From Wikipedia, the free encyclopedia
Габа — еукариотски организам што ја вари храната надворешно и ги прима хранливите молекули во нејзините клетки. Габите се многу значајни економски: квасецот е одговорен за ферментацијата на пивото и лебот и фармите со печурки се голема индустрија во некои земји. Габите се основни разградувачи на мртвите растенија и живата материја во многу екосистеми, и вообичаено можат да се видат во стар леб како мувла. Но, комплексната биологија на габите се проширува многу повеќе од ова вообичаено знаење за нив.
Габи | |
---|---|
Научна класификација | |
Домен: | Еукариоти |
Нерангирано: | Заднокамшични |
Царство: | Fungi (L., 1753) R.T. Moore, 1980 |
Габите се неподвижно прицврстени за земјата и без хлорофил. Тие се сувоземни форми, иако нивниот развој бара влага. Само најпримитивните од нив живеат во вода. Најголема група претставуваат почвените габи. Други се паразити на животните или растенијата. Трети се наоѓаат на органски отпадоци, производи, стакло, дрвесина. Воопшто нема материја, над која не би можеле да се развијат габи при присуство на топлина и влага. Телото им е изградено од нишки (хифи). Севкупноста од хифи се определува како мицелиум. Кај пониските организми мицелиумот е едноклеточен. Кај едни форми клетките имаат сферична форма, со едно клеточно јадро (квасни габи), а кај други мицелиумот има типичен вид - клетката е силно разгранета и повеќејадрена (мувла). Кај вишите габи мицелиумот е повеќеклеточен и клетките се двојадрени.
Пигментираната клеточна обвивка е изградена од хитинска материја или (кај некои попримитивни видови) од целулоза и пектин. Во клетките на габите нема хлоропласти. Во клетките како резервна материја не се натрупува скроб како кај растенијата, туку гликоген и масти карактеристични за животните.
Габите се размножуваат бесполово, со спори, кои носени од ветерот можат да се пренесат на големи растојанија. Тие можат да се размножуваат бесполово со кинење на делови од хифите и со пупење. Има габи кои се размножуваат полово.
Има повеќе видови на габи и тоа:
Вистинските габи се класифицирани во неколку класи: Нижи габи - Phycomycetes, Столпчести габи - Basidiomycetes, Торбести габи - Ascomycetes, Лишаи - Lichenes.
„Габа“ на Ризницата ? |
Видете габа во Викиречник, слободниот речник. |
Оваа статија од областа на биологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.