From Wikipedia, the free encyclopedia
Умот е сплет од спознавачки капацитети, кој овозможува способност за свест, мислење, размислување, забележување и расудување, кои се карактеристични за човекот, но кои може да се однесуваат и на други живи суштества. Во текот на долг временски период, филозофијата, религијата, психологијата и когнитивната наука се обидувале да развие мислење за тоа што претставува умот и кои се неговите одделни својства. Главните прашања што се однесуваат на природата на умот се неговата поврзаност со мозокот и нервниот систем - прашање кое често се формулира како „проблемот ум-тело“, и подразбира дали умот на некој начин е одделен од физичкото постоење (дуализам и идеализам) изведено и сведено на физички појави како што се невролошките процеси или кога умот се поистоветува со мозокот или со некои негови активности. Другото прашање се однесува на тоа кои видови суштества се способни да имаат ум, на пример дали умот е својствен еднинствено за луѓето, дали го поседуваат некои или сите животни , сите живи суштества или умот може да биде сопственост на некои видови вештачки машини. Без разлика на неговата поврзаност со физичкото тело, општо прифатено е дека умот е она што му овозможува на битието да има субјективна свест и промисленост за неговата околина, да забележува и одговара на стимулации со одреден вид на агенси и да има свест, вклучувајќи мислење и чувствување.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Како важни филозофи за умот се вклучуваат: Платон, Декарт, Лајбниц, Кант, Мартин Хајдегер, Џон Сеарл, Даниел Денет и многу други. Опишувањето и дефинирањето се исто така дел од психологијата каде психолозите како Зигмунд Фројд и Вилијам Џејмс развиле влијателни теории за природата на човековиот ум. Во доцниот XX и раниот 21 век, на полето на когнитивната наука се појавија и развија многу различни пристапи кон опишување на умот и неговите сродни појави. Можноста за постоење на ум што не припаѓа на човековиот род исто така се истажува во полето на вештачката интелигенција, која близу соработува со кибернетиката и теоријата на информациите за да се разберат начините на кои машините можат да ги копираат човековите умствени појави.
Концептот „ум“ се подразбира на многу различни начини, во многу различни културни и религиски традиции. Едните го гледаат умот како единстена сопственост на човекот додека другите им препишуваат својства на ум на неживите битија, (на пр. панпсихизам и анимизам), на животните и на боговите. Некои од најраните забележани претпоставки го поврзуваат умот (некогаш опишан како идентичен со душа или дух) со теории во врска со живот после смртта и космолошкиот и природен ред, на пр. во учењата на Заратустра, Буда, Платон, Аристотел, и други антички, грчки, индиски а подоцна и исламски и средновековни европски филозофи.
Многу дебати се водат за тоа кои атрибути го сочинуваат умот. Некои психолози тврдат дека само „повисоките“ интелектуални функции го сочинуваат умот, особено разумот и меморијата. Во тој поглед чувствата љубов, омраза, страв, радост, се повеќе примитивни или субјективни по природа и треба различно да се гледаат од умот како такви. Други тврдат дека различни рационални и емоционални состојби не можат да се разделат, дека тие имаат иста природа и потекло па така сите треба да се сметаат како дел од она што го викаме ум.
Во општонародната употреба умот е често синоним за мисла. Разговорот што го водиме насамо со самите себе, го водиме „во нашата глава“. Така „се одлучуваме“, се „премислуваме“, „се двоумиме“ за нешто. Еден од клучните атрибути на умот во оваа смисла е дека е лична сфера до која никој освен сопственикот нема пристап. Никој друг не може да знае што имаме на ум. Тие можат само да го протолкуваат она комуницирање што го правиме свесно или несвесно.
Општо земено, умствените способности се различни функции на умот, или она што умот може да го „прави“. Мислата е умствен чин кој му овозможува на човекот да им дава смисла на работите во светот и да ги прикаже и толкува истите на начин кој им дава значење или кој е во согласност со неговите потреби, приврзувања, цели, посветености, планови, намери, желби итн. Мислењето ги вклучува симболичното и семиотското посредување на идеи или податоци, како кога формираме концепти, се посветуваме на решавање на проблем, размислуваме и донесуваме одлуки. Во зборови кои се однесуваат на вакви слични концепти и процеси се вбројуваат внимателноста, спознавањето, замислувањето, дебатирањето и фантазијата.
Мислењето понекогаш се опишува како „повисока“ спознавачка способност и анализата на процесите на мислење е дел од когнитивната психологија. Исто така цврсто е поврзана со нашата способност да создаваме и користиме алатки, да разбираме причина и последица, да препознаваме модели на значење, да разбираме и откриваме единствени контексти на искуство или активност и одговараме на светот на разбирлив начин.
Помнењето е способност да се зачува, држи и повремено повика знаењето, информациите или искуството. Иако помнењето традиционално беше доследна тема на филозофијата, во доцниот деветнаести и почетокот на дваести век проучувањето на помнењето се појави како предмет на истражување во парадигмите на когнитивната психологија. Во последните неколку децении стана еден од столбовите на новата гранка во науката наречена когнитивна наука за нервниот систем, „брак“ помеѓу когнитивната психологија и науката за нервниот систем. Фантазијата е активност на создавање или предизвикување несекојдневни околности, слики, идеи или други способности во умот. Тоа е карактеристично субјективна активност, наместо директно или пасивно искуство. Терминот технички се користи во психологијата за процеси на оживување предмети на сознавање во умот претходно дадени во сетилна перцепција.
Бидејќи оваа употреба на терминот се судира со онаа на обичниот јазик, некои психолози повеќе сакале да го опишат овој процесс како „пресликување“ или сликовито „изложување“ или да зборуваат за него како за „репродуктивна“ наспроти „продуктивна“ или „конструктивна“ имагинација. Работите кои ги замислуваме се вели дека се видени во „окото на умот“. Меѓу многуте практични функции на имагинацијата се наоѓаат способноста да се замислат можни иднини (или минати дејства), да се видат нештата од друга перспектива и да се смени начинот на кои се гледаат нештата вклучувјќи го донесувањето одлуки за возврат, или претстави што е замислено. Свесноста кај цицачите (меѓу кои и човекот) е дел од умот за кој се мисли дека содржи квалитети како што се субјективноста, чувствителноста и способноста да ја воочи врската помеѓу самиот себе и средината. Таа е предмет на изучување во филозофијата на умот, психологијата, науката за нервен систем, и когнитивната наука.
Некои филозофи ја делат свесноста на непристапна свесност која е самото субјективно искуство и пристапна свесност која се однесува на општата достапност на информации до системите за обработка на мозокот. Непристпната свест има искусено многу различни квалитети, често познати како љуалиа. Непристапната свесност вообичаено е свесност на нешто или за нешто, сопственост позната како намера во филозофијата на умот.
Умствените содржини се оние нешта за кои се мисли дека се „во“ умот, и можат да се создадат и користат од страна на умствените процеси и способности. Како пример се посочуваат: мислите, концептите, чувствата, перцепирањата и намерите. Во филозофски теории на умствени способности спаѓаат: интернализмот, екстернализмот, реализмот и интенционалноста.
Кај животните, мозокот или енцефал, (од грчки „во главата“), е центар за контрола на централниот нервен систем одговорен за мислата. Кај повеќето животни, мозокот се наоѓа во главата, заштитен од черепот и близу до главниот систем од сетила за гледање, слушање, чувството за рамнотежа, вкус и мирис. Додека сите ’рбетници имаат мозок, повеќето безрбетници имаат или централен мозок или збир од поединечни ганглии. Примитивните животни како сунѓерите воопшто немаат мозок. Мозокот може да биде екстремно сложен. На пример, човечковиот мозок содржи повеќе од 100 милијарди неврони, секој поврзан со онолку колку и 10.000 други.
Да се разбере врската меѓу мозокот и умот или проблемот ум-тело како едно од централните прашања во историјата на филозофијата е предизвикувачки проблем како за филозофијата така и за науката. Постојат три основни филозофски школи за мислата што се занимаваат со барање одговор на прашањето: дуализам, материјализам и идеализам. Дуализамот вели дека умот постои одделно од мозокот, материјализамот вели дека умствените појави се идентични со мозочните појави и идеализамот вели дека постојат само умствените појави.
Наједноставниот научен доказ дека постои цврста врска меѓу физичката материја на мозокот и влијанието на физичките промени на мозокот врз умот, како што се тешките повреди на мозокот и употребата на психотропни супстанци. Покрај ова филозофско прашање врската меѓу умот и мозокот опфаќа одреден број научни прашања вклучувајќи го разбирањето на врската меѓу умствената активност и активноста на мозокот, точните начини на кои дрогата влијае врз спознавањето и нервните заемни врски на свесноста. И покрај тоа повеќе филозофи низ историјата сметале дека е незамисливо спознавањето да може да се изврши преку физичка супстанца како што е ткивото на мозокот (односно нервите и синапсите). Филозофите како Патриција Черчланд претпоставува дека интеракцијата дрога-ум е показател за блиската врскта помеѓу мозокот и умот, дека тие всушност не се исто. Декарт, кој постојано размислувал за врските меѓу мозокот и умот, сметал дека е можно да се објаснат рефлексите и други едноставни постапки со механички термини иако не верувал дека сложеноста на мислата, а особено јазикот, може да се објаснат во однос на самиот физички мозок.
Првичното значење на гемѕнд од староанглиски јазик била способноста за помнење а не за мислење во главно. Оттука да се присетиш, да ти падне на ум, да не заборавиш, да имаш ум како итн. на староанглиски имале други зборови за да се изкаже умот како на пример „ум“, „дух“. Значењето на зборот сеќавање е како во старите нордиски јазици каде што постои зборот „мунр“. Зборот има праиндоевропскиот *мен-, што значи „мисли“, „се сеќава“, а оттука, во латинскиот, зборот „менс“ значи „ум“, на санкритски „манас“ исто така значи ум а исто така и грчкиот збор „μένος“ значи ум, храброст, гнев. Воопштувањето на зборот ум постепено се развивало за време на 14 и 15 век и ги вклучува сите умствени способности, мислата, волјата, чувстувањето и помнењето.
Филозофијата на умот е гранка на филозофијата која ја проучува природата на умот, умствени настани, умствени функции, умствени особини, свеста и нивната поврзаност со физичкото тело особено со мозокот. Проблемот ум-тело т.е поврзаноста на умот со телото најчесто се гледа како централен проблем во филозофијата на умот, иако постојат и други проблем кои ја засегааат природата на умот и не ја вклучуваат неговата поврзаност со физичкото тело. Дуализам и монизам се два големи правци на верување кои се обидуваат да го решат проблемот ум-тело. Дуализмот може да се забележи уште кај Платон, Аристотел, и санкја и јога школите на хиндуистичката филозофија, но најпрецизно е формулиран од страна на рене Декарт во 17 век. Суштинските дуалисти расправаат дека умот е независна постоечка супстанца, додека, пак, особинските дуалисти го поткрепуваат мислењето дека умот е збир на независни особини кои произлегуваат од него и не можат да бидат сведени на мозокот, иако тоа не е различна супстанца. Мартин Хајдегер претпоставувал дека субјективното искуство и активност (односно „умот“)не може да има смисла во услови на картенезиски* субстанции кои воопшто бележат својства (дали самиот ум се мисли за различен, одделен вид на субстанца или не). Тоа е поради природата на субјективното, квалитативно искуство кое е нејасно во услови на, или семантички неспоредливо со концептот на супстанции кои бележат својства. Тоа е основена онтолошка полемика. Даниел Денет, филозоф на когнитивната наука, на пример, смета дека не постои такво нешто како наративен центар наречен „умот“, туку наместо тоа постои едноставно збир на сетилни влезови и излези, различни видови на софтвер кои истовремено работат. Психологот Б.Ф. Скинер сметал дека умот е измислена приказна што објаснува и одвраќа внимание од околните причини на однесување. Тој сметал дека умот е црна кутија и дека менталните процеси може подобро да се разберат како форми на скриено вербално однесување.
Монизмот е верување дека умот и телото не се онтолошки различни битија. Ова е верување на Перменид во 5 век п.н.е., кое подоцна било поддржано од страна на рационалистот Барух Спиноза во 17 век. Според теоријата на двојно гледиште на Спиноза, умот и телото се две гледишта на една скриена реалност која тој ја опишал како „природа“ или „Бог“. Физикалистите тврдат дека постојат само битија кои се основани на физикална теорија и дека умот на крај е објаснет во смисла на овие битија како што физикалната теорија продолжува да се развива. Идеалистите дебатираат дека умот е сè што постои и дека надворешниот свет е исто така создаден ментално или илузорно од страна на умот. Неутралните монисти се придржуваат кон верувањето дека постои некаква друга неутрална супстанца и дека материјата и умот се сопственост на оваа непозната супстанца. Најчестите монизми од XX и XXI век се варијации на физикализмот. Овие верувања ги вклучуваат бихевиоризамот, теоријата на различен идентитет, аномалниот монизам и функционализам. Најсовремените филозофи на умот ги присвојуваат и редуктивното и не-редуктивното физикално верување, тврдејќи на нивни различни начини дека умот е нешто одвоено од телото. Овие пристапи имаа влијание во науката, особено во областа на социобиологија, компјутерска наука, еволутивна психологија и неколкуте невро науки. Останатите филозофи, и покрај тоа, го присвојуваат не-физикалното верување кое го предизвикуваат мислењето дека умот е чисто физичка кнструкција. Редуктивните физикалисти докажуваат дека сите ментални состојби и особини на крај ќе бидат објаснети од страна на научните пресметки на психолошките процеси и состојби. Нередуктивните физикалисти дебатираат дека иако мозокот е сè што постои во умот, предикатите и речникот употребени во менталните описи и објаснувања се неопходни и не можат да бидат сведени на јазикот и на објаснувања на физикалната наука од пониско ниво. Постојаниот невронаучен напредок помогна за разрешавање на некои од овие проблеми. И покрај тоа, тие се далеку од тоа да бидат решени и модерните филозофи на умот продолжуваат да прашуваат како (ако воопшто) субјективните квалитети и намерата на менталните состојби можат да бидат објаснети со природни термини.
Хосе М.Р. Делгадо пишува, „Мислата на Аристотел опфаќа повеќе филизофски системи на Западот сè до денешно време и поделбата на човевековите функции како вегетативни, чувствителни, и рационални сè уште е корисна. Во денешно време употребата на зборовите душа и ум не се јасно одделени и некои луѓе, помалку или повеќе свесни, сè уште мислат дека душата а можеби и умот можат да влезат или да го напуштат телото како посебни делови.
Психологијата е наука која го изучува човековоте однесување, менталното функционирање и искуство а ноологијата ги проучува мислите. Двете заедно како академски и применети дисциплини од кои психологијата го вклучува научните проучувања на менталниот процес како што се перцепцијата, спознавањето, емоциите, личноста како и надворешните влијанија како што се општествените и културни влијанија и меѓучовечките односи со цел да ги подели теориите на човековото однесување. Психологијата исто така се однесува на применување на таквото знаење врз различни сфери на човековото однесување, вклучувајќи проблеми од секојдневниот живот на поединецот и лекување на ментални здравстени проблеми. Психологијата се разликува од другите општесвени науки (на пр. антропологија, економија, политички науки и социологија) поради нејзиното фокусирање на ниво на поединци или поединци во мали групи во однос на големи групи, институции или општества. Историски гледано, психологијата се разликува од биологијата и неврологија во тоа што главно се концентрира на умот наместо на мозокот. Современата психологија вклучува психолошки и невролошки процеси во нејзините концепти за перцепција, спознавање, однесување и психички пореметувања.
Развојот на човековата интелигенција се однесува на збир од теории кои се обидуваат да објаснат како човековата интелигенција се развивала. Ова прашање е тесно поврзано со развојот на човековиот мозок и појавата на човековиот говор. Временскиот период на развој на човекот опфаќа седум милиони години, од одделувањето на Пан гените до појавата на модерно однесување пред педесет илјади години. Во овој временски период, првите три милиони години се однесуваат на Цахелантропусот (од лат. Сахелантропус), следните две милиони години се однесуваат на Австралопитек, додека последниот период од два милиони години на историјата на вистинскиот човечки вид. (Палеолит). Многу особини на човекова интелигенција, како што се емопатија, теорија на ум, тагување, ритуали и употребата на симболи и алатки веќе се забележуваат кај напредните мајмуни иако помалку софистицирани отколку кај луѓето. Постои дебата помеѓу поддржувачите на идејата на неочекувана појава на интелигенција, или голем чекор напред и оние кои ја поддржуваат постепената или континуирана хипотеза.
Теориите на развојот на интелигенцијата ги опфаќаат:
Поради поделбата ум-тело, голем интерес и дебати се одвиваат околу прашањето „што се случува со свесниот ум на поединецот кога неговото тело умира.“ Постојаното губење на свест по смртта често се нарекува „вечно безсознание“. Вербата или верувањето дека умот се задржува по физичката смрт се опишува со терминот „задгробен живот“.
Во споредба со здравјето на телото можеме метфорично да зборуваме за состојба на здравје на умот или ментално здравје. Мериам Вебстер го дефирнира менталното здравје како „состојба на емоционална и психолошка благосостојба во која поединецот ќе може да ги користи своите спознавачки и емоционални способности, својата функција во општеството и да ги исполни барањата на секојдневниот живот.“ Според светската здравствена организација (СЗО), не постои „официјална“ дефиниција за ментално здравје. Културните разлики, субјективните проценувања и професионални теории за конкурирање, сите тие влијаат како се дефинира „менталното здравје“. Во главно, повеќето експерти се согласуваат дека менталното здравје и душевната болест не се спротивни. Со други зборови, отсуството на препознатливо умствено растројство не е сигурен показател за менталното здравје. Еден начин на гледање на менталното здравје е преку набљудување колку се ефективни и успешни функциите на една личност. Да се чувствува способна и подготвена, да се справува со нормални нивоа на стрес, да одржува задоволувачки врски, и да води независен живот и да може да се подигне или опорави од тешки ситуации, се знаци за ментално здравје. Психотерапијата е интерперсонална, функционална интервенција која ја користат обучени психотерепевти за да им помогнат на клиентите во нивните проблем. Тоа вообичаено вклучува зголемување на поединечното чувство на благосостојба и намалување на субјективните тешки искуства. Психотерапевтите користат низа техники градени врз основа на врски од искуство, дијалог, комуникација и промени во однесувањето, кои се создадени да го подобрат менталното здравје на клиентот или пациентот, или да ги подобрат групните врски (како што се семејните). Повеќето форми на психотерапија ја користат единствено говорната комуникација, иако некои исто така користат и други различни форми на комуникација како што е пишаниот збор, уметноста, драмата, прераскажувањето или терапевтскиот допир. Психотерапијата се случува во рамките на структурирана средба меѓу обучен терепевт и еден клиент или клиенти. Со една цел, теоретски заснована психотерапијата се појавила во XIX век со психоанализата и од тоа време резултатите од други пристапи се развиле и сè уште се создаваат.
Животинското спознавање, или когнитивна етологија, е наслов даден на современиот пристап кон ментелните капацитети на животните. Се развила од компаративната психологија, но била под силно влијание на пристапот на етологијата, бихевиористичката екологија и еволутивната психологија. Голем дел од она за што се сметал поимот животинска интелигенција денес се води под овој наслов. Придобивките од животинскиот говор за да се забележи и разбере степенот до кој животинското спознавање може да се открие од страна на јазичарите (поврзано проучување), беа контроверзни меѓу когнитивните јазичари.
Во 1950 година, Ален М. Туринг ја објави статијата „Компјутерска машинерија и интелигенција“ во весникот Ум, во која предложил, машините да може да бидат тестирани за интелигенција со користење на прашања и одговори. Овој процес сега е познат под името Тјурингов тест. Терминот вештачка интелигенција (ВИ) првпат го користел Џон Мекартни, кој смета дека значи „науката и техниката на правење интелигентни машини“. Исто така може да се однесува на интелигенцијата прикажана со вештачкото (направено од човекот, неприродно или рачно произведено) битие. ВИ е проучувана во полиња на компјутерската наука, психологијата, неврологијата и инженерството кои се преклопуваат. Тие се справуваат со интелигентно однесување, учење и приспособување и ВИ вообичаено се развива со користење прилагодени машини и компјутери. Истражувањата на ВИ се занимаваат со создавање машини за вршење автоматски задачи кои бараат интелигентно однесување. На пример, контролирање, планирање и распоредување, способност да одговорат на дијагностички прашања и прашања на потрошувачите, ракопис, природен говор, зборување и препознавање на лица. Како такви, проучувањето на ВИ исто така стана и инженерска дисциплина, фокусирана на наоѓање решенија на проблеми од вистинскиот живот, знаење, податочно рударење, софтверски апликации, стратегиски игри како компјутерски шах и други видео игри. Една од најголемите потешкотиии на ВИ е разбирањето. Многу уреди кои можат да прават неверојатни нешта веќе се создадени, но критичарите на ВИ тврдат дека сè уште вистинското разбирање од машините со ВИ не го зазело своето место. Дебатата за природата на умот е важна за развојот на вештачката интелигенција. Ако умот навистина е одвоен или има повикоса функција од онаа на мозокот, тогаш хипитетички би било многу потешко повторно да се создаде во една машина ако е воопшто возможно. Од друга страна, ако умот не е ништо повеќе од спој на функциите на мозокот тогаш би било возможно да се создаде машина со вистински ум (иако е возможно со компјутери многу поразлични од денешните), со самото признавање на фактот дека таква машина веќе постои во форма на човековиот ум.
Различните верски традиции придонесоа посебни перспективи за природата на умот. Индискиот филозоф-мудрец Шри Ауробиндо се обиде да ги обедини Источната и западната филозофска традиција со неговата споена психологија, како што тоа го правеле многу филозофи и нови верски движења. Јудаизмот учи „моацх схалит ал халев“ или умот владее со срцето. Луѓето можат да дојдат до Божествена интелектуалност, преку учење и однесување во согласност со божјата волја, како што е наведено во Тората и да го користат тоа длабоко логицно разбирање за да предизвикаат и водат емоционално возвишување за време на молитвата. Христијанството се обидувало да го гледа умот како различен од душата (на грчки ноус) и од духот. Западните езотерични традиции некогаш мислат на умствено тело кое постои на рамнина различна од физичката. Различни филозофски школи на Хиндуизмот дебатирале дали човековата душа (на Санкритски атман) е различна или идентична со Брахман, божествената реалност. Таоизамот гледа на човековото суштество како на граница со природните сили, а умот неразделен со телото. Конфуцијанизамот го гледа умот како телото односно како природно совршен. Според будистичкиот научник Дамакирти, дефиницијата на ум е она што има и јасност и препознатливост. Ако ги нема овие две особини тогаш не може да се нарече ум. Јасноста се однесува на фактот дека умот нема боја, форма, големина, место, тежина или каква било физичка одлика и дека им дава значење на содржините од искуството. Препознавањето се однесува на фактот дека умот е свесен за содржините од искуство и дека со цел да постои, умот мора да спознава предмети. Не може да имаме ум кој постои без да спознава предмет чија функција е да спознава предмети. Од таа причина, умот често се опишува во будизамот како „нешто што има содржина“. Умот, во Будизамот често се опишува како налик на простор и налик на илузија. Умот наликува на простор во смисла дека не е физички попречуван. Нема особини кои ќе го спречат неговото постоење. Умот наликува на илузија во смисла дека нема свои сопствени одлики. Тоа не значи дека не постои, туку постои на начин спротивен на нашиот вообичаен начин на погрешно перцепирање за тоа како постојат појавите според будизамот. Кога умот соодветно се спознава самиот себе без погрешно перцепирање на неговиот начин на постоење се чини дека постои како илузија. Не постои голема разлика меѓу „простор“ и „илузија“ и „налик на простор“ и „налик на илузија“. Умот не е составен од простор, тој само дели сличности карактеристични со просторот. Умот не е илузија, туку само дели сличности карактеристични со илузиите. Будизамот претпоставува дека не постои неделив, непроменлив идентитет (свое јас) или појава (крајно јас, свое јас, Атман, душа, самопостоење, Шива, Ишвара, човечко постоење) кое е искусувач на нашето искуство и агент на нашите активности. Со други зборови, човековите суштества се состојат речиси од тело и ум, и ништо повеќе. Во телото не постои дел или збир од делови кои сами по себе се личноста. Слично на тоа, во умот не постои дел или збир од делови кои сами по себе се личноста. Човековото суштество се состои од пет агрегати или скандхас и ништо друго. На ист начин умот е она што концептуално етикетирано врз нашето постоење за јасност и препознавање. Не постои нешто различно и одделно од јасноста и препознавањето што претставува ум во будизмот. Умот е оној дел од искуството што може да се однесува на умот според концептуалниот термин „ум“. Исто така не постојат предмети таму, ум ваму и искуство некаде помеѓу. Не постои трето нешто наречено искуство кое постои меѓу содржината на умот и она што го спознава. Постои само јасноста (која се појавува од самото искуство: форми, бои, мириси, вкусови, звуци, допири) и ништо друго. Тоа значи поточно дека не постои трето нешто наречено искуство ниту трето нешто наречено искусувач које носител на искуството. Ова е длабоко поврзано со „безличноста“. Очигледно искуството се јавува и е препознато од страна на умот н не постои трето нешто кое се изделува од она што е вистинскиот искусувач на искуството. Ова е тврдењето на Будизамот во однос на умот и крајната природа на умовите (и луѓето).
Парапсихологијата е наука која изучува одредени видови паранормални појави или појави кои за се мисли дека се паранормални, на пример предзнаењето, телекинезата и телепатијата. Терминот е формиран од грчкиот збор пара (покрај/над), псѕцхе (душа/ум) и логос (сметка/објаснување) и го составил психологот Макс Десоар во или пред 1889 година. Џ. Б. Рајн подоцна ја воведе парапсихологијата како замена за претходниот термин психолошко истражување за време на промените во методологиите кои придонеле екпериментални методи за изучување на психичките појави. Парапсихологијата е контроверзна, и има многу научници кои веруваат дека психичките способности не се докажани дека постојат. Положбата што ја зазема парапсихологијата исто така се расправа, кај многу научници таа дисциплина ја сметаат како псевдонаука.
Меметиката е теорија на ментално задоволство кое се заснова на еволуцијата на Дарвин, која потекнува од Ричард Дакинс и Даглас Хофстадер во 1980те. Се чини дека е пристап до еволутивните модели за пренос на културни информации. Меме парарелно на гене, е идеја, верување, форма на однесување (итн.) која се наоѓа во еден или повеќе умови и која може да се репродуцира од еден во друг ум. Оттука она што би се гледало како еден поединец кој влијае на друг да присвои верување се гледа меметички како идеја која самата се репродуцира. Како во генетиката, според толкувањето на Давкин, успехот на идејата се должи на нејзиниот придонес кон делотворноста на нејзиниот домаќин ( односно идејата е корисна, поволна идеја) или може да биде „себична“, и во тој случај може да се смета „како вирус на умот“.
Повеќе за Mind на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.