Remove ads
дански велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Мадс Педерсен (дански: Mads Pedersen; р. 18 декември 1995 ) — дански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Лидл-Трек.[1]
Педерсен во 2017 година | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Мадс Педерсен | ||
Роден | 18 декември 1995 Данска | ||
Висина | 1,79 м | ||
Маса | 70 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Лидл-Трек | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за класици | ||
Професионални клубови | |||
2014–2015 2016 2017- | Култ Енерџи-Витал Вотер Стелтинг Сервис Груп Трек-Сегафредо | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 16 август 2020 |
Во септември 2019 година го освоил Светското друмско првенство во Јоркшир, Англија, и станал прв дански возач кој го освоил првенството во друмска категорија.
Во 2013 година, Педерсен ја освоил трката Париз-Рубе за јуниори и го освоил сребрениот медал на Светското јуниорско друмско првенство. Педерсен ја освоил Гент-Вевелгем под 23 години, Трката околу Норвешка под 23 години и етапа на Тур де л’Авенир пред да стане професионалец.[2]
Во август 2016 година, Трек-Сегафредо објавиле дека потпишале со Педерсен до 2018 година.[3]
Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2017.[4] Исто така, станал национален првак на Данска и ја освоил трката Тур ди Поату Шарант откако го освоил хронометарот.[2] Во септември 2017 година, Педерсен ја освоил Трката околу Данска.[5]
Во април 2018 година завршил на второто место на Трката околу Фландрија откако го следел бегството.[6] Педерсен нападнал пред Копенберг на само 50 километри до целта и му се приклучил Дилан ван Барле (Тим Скај) и Себастијан Лангевелд (ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак). Крајниот победник Ники Терпстра (Квик-Степ Флорс) го достигнал и го поминал Педерсен на последното качување на Ауде Кваремонт и ја освоил трката, но Педерсен успеал да се одржи пред светскиот првак Петер Саган (Бора-Хансгрое) и да биде на подиумот како најмлад возач во последните 40 години.
На 29 септември 2019 година, Педерсен го освоил Светското друмско првенство во врнежливи услови во Јоркшир, Англија.[7] Тој бил прв дански возач кој го освоил првенството во друмска категорија.[8]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.