Вресови
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вресови (науч. Ericaceae) — семејство на цветни растенија кои не трпат базни (варовнички) почви (калцифугни растенија). Најпогодни за нивниот развиток се киселите (силикатни) почви. Многу добро познатите членови на ова семејство живеат во умерените региони, како што се боровинката, азалејата и рододендронот. Но, во ова семејство се среќаваат и доста тропски видови на растенија.[1]
Вресови | |
---|---|
Дрвенест врес (Erica arborea) | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Скриеносеменици |
Класа: | Дикотиледони |
Ред: | Вресовидни |
Семејство: | Вресови Juss. |
Родови | |
во текстот. |
Ericaceae се состои од тревести растенија, грмушки и дрвја со листови кои се најчесто последователни, прости и без прилисници и со хермафродитни цветови. Цветовите покажуваат значително разнообразие. Венечните ливчиња се најчесто споени (симпетални) со тесно-цевкаста, инковидна или чиниеста форма. Тие обично се радијално симетрични (актиноморфни), но многу цветови од родот Rhododendron се донекаде билатерално симетрични (зигоморфни).
Скорешните генетски истражувања од страна на APG резултираа во вклучување на претходно признаените семејства Empetraceae, Epacridaceae, Monotropaceae, Prionotaceae и Pyrolaceae во Ericaceae. Повеќето претставници од Ericaceae формираат ерикоидна микориза. Овој симбиотски однос се смета за неопходен во развитокот на единките.