа академска област постои. Професорот Филип Зимбардо укажува на тоа дека среќата исто може да се анализира и од ,,аспект на времето’’ ( "Time Perspective"). Зимбардо предлага луѓето да се поделат според тоа каков поглед имаат кон животот (позитивен или негативен), но и според тоа каква перцепција имаат кон времето( дали се ориентирани кон сегашноста, минатото или кон иднината ). Според ова можно е настанувње на определени заблуди во поединците кои во суштина претставуваат конфликти. Овие конфликти се поврзани не со тоа дали тие уживаат исполнувајќи некоја задача,тука дали се подложни на ризик за понатамошно уважување на нивниот исход. Зимбардо верува дека со помош на ова истражување ќе се открие оптималната рамнотежа на погледи за подобар живот. Тој вели дека треба да се осврнеме кон позитивните аспекти од минатото и повторно да ги преживееме истите,да живееме надевајќи се на позитивна иднина умерено да уживаме во иднината(не премногу). Пространата теорија за позитивните емоциии укажува на тоа дека позитивните емоции( среќа,интереси,очекувања ) ја зголемуваат свесноста и поттикнуваат разновидни,проникливи и необични мисли и начини на дејствување. Со повторување на овие различни однесувања се стекнуваат вештини. На пример : Љубопитноста во природа преминува во значајно знаење и вештина за снаоѓање,пријатната средба и разговор со некој непознат преминува во пријателство,обичната физичка активност станува вежба и физичка способност. Ова е во спротивност со негативните емоции кои предизвикуваат однесувања насочени само кон преживување ( негативната емоција вознемиреност предизвикува борбена реакција за итно делување за опстанок ). Подолу истражувањето е поделено според категориите на Селиџмен,кои донекаде се поврзани меѓусебно. ( Пример за тоа се ,, пријатниот’’, ,, добриот’’ и ,,исполнетиот‘’ живот). Бидејќи овие категории се сè уште недоволно јасни и нецелосни,некое важно истражување во еден дел може да биде доста релевантно во друг дел.
Абрахам Маслов предложил хиерархија на потреби според која прво треба да се задоволат најосновните желби ( основните физиолошки потреби и чувството за сигурност),по нивното остварување следуваат социјалните потреби ( интимност) за на крај поуспешно да се задоволат мисловните потреби( моралност). Психологот Соња Љубомирски во својата книга ,, Како да се биде среќен “ го претставува своето истражување според кое нивото на среќа кај луѓето во најголем дел е определено од генетските фактори. Највисокото ниво на среќа ( до колкава мера се постигнува среќата условена од гените) зависи од други фактори , како планирани постапки и навики. Во книгата ("Stumbling on Happiness") психологот Ден Гилберт го опишува своето истражување во кое вели дека парите имаат поголемо влијание во животот на сиромашните ( таму каде што основните потреби сè уште не се задоволени). За разлика од тоа, кога се станува умерено богат ( средна класа) ова влијание многу се намалува. Значи, имањето повеќе пари за водење екстравагантен живот не ја зголемува среќата толку многу колку што тоа се постигнува со уживањето во сопствената работа и со социјалниот живот. Ричард Ејстерлин,професор по економија,забележува дека задоволството од вршењето на работата не зависи од платата. Гилберт ги советува луѓето да го дадат својот максимум со цел да (а) откријат во која работа најмногу би уживале, (б) да пронајдат начин како да ја работат таа работа што најмногу би им одговарала и која притоа ќе им обезбедува средства за живот. ( Со пронаоѓање на истата се станува повнимателен кон социјалните врски) . Истражувачите кои се фокусирани на моменталното искуство го споменуваат истражувањето на психологот Даниел Гилберт во кое тој тврди дека треба да се сконцентрираме на сегашноста,а притоа да не фантазираме, бидејќи така може да ја спречиме среќата. Други психолози пак ( Погледни погоре : Time Perspective ) велат дека сè уште е важно да се поминува одредено време потсетувајќи се на позитивните искуства од минатото и да се има позитивни очекувања за иднината. Постојат докази што укажуваат дека негативните емоции можат да бидат штетни . Во статијата со наслов ,, "The undoing effect of positive emotions"”, Барбара Фредриксон и некои други истражувачи , претпоставуваат дека позитивните емоции ги отстрануваат негативните чувства од кардиоваскуларниот систем. При доживување стрес кај луѓето се покачува срцевиот притисок, се зголемува нивото на шеќер во крвта ,се намалува имунитетот ,а се случуваат и други адаптации кои го подготвуваат телото за брз одговор. Доколку луѓето не ги регулираат овие промени откако стресот ќе помине, од нив може да настанат коронални срцеви заболувања а може и да се зголеми морталитетот. Двата типа на истражувања,лабораториско и анкетно, покажуваат дека позитивните чувства им помагаат на луѓето кои претходно биле под стрес повторно да се релаксираат и да го вратат својот душевен мир.
Flow, или состојба на преокупираност со сопствената работа,се одликува со интензивна сконцентрираност,намалена самосознание и чувство на предизвиканост. Flow е корисно искуство и може да помогне да се оствари некоја цел( да се победи во некоја игра) или за да се усовршат вештините ( да се стане подобар играч во шах). Оваа состојба резултира со возбуда и со стрес кој не е штетен бидејќи не е хроничен стрес. Чикзентмихаљи утврдува девет елементи на flow :
Самоефикасност е верба во своите способности при обидите за исполнување на некоја задача. Намалената самоефикасност е поврзана со депресијата. Високата самоефикасност може да помогне во надминување на некои злоупотреби, нарушени навики во исхраната и да го одржи здравиот животен стил. Високото ниво на "Self- efficacy" исто така го подобрува и имунолошкиот систем, помага при справувањето со стресот и ја намалува болката. Сличен концепт претставува личната ефикасност која главно е поврзана со методологијата на планирање и нејзино вметнување за постигнување на успех. Свесноста ("Mindfulness") може да се дефинира како намерно фокусирана сознајност на моменталното искуство. Ова доживување се искусува со обрнување на вниманието кон моменталните мисли,емоции ,психички сензации и со окружувањето. За вежбање на совесноста потребна е свесна присутност во сегашниот момент,улогата е едноставна, треба само да се биде набљудувач на доаѓањето на искуството и на неговото одминување. Личноста не треба да ги проценува мислите и искуствата,ниту да се обидува да ги разбере работите и да донесува заклучоци, или па да се обидува да промени нешто. Предизвикот што се појавува со свесноста е единствено насочен кон набљудување. Со вежбањето на свесноста може да се намали стресот,загриженоста,депресијата и хроничките болести. Поврзана со свесноста е и идејата за стекнат оптимизам "Learned optimism" – дека талентот за среќа,како и секој друг талент,може да биде негуван. Спротивно на ова е стекнатата беспомошност. Стекнатиот оптимизам се постигнува со свесно предизвикување на сопствените мисли доколку негативните настани се опишуваат како неуспех што постојано ги засега сите погледи на сопствениот живот на човекот.
По долгогодишниот неуспех во истражувањето,професорот Џонатан Нејдт од Универзитетот во Вирџинија,како и други научници го проучуваат спротивното од исполнетиот живот и на тој начин го создале поимот напредување ( "Elevation"). Воздигнувањето е пријатно морално чувство. Тоа ја вклучува желбата да се постапува морално и да се прави добро; како емоција својата основа ја има во биологијата и понекогаш се одликува со чувство на ширење на градниот кош и со чувствување трпки на кожата. Религиозноста е поврзана со менталното здравје,со справувањето со одредени злоупотреби,со брачното функционирање и со растењето деца. Се претпоставува дека религиозноста е потребна за пронаоѓање на целта и значењето на животот. Сепак истражувањето за религиозноста е во зачеток и сè уште се нема во целост издигнато ниту преку психолошките истражувања кои во прилог на религиозноста се главно ограничени на студии во кои се користат резултати од прашалници.
Прирачникот за развојот на карактерните особини кај личноста ( "Character Strenghts and Virtues" – CSV) претставува прв обид на истражувачите за класификација на позитивните психолошки особини кај луѓето. Слично како во прирачникот ( "Diagnostic and Statistical Manual of Mental Disorders" – DSM) од општата психологија. CSV теоретски помага во толкувањето на силните страни на човекот и неговите доблести, како и за нејзина практична употреба во рамките на позитивната психологија. Во овој прирачник се разгледуваат шест вида доблести (пример главни доблести ) составени од 24 мерни карактерни особини. Во воведот на CSV се вели дека овие шест доблести се сметале за добри низ историјата и во различни култури. Исто така се наведува и тоа дека овие карактерни особини ја зголемуваат среќата доколку се вежбаат. И покрај бројните предупредувања , психолошките истражувања ја вклучуваат и менталната добросостојба. Водачите на движењето Позитивна психологија го предизвикуваат моралниот релативизам и сугерираат дека секој е еволуциски преодреден кон одредени доблести и дека секоја доблест има биолошка основа.
Групирање на овие доблести и вештити : 1.Мудрост и знаење : креативност, љубопитност,отвореност,љубов кон науката,перспектива,иновативност. 2.Храброст : смелост, упорност, чесност, виталност. 3.Човечност : љубов, љубезност, социјална интелигенција 4.Праведност : рамноправност, искреност, способност за лидерсто 5.Умереност: покажување милост и простување, понизност, разумност, самоконтрола 6.Возвишеност: вреднување на убавината и совршеноста, благодарност, надеж, смисла за хумор, религиозност
Треба да се нагласи дека оваа поделба на доблестите во шест групи не е целосно прифатена. Предложено е овие 24 вештини попрецизно да се групираат во три или четири категории :
Интелектуални вештини , интерперсонални вештини и умерени вештини или Интерперсонални вештини , Храброст, Виталност и Претпазливост.
Овие генерални црти, дури и нивната класификација, се појавуваат самостојно во други области во кои се опишуваат вредностите. Пол Тегард опишува неколку примери, еден од нив е обидот на Џеф Шрегер да ги отрие навиките на луѓето коишто се премногу креативни.
Позитивната психологија има корисен ефект во училиштата и универзитетите бидејќи таа ги поттикнува личностите да постигнат поголем успех,додека пак критиката има спротивен ефект. Клифтон и Рут го дискутираат истражувањето спроведено од стана на докторката Елизабет Херлок во 1925 година. Таа спровела истражување во кое учествувале ученици од четврто до шесто одделение. Се следело како влијаела врз учениците оценката за нивната сработена задача,во зависност од тоа дали биле пофалени,искритикувани или игнорирани. Резултатите се утврдувале со решавање на математички задачи и колку тие можеле да решат после 2,3,4 и 5 дена. Учениците што постигнале високи резултати на тестот по математика биле именувани и пофалени пред целото одделение. Учениците што имале послаби резултати биле искритикувани пред сите,а оние што постигнале најниски резултати биле игнорирани додека останатите ученици биле фалени или критикувани. Друга група ученици го правела истиот тест , но за истиот не биле оценети. Учениците што биле пофалени или искритикувани постигнувале подобар резултат следниот ден. Третиот и четвртиот ден искритикуваните ученици се изедначиле со резултатите на игнорираните ученици. Пофалените ученици продолжиле да постигнуваат позитивни резултати во текот на целото истражувањето. Според целокупните резултати , пофалените ученици во текот на истражувањето се подобриле за 71% , критикуваните ученици се подобриле за 19% ,а игнорираните само за 5%. Ова истражување покажува дека вклучувањето на Позитивната психологија во училиштата е од огромна важност. Игнорирањето и критикувањето на учениците за нивната работа може да го забави напредокот во постигнувањето на подобри резултати . Позитивните емоции придонесуваат личностите да го дадат својот максимум во работата и учењето. Според Клифтон и Рут , 99 од вкупно 100 луѓе претпочитаат да се во друштво на позитивни луѓе. Некои луѓе веруваат дека нивната работа е попродуктивна кога се опкружени со позитивни особи. Позитивните емоции се пренесуваат многу брзо , така што ако некој ученик или професор делува позитивно,тој тоа го пренесува врз другите ученици и придонесува и тие да станат позитивни ,а со тоа и поуспешни во остварување на задачите. Со појавата на само една негативна особа ,може да се сруши целата позитивна атмосфера што дотогаш била постигната во една просторија, или средина. Клифтон и Рут тврдат дека позитивните емоции се потребни за секојдневно преживување.
Надежта е особина која се учи со целосно сосредочување во кое личноста соединува два начина на размислување. Насочено размислување - способност за пронаоѓање на можности за постигнување на саканата цел. Мотивациско размислување – потребна е мотивација за постигнување на замислената цел.
„Систематско истражување во кое биле вклучени 22 луѓе добитници на поголема сума на пари на лотарија покажало дека со тек на време овие луѓе доаѓаат до своето примарно ниво на среќа. ( Тие не биле посреќни од останатите 22 луѓе кои биле тестирани). ’’ „После неколку години, откако станале инвалиди, луѓето биле за нијанса помалку среќни во споредба со луѓето кои не се парализирани.’’ „83% од Американците изјавиле дека се позитивно задоволни од својот живот.’’ „Кај побогатите нации зголемувањето на богатството има занемарливо влијание врз среќата’’ „За разлика од парите кои имаат мал удел, бракот е најголем предуслов за постигнување на среќа. Според моето мислење, сметам дека сè уште не се откриени главните причини кои го потврдуваат фактот дека луѓето кои се во брак се посреќни од оние кои не се . ’’ Спротивно на ова секое второ поголемо истражување во Германија покажало дека не постоеле разлики во среќата помеѓу мажените и немажените луѓе.
Позитивната психологија има своја практична примена со тоа што им помага на поединците и организациите да ги пронајдат своите јаки страни и нив да ги искористат за зголемување и одржување на нивото на добросостојба. Разни терапевти ,советници , тренери и разни психолози , како и одделот за човечки ресурси ,бизнис стратезите и други, ги користат овие нови методи и техники на Позитивната психологија за да ги надоградат и да го зголемат бројот на вештини кај личности што не се психички болни или што не страдаат од некое пореметување. Истражувачот Дајан Холс опишува човек што е емоционално здрав . Овој човек лесно се прилагодува во различни околности, има верба и чувствува дека значи нешто во животот и сфаќа дека, самиот тој не е центар на Универзумот. Тој сочувствува,способен е да покаже несебичност,воспоставува длабоки врски со другите луѓе, задоволен е со своите блиски пријатели и пред се успешно ги контролира својот дух и тело. Предлогот за заменување на домашните примања со целокупната национална среќа како предоминантно мерило на националниот успех е главна цел на психолошките истражување.
Во 2008 година, основното училиште Гилонг во Вирџинија,Австралија,во соработка со Центарот за Позитивна психологија на Универзитетот во Пенсилванија,целосно ја спроведе Позитивната психологија во својата настава. Ова вклучувало обука на професорскиот кадар за основите и вештините на Позитивната психологија. Од центарот за Позитивна психологија била овозможена помош со тоа што одреден кадар од Центарот останал во училиштето една цела тековна година. Штатс , Хап и Хегли ( 2008 година ) ја користат Позитивната психологија за да ја истражат академската искреност со идентификување на позитивните црти кои ги имаат идолите на студентите и притоа да дефинираат дали овие црти се присутни кај студентите и со тоа да ги предвидат нивните намери и тоа дали се стремат кон мамење на испитите. Нивното истражување резултираше со „делотворен модел на хероизам во однос на академската средина’’.
Приодот ориентиран кон вештините, има за цел да го пренасочи вниманието на клиничката психологија за таа истовремено да ги разгледува позитивните и негативните делувања во нивните обиди да откријат и да лечат некоја тешка болест. Фундаменталните причини се засновани со неколку емпириски наоди. Позитивните одлика влијаат врз негативните настани од животот и тие можат да предвидат некои неправилности ( Проучувањата само на негативните настани од животот може само да доведат до неточни резултати). Интервенциите кои се однесуваат на атрибутите и на позитивните емоции можат да помогнат во справувањето со психичките пореметувања, исто толку колку и често употребуваните приоди како на пример,, когнитивната бихејвиористичка терапија. Поимите позитивна клиничка психологија ,како и некои други употребувани поими,се малку несекојдневни бидејќи оваа област отсекогаш имала научници кои упатувале на исходот од квалитетниот начин на живот. Сè додека Позитивната психологија има влијание врз клиничката психологија, не е потребно нејзино понатамошно разгледување. Ова се однесува на клиничките цели и промена на нивниот приоритет со тоа што ќе се осврнат кон проширување и продлабочување на човековото искуство.
Позитивната психологија е вклучена и во практиката на бизнис менаџментот, но Вонг и Девиј (2007) признаваат дека менаџерите го користат овој концепт на работното место, но дека не секогаш се способни да го пренесат на позитивен начин врз своите вработени. Позитивната психологија е неопходно соодветно да се применува во организацијата, за вработените да ја прифатат и да делуваат според нејзе. Менаџерите треба да сфатат дека целосната примена на оваа практика нема да им помогне при соочувањето со предизвиците на работа. Сепак, Позитивната психологија може да им помогне на вработените со тоа што тие ќе станат поголеми оптимисти, ќе бидат отворени кон нови идеи или менаџерски вежби. Во статијата „ Предностите од честите позитивни делувања: Дали среќата води кон успех ? С. Љубомирски и некои други научници , велат : „ Резултатите од истражувањето открија дека среќните вработени имаат повеќекратна предност во работата,за разлика од нивните помалку среќни колеги. Личностите чијашто добросостојба е на високо ниво имаат повеќе шанси да имаат позитивно интервју за работа ,а откако ќе се здобијат со работното место шефовите повеќе да ги ценат. Овие личности се поснаодливи и поуспешни во работата и полесно ги решаваат менаџерските задачи. Кај нив е помала веројатноста дека ќе станат контрапродуктивни и исцрпени на работното место. Доколку Позитивната психологија се применува правилно таа може да им помогне на вработените повеќе да ги користат своите способности и успешно да извршуваат различни задолженија. Сепак, важно е да се забележи дека промената во работните услови и на работните улоги може да предизвика стрес кај вработените доколку тие не се соодветно поддржани во работата што ја извршуваат од страна на менаџерскиот персонал. Ова е точно особено за вработените кои мора да ги остварат очекувањата на својата компанија служејќи се притоа со сите расположливи средства. ’’ Како треба една организација да ги спроведе промените? Левис и останатите истражувачи развиле истражување за потребата од задоволства ( Appreciative Inquiry- AI) кое претставува интегрирана методологија на нивоата на организација со цел да се дојде до промени во организацијата . Таа се заснова со разбирање на тоа како организационата снаодливост се развива преку личните психолошки процеси, пример за тоа се позитивните емоционални состојби,имагинацијата,социјалната вклученост и нејзината реалност.
Истражувањата во областа на Позитивната психологија и нејзината употреба во последно време се почесто се спроведуваат и развиваат во разни земји низ светот. Во Канада, професорот Чарлс Хекни од колеџот Бриркрест, ја употребува Позитивната психологија за развивање на психичките способности при вежбање боречки вештини. Пол Вонг , претседател на интернационалната мрежа која го проучува личното значењето развива егзистенцијален приод кон Позитивната психологија. „Когнитивните и бихејвиористичките промени со сигурност може да предизвикаат екстремна последица,која може да стане главна цел на проучувањето земајќи ги предвид свесноста на поединецот и неговите мотивациони одговори. За понатамошен напредок на истражувачите потребно е потиснување на минатите теории и методи и нивно осврнување кон сегашните истражувања’’,вели Исен во 2009 година. Чанг верува дека не е потребна само емоционалната интелигенција за позитивно дејствување,затоа научниците пронаоѓаат разни начини за зголемување на емоционалната интелигенција. Сепак, потребни се повеќе истражувања за одредување на позитивното делување во психологијата.
Стивен Волин,клинички психијатар на Универзитетот Вашингтон,во Вашингтон,ја оспорува Позитивната психологија бидејќи, според него, во неа само се повторуваат старите начини на размислување . Покрај останатите тврдења јавноста ги промовира здравствените придобивки од Позитивната психологија. Шнајдер и Лопес предупредуваат за можни штети во оваа област поради тоа што психолозите се повеќе се надоврзуваат на тврдењата од јавноста за Позитивната психологија. Тие им предлагаат на истражувачите во оваа област , да се држат до рамките на научниот професионализам и соодветно да користат било какво истражување или студија. Некои негативни атрибути се опишани од страна на Хелд (2004 година). Таа го потенцира недостигот на постојаност кон аспектите на негативност во оваа област. Покрена и прашања во врска со едноставноста на приодот применет од некои психолози во оваа област. Едностраноста во истражувањата не се во прилог за унапредувањето на Позитивната психологија. Таа сугерира потреба за вклучување на поединечните разлики во нејзиното функционирање. Хелд вели , дека иако Позитивната психологија има значаен придонес во психологијата, таа сепак си има свои недостатоци. Нејзината статија во Списанието за хуманистичка психологија нуди преглед на теми како : негативните странични ефекти на Позитивната психологија, неправилностите поврзани со овој правец , судири на гледиштата на психолозите од областа на психологијата предизвикани од различните мислења, од областа на Позитивната психологија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.