Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сусам, поточно индиски сусам (науч. Sesamum indicum) — суптропско маслодајно растение растение од семејството на сусамите (Pedaliaceae). Сусамот е висока едногодишна билка со мешункаст плод, чие семе се бере зрело, а потоа се суши.
Сусам | |
---|---|
Сусамови растенија | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Евдикоти |
клад: | Астериди |
Ред: | Усноцветовидни |
Семејство: | Сусами |
Род: | Сусам |
Вид: | Сусам |
Научен назив | |
Sesamum indicum L. | |
Синоними[1] | |
|
Сусамот најмногу се одгледува во Кина, Индија и Судан. Во Македонија, сусамот се одгледува на околу 1.000 хектари, а просечниот принос е 300-400 килограми од еден хектар, односно годишно се добива по 400 тони сусамово семе. Тиквешијата е главно подрачје за одгледување сусам.
Семето на сусамот содржи 45-60 % квалитетно масло, кое се користи во производството на масло за јадење, маргарин и путер и како додаток на пекарските производи.
За лековитото дејство на сусамот против ќелавост, првут, забоболка, ишијас и нарушување на доењето знаеле уште старите Египќани, Асирците, Вавилонците, Индусите и Кинезите. Семето на сусамот содржи висока концентрација на фитостерол, хемиска материја слична на холестеролот и која има моќ да го регулира нивото на холестерол во крвта, да го подобри имунитетот и да го намали ризикот од појава на одредени видови карцином. Исто така, маслото од сусам помага против појавата на тромб, односно згрутчување на крвта, како и против долготраен запек. Оттука, тоа се препорачува за отстранување на цревните паразити, за чистење на цревата и за лекување на хемороидите. Во народната медицина, сусамот се користи во лекувањето на повреди, акни, чиреви, брадавици и изгореници.28
Сусамот е многу богат со железо, а во него се присутни и други минерали, како: калциум, манган, бакар, магнезиум и селен. Од витамините, во сусамот има најмногу витамин Е, кој е моќен антиоксиданс, но тој е одличен извор и на витамин Б1, фолна киселина, пиридоксин Б6, ниацин и рибофлавин. Понатаму, во него има сезамин кој е важен во заштитата на црниот дроб, како и лигнан кој ги намалува холестеролот и крвниот притисок, а го зголемува витаминот Е. Сусамот е делотворен против воспаленија и болки од ревматоиден артритис, како и при напади на астма. Најпосле, во азиските земји, сусамот се смета за силен афродизијак.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.