Боровинка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Боровинка[1][2] — познато растение како народен лек против шеќерна болест, толку е делотворна што некои го нарекуваат растителен инсулин. Плодот е бобинка и се нарекува боровинка.
Боровинка | |
---|---|
Северна грмушеста боровинка | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Ред: | Вресовидни |
Семејство: | Вресови |
Род: | Боровинка |
Отсек: | Cyanococcus Rydb. |
Species | |
See text |
Чинија со боровинки | |
Хранлива вредност на 100 г | |
---|---|
Енергија | 240 kJ (57 kcal) |
14,49 g | |
Шеќери | 9,96 g |
Влакна | 2,4 g |
Масти | 0.33 g |
0,74 g | |
Витамини | |
Витамин А (екв.) лутеин зеаксантин | (0 %) 32 μг80 μг |
Витамин А | 54 МЕ |
Тиамин (Б1) | (3 %) 0,037 мг |
Рибофлавин (Б2) | (3 %) 0,041 мг |
Ниацин (Б3) | (3 %) 0,418 мг |
Пантот. кис. (Б5) | (2 %) 0,124 мг |
Витамин Б6 | (4 %) 0,052 мг |
Фолна кис. (Б9) | (2 %) 6 μг |
Витамин Ц | (12 %) 9,7 мг |
Витамин Е | (4 %) 0,57 мг |
Витамин К | (18 %) 19,3 мг |
Минерали | |
Калциум | (1 %) 6 мг |
Железо | (2 %) 0,28 мг |
Магнезиум | (2 %) 6 мг |
Манган | (16 %) 0,336 мг |
Фосфор | (2 %) 12 мг |
Калиум | (2 %) 77 мг |
Натриум | (0 %) 1 мг |
Цинк | (2 %) 0,165 мг |
Други состојки | |
Water | 84 g |
| |
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД. Извор: База за хранливост — USDA |
Истражувањата покажале дека боровинките го забавуваат процесот на стреење, ја запира почетната фаза на развој на карцином, ја подобрува функцијата на видот и помага во контролата на дијабетесот.
Боровинките растат како грмушка, цветаат од мај до јуни, а вкусните плодови во вид на бобинки созреваат од јули до септември. Лековити се и нежни зрелите плодови и лисјата. Листовите се берат пред узревање на плодовите и се сушат на суво место и на провев. Зрелите плодови се берат во лето, а се сушат на сонце. Плодот е темносино - црна округла, сочна бобинка, со пријатен киселкасто - сладок вкус, малку со остар вкус. Како лек се користат свежи и суви бобинки, сок од зрели бобинки, сируп и вино.
Од боровинки се подготвуваат чаеви за лекување на чир, пролив, недостаток на апетит, шеќерна болест и други. Бидејќи боровинките се многу здрави, треба што почесто да се користат во исхраната.[3]