From Wikipedia, the free encyclopedia
Свиена согласка (ретрофлексна согласка) — преднојазична согласка каде јазикот може да има рамен, вдлабнат или извиен облик articulated between the венецот (алвеола) и тврдото непце. Се нарекуваат и церебрални согласки.
Свиена согласка | |
---|---|
◌̢ | |
◌˞ | |
Во меѓународната фонетска азбука (МФА), свиените согласки се означуваат со подредно ченгелче во долниот десен дел, како кај [ʂ ʐ ʈ ɖ ɳ ɭ ɽ ɻ]. Кај гласовите со релативно предна творба (на пр. кај венечното или задновенечното подрачје наместо тврдото непце), се означуваат со подредна долна црта (подвлечено); ова означување особено важи за [s̱ ẕ], додека другите вака означени гласови како [ṉ ḻ ḏ] се однесуваат на венечно-заднонепчени наместо на свиени согласки.
Иако нема прецизни податоци, се смета дека свиените согласки се присутни во 20% од јазиците на светот.[1].
Според МФА, свиените согласки се претставуваат на следниов начин:
МФА | Опис | Пример | |||
---|---|---|---|---|---|
Јазик | Правопис | МФА | Значење | ||
свиена носна согласка | шведски | Vänern | [vɛː.neɳ] | Венерн | |
безвучна свиена избувна согласка | хинди | टापू (ṭāpū) | [ʈaːpuˑ] | остров | |
звучна свиена избувна согласка | шведски | nord | [nuːɖ] | север | |
безвучна свиена струјна согласка | мандарински | 上海 (Shànghǎi) | [ʂɑ̂ŋ.xàɪ] | Шангај | |
звучна свиена избувна согласка | руски полски |
жаба żaba |
[ʐaba] | жаба | |
свиена приближна согласка | тамилски | தமிழ் (Tamil) | [t̪ɐmɨɻ] | тамилски | |
свиена странична приближна согласка | шведски | Karlstad | [kʰɑːɭ.sta] | Карлстад | |
свиена едноударна согласка | хауса | shaara | [ʃáːɽa] | метење | |
(ɺ̢) | свиена странична едноударна согласка | паштунски | ړوند | [ɺ̢und] | слеп |
ǃ˞ (‼) | (звучна) свиена чкрапава согласка | среднобушмански | — | [ɡǃ˞ú] | вода |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.