Витамин Е
vitamin e / From Wikipedia, the free encyclopedia
Витаминот Е (токоферол) е откриен во 1922 г.[1] и е комплексно име за осум антиоксиданси: четири токофероли (α-, β-, γ-, δ-) и четири токотриеноли (α-, β-, γ-, δ-). Единствената форма која што активно се задржува во човечкото тело е α-токоферол. Тој е растворилив во масти и почесто може да се најде во растителните производи, отколку во производите од животинско потекло. Витаминот Е има важна улога во метаболизмот: се нарекува и „витамин на убавината“, бидејќи ги поттикнува бројните хемиски реакции во организмот, кои ја подобруваат состојбата на кожата. Тој е јак антиоксиданс и има позитивен ефект на сите типови на кожа. Витаминот Е првпат беше откриен во 1922 година од страна на научниците Еванс и Бишоп како непозната Б компонента потребна за размножување на женски стаорци. Студијата беше веднаш објавена, а првично супстанцијата беше насловена како „Причина Х“ и „Причина против неплодност“, а подоцна Еванс доброволно се пријави доброволно да го усвои буквата Е за тоа - по неодамнешното откритие.[2]