швајцарски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Силван Дилје (француски: Silvan Dillier; р. 3 август 1990 ) — швајцарски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата АГ2Р Ситроен Тим.[1]
Дилје на Брабантсе Пејл 2015 | ||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Силван Дилје | |||||||||||||||||
Роден | 3 август 1990 Баден, Швајцарија | |||||||||||||||||
Висина | 1,83 м | |||||||||||||||||
Маса | 75 кг | |||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||
Мом. клуб | АГ2Р Ситроен Тим | |||||||||||||||||
Дисциплина | друмски и велодромски велосипедизам | |||||||||||||||||
Улога | возач | |||||||||||||||||
Вид на возач | универзален возач | |||||||||||||||||
Аматерски клубови | ||||||||||||||||||
2010 2012 2013 2013 | Шамбери Сиклисм ЕКЦ Рејсинг БМЦ Развојна екипа Аксент Џобс-Ванти (стажант) | |||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||
2011 2014–2017 2018- | Тим Предарлска Ванти-Груп Гобер АГ2Р-Ла Мондијал | |||||||||||||||||
Значајни победи | ||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||
Последна промена 2 јануари 2019 |
Во 2008 година станал швајцарски националниот јуниорски хронометарски првак; во 2009 година друмски првак под 23 години, а во 2010 и 2011 година хронометарски првак под 23 години.
Во 2012 година освоил етапа на Тур де л’Авенир.
На Трката околу Алберта 2013 ја освоил втората етапа, додека возел за БМЦ како стажант.[2] Ова му го донело првиот професионален договор за 2014 година со БМЦ.[3] Престојува во Шнајсинген.
Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2016.[4]
Дилје возел на Џиро д’Италија 2017,[5] и ја освоил шестата етапа во меѓусебниот спринт со Јаспер Стејвен (Трек-Сегафредо) откако двоецот бил во петчлено бегство кое јасно се одвоило од главната група скоро цела етапа. [6] Во јуни 2017 година, Дилје ја освоил првата етапна трка, Рут ди Сид.[7]
Дилје се приклучил на АГ2Р-Ла Мондијал за сезоната 2018 како засилување на екипата за класичните трки, но го скршил прстот на Страде Бјанке 2018. Се вратил на трки во април 2018 година на трката Рут Адели.[8] На Париз-Рубе 2018, Дилје бил дел од деветчленото рано бегство кое избегало од главната група по еден час возење и бил напред со Јеле Вале (Лото-Судал), додека двоецот не бил достигнат од светскиот првак Петер Саган (Бора-Хансгрое), кој нападнал од групата на фаворити на 53 километри пред целта. Дилје успеал да остане и да работи со Саган до завршницата на велодромот во Рубе, каде Саган го освоил меѓусебниот спринт.[9] Во јули 2018 година бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2018.[10]
Монумент | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 |
---|---|---|---|---|---|
Милано-Санремо | — | 38 | — | 125 | — |
Трка околу Фландрија | 46 | 61 | — | 49 | — |
Париз-Рубе | СО | — | — | — | 2 |
Лиеж-Бастоњ-Лиеж | — | — | 123 | — | — |
Џиро ди Ломбардија | — | — | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.