Вресовидни
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вресовидни (науч. Ericales) — голем и разновиден ред на дикотиледони, каде припаѓаат разни познати растенија како чајот, рајското јаболко, боровинката, бразилскиот орев и азалејата. Во редот влегуваат дрва и грмушки, лијани и билни растенија. Покрај обичните автофитни растенија, во Вресовидните има и микохетеротрофни растенија сиромашни со хлорофил (на пр. Sarcodes sanguinea) и месојадни растенија (на пр. родот сарацении).
Вресовидни | |
---|---|
Rhododendron simsii | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Евдикоти |
Нерангирано: | Астериди |
Ред: | Вресовидни Dumort., 1829 |
Фамилии | |
Во текстот. |
Многу видови имаат венче со по пет ливчиња, често сраснати. Сраснатоста на ливчињата е одлика според која редот традиционално се става во поткласата Sympetalae (сраснатолисни).[1]
Интересна особина на Вресовидните е микоризата. Честа појава кај членовите на редот е симбиотичното присуство на габи на корењата, а постојат три посебни типа што се среќаваат само во кај Вресовидните (ерикоидни, арбутоидни и монотропоидни микоризи). Покрај ова, извесни фамилии во редот имаат исклучителна способност да насобираат алуминиум.[2]
Вресовидните се космополитски ред. Распределеноста на членовите се разликува во голема мера - додека едни се ограничени на тропите, други постојат претежно на Арктикот или умерените краишта. Редот во целина содржи над 8000 видови, од кои во фамилијата Вресови (Ericaceae) спаѓаат 2000-4000 видови.