холандски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Ники Терпстра (холандски: Niki Terpstra; р. 18 мај 1984 во Бевервeјк) — холандски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Тим ТоталЕнержи.[1] Негов брат е велосипедистот Мике Терпстра.[2]
Терпстра на Е3 Харелбеке 2015 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Ники Терпстра | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 18 мај 1984 Бевервејк, Холандија | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,86 м | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Маса | 74 кг | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | Тим ТоталЕнержи | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски и велодромски велосипедизам | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Вид на возач | специјалист за класици | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2003–2004 2005 2006 2007–2010 2011–2018 2019- | Берт Стори-Пилс АХА Убинк-Синтек Тим Милрам Квик Степ Директ Енержи | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Последна промена 26 јануари 2019 |
Тој е трет холандски велосипедист кој ги освоил обата калдрмисани пролетни класици, Париз-Рубе и Трката околу Фландрија, по Јан Рас и Хени Кајпер.
Терпстра е роден на 18 мај 1984 година во Бевервејк во Холандија.
Бил дел од екипата која го освоила сребрениот медал на екипната потера на Светското велодромско првенство 2005, заедно со Леви Хајманс, Јенс Мурис и Петер Схеп. Со четвртото место на Три дена на Де Пане, по 14. место на Трката околу Фландрија 2008, младиот Терпстра покажал знаци на значителен талент.
Помеѓу 2007 и 2010 година, Терпстра возел за германската екипа Тим Милрам. Во 2009, Терпстра ја освоил третата етапа од Критериум ду Дофине Либере 2009, стекнувајќи ја истовремено и жолтата маичка, која ја носел еден ден.[3]
Во 2011 година, Терпстра се приклучил на белгиската екипа Квик Степ.
Во 2012, Терпстра ја однел престижната победа на Дварс дор Вландерен, победувајќи сам откако бил напред цел ден. Се одвоил од бегството на Уде Кваремон со Јеле Валајс од Топспорт Вландерен-Меркатор. Го отфрлил Валајс на Патерберг и ја завршил сам трката со предност од 47 секунди пред Французинот Силвен Шаванел.[4]
Во 2014 по првпат освоил етапна трка со победа на Трката околу Катар. Терпстра продолжил со добрата форма на класиците, завршувајќи петти на Омлоп Хет Ниусблад, освојувајќи го Дварс дор Вландерен по вторпат во кариерата и завршувајќи шести на Трката околу Фландрија. На 13 април 2014 ја освоил класичната трка Париз-Рубе, завршувајќи сам, откако нападнал од водечката група од 11 возачи на 6 километри до целта.[5]
Во 2015 година, Терпстра ја одбранил неговата титула на Трката околу Катар, одржувајќи го водството во трката по победата на поединечниот хронометар на третата етапа.[6] На Омлоп Хет Ниувсблад, Терпстра го направил одлучувачкото бегство на четворица возачи, заедно со колегите Том Бонен и Стејн Ванденберг и со Ијан Станард (Тим Скај). Откако Станард го затворил нападот на Бонен во последните метри, Терпстра се обидел на противнапад, но Ванденберг ја достигнал разликата, дозволувајќи му на Станард да нападне и само Терпстра успеал да го следи. Станард го победил Терпстра во спринтерската завршница.[7] Во март, Терпстра имал одреден успех, најпрвин со второто место на Трката околу Зеланд. Потоа, со второто место на подиумот на многу ветровитото издание на Гент-Вевелгем, каде го добил спринтот за второто место откако Лука Паолини сам ја поминал целта.[8] На неговата следна трка, Трката околу Фландрија, се одвоил од групата со Александер Кристоф на 30 километри пред целта, но не можел да го победи Кристоф во завршниот спринт, завршувајќи ја трката на второто место.[9] Во јуни го освоил националното друмско првенство во масовен спринт, изненадувајќи ги спринтерите.[10]
Во 2016 година, Терпстра победил на Енеко Тур 2016 во драматична завршница на дожд на последната етапа откако претходниот предводник на трката Роан Денис (Ванти-Груп Гобер) паднал. Етапата имала калдрма и искачувања користени на класиците, каде Денис најпрвин отпаднал од групата, а подоцна целосно се откажал поради неговите повреди. Терпстра, кој ја започнал завршната етапа на петтото место, бил дел од првата група и завршил една секунди зад етапниот победник Едвалд Боасон Хаген (Дименжн Дата).[11]
Во 2018 година, Терпстра ја освоил Е3 Харелбеке, доаѓајќи сам на целта откако нападнал на искачувањето Тајенберг со колегата Ив Ламперт на повеќе од 70 километри до целта. Терпстра завршил 20 секунди пред групата, предводена од неговиот колега Филип Жилбер и станал прв Холанѓанец кој победил на Е3 Харелбеке по Стевен де Јонг во 2003 година.[12] Терпстра ја освоил Трката околу Фландрија 2018 со напад кон крајот. Откако го следел нападот од Винченцо Нибали на искачувањето Крејсберг, Терпстра го поминал Италијанецот набрзо потоа, подоцна ги достигнал тројцата возачи од раното бегство на завршното искачување на Ауде Кваремонт. Терпстра останал сам во завршните 25 километри, завршувајќи 12 секунди пред возачот на Трек-Сегафредо, Мадс Педерсен од раното бегство и од колегата и бранителот на титулата Филип Жилбер, кој ја предводел групата како трет.[13] Тоа било негова втора победа на „монумент“[14] и станал прв холандски возач по Адри ван дер Пул во 1986 година кој ја освоил Трката околу Фландрија,[15] Следната недела, Терпстра завршил трет на Париз-Рубе 2018, доведувајќи ја групата со 57 секунди зад победникот Петер Саган и Силван Дилје.[16]
Во 2019 година, Терпстра возел за француската екипа Директ Енержи.[17]
СО = се откажал; — = не учествувал
Распоред на резултатите на монументите | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Монумент | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 |
Милано-Санремо | — | 38 | 45 | СО | — | — | — | — | — |
Трка околу Фландрија | — | — | 6 | 113 | 6 | 2 | 10 | 3 | 1 |
Париз-Рубе | — | — | 5 | 3 | 1 | 15 | СО | СО | 3 |
Лиеж-Бастоњ-Лиеж | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
Џиро ди Ломбардија | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
Класици | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 |
Омлоп Хет Ниусблад | 87 | 6 | – | 99 | 5 | 2 | 30 | 51 | 52 |
Курне-Брисел-Курне | СО | – | – | – | СО | – | 56 | – | 54 |
Ле Самин | – | 18 | – | – | – | 13 | 1 | – | 1 |
Страде Бјанке | – | – | – | – | – | 55 | – | – | – |
Е3 Харелбеке | – | 14 | 25 | СО | 2 | 14 | 13 | 19 | 1 |
Гент-Вевелгем | СО | – | – | – | – | 2 | 21 | 4 | 39 |
Дварс дор Вландерен | 3 | 30 | 1 | 11 | 1 | 18 | 35 | 25 | 9 |
Схелдепрејс | 125 | – | – | – | – | – | – | – | – |
Амстел Голд Рејс | СО | – | 28 | СО | – | – | – | – | – |
Бинше-Шиме-Бинше | – | – | – | – | 42 | 38 | – | 54 | – |
Париз-Тур | 91 | – | 3 | 10 | – | 30 | – | 3 | 2 |
СО = се откажа; — = не настапил
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.