Биномна номенклатура
From Wikipedia, the free encyclopedia
Формалниот систем на именување на видовите се нарекува биномна номенклатура или бинарна номенклатура.
Суштината на овој систем на именување е следнава: називите на видовите се образуваат од научни латински поими (т.е. новолатински поими или латинизции), и се состојат од два дела - род и вид, како на пр. Homo sapiens - името на човечкиот вод. Дводелното име на видот се нарекува латински назив. Меѓутоа биолозите и филолозите го претпочитаат поимот научен назив бидејќи зборовите што се користат не секогаш се латински, и покрај тоа што се латинизирани за да се ускладат. Имињата напати се изведуваат од старогрчки корени или од разни други јазици. Доста видови се наречени по по презимето на некој истакнат научник, или пак латинизирана варијанта на некој локален топоним.
Карл фон Лине (познат и како „Линеј“ или Linnaeus) одбрал именувањето да се врши со два збора, но притоа не го користел подоцнежниот целосен систем од седум категории (царство-колено-класа-ред-фамилија-род-вид.) Линеј се решил за биномна номенклатура, користејќи ги само родовото и видовото име или епитет, кои заедно образуваат целосното име на видот. На пример, човекот припаѓа на родот Homo, а видовото име му е sapiens. Така, луѓето се класификуваат како Homo sapiens. Првата буква од првиот збор секогаш е голема, додека онаа на вториот е мала, дури и ако е изведена од лична именка (име на лице или место). Родовите и пониските таксони секогаш се претставуваат со закосени букви, додека фамилиите и погорните таксони се оставаат напишани обично. Видовите можат да се поделат и на пониски рангови, така образувајќи „триномен назив“ за подвидови и други пониски рангови („триномен“ за животни, а „тринарен назив“ за растенија).
Во биолошката литература, името на видот е проследено со името на одговорното лице и годината на опис. Така, во зоологијата го имаме видот: Patella vulgata Linnaeus, 1758. Името „Linnaeus“ укажува на научникот што го опишал видот; 1758 е годината на издавање на тој опис – во овој случај, делото „Систем на природата“ (Systema Naturae).