Леб

From Wikipedia, the free encyclopedia

Леб

Лебот е дел од основните состојки во исхраната. Тој се подготвува со печење, парење или пржење на тесто кое претежно се состои од брашно и вода. Солта најчесто е потребна, а често се користи и квасец. Некои видови леб содржат и зачини и зрна како сусам и мак кои можат да се користат и за декорација.

Thumb
Француски леб.
Thumb
Жителите на Северна Америка и Европа често јадат засечен бел леб.
Thumb
Европски сладок леб (милиброд, козињак)
Thumb
Различни додатоци на различни видови леб.

Лебот може да се јаде сам,намачкан со путер, путер од кикиритки, маргарин, или сладок намаз како џем, желе, мармалад, мед, или пак се користи како дел од сендвичи. Може да биде само печен или дополнително печен на тостер и може да се сервира на секаква температура и на секое место.

Историја

Thumb
Продавање на леб во Сараево, 1912 година.

Лебот претставува една од првата храна што луѓето ја приготвувале. Некои докази од Европа и Австралија покажуваат остатоци од скроб на камење кои се користеле за толчење на растенијата пред 30,000.[1][2] Можно е во тоа време, екстрактите од скроб добиени од корењата на растенија, како рогоз и папрат, да биле поставувани на рамна карпа, и печени на оган при што се добивала примитивна форма на леб. Најстар доказ дека леб се правел пред 14,500 години е пронајден во североистокот на јорданската пустина.[3][4] Околу 10,000 п.н.е., со почетокот на неолитот и ширењето на земјоделството, житарките станале главен продукт за добивање на леб. Спорите на квасецот се насекаде присутни, вклучително и на површината на житните зрна, па така секое тесто оставено само по себе е потквасено.[5]

Лебот како тема во уметноста и во популарната култура

Лебот се јавува како тема во дела од уметноста и популарната култура, како:

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.