![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/ee/Fabian-Cancellara_%2528cropped%2529.jpg/640px-Fabian-Cancellara_%2528cropped%2529.jpg&w=640&q=50)
Фабијан Канчелара
швајцарски велосипедист / From Wikipedia, the free encyclopedia
Фабијан Канчелара (италијански: Fabian Cancellara; р. 18 март 1981 ) — поранешен швајцарски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2001-2016. Канчелара постигнал голем успех во велосипедизмот откако станал професионален велосипедист. Тој е познат како квалитетен специјалист за хронометри,[2] за класици и помошник на неговите колеги кои се натпреваруваат во генералниот пласман.
![]() Канчелара на Светските друмски првенства 2010 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Фабијан Канчелара | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Прекар | Спартак[1][2] | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 18 март 1981(1981-03-18) (43 г.)[3] Волен кај Берн, ![]() | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,86 м[3] | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Маса | 82 кг[3] | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | пензиониран | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Вид на возач | специјалист за хронометри и класици | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Аматерски клубови | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2000 | Мапеи-Квик Степ (стажант) | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2001–2002 2003–2005 2006–2010 2011–2016 | Мапеи-Квик Степ Фаса Бортоло Тим ЦСЦ Леопард Трек | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Значајни победи | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Канчелара започнал со велосипедизам на 13 години на стар велосипед. Потоа, започнал да го сфаќа спортот посериозно и победил на две последователни Светски јуниорски хронометарски првенства во 1998 и 1999. На 19 години станал професионалец и потпишал со екипата Мапеи-Квик Степ, каде возел како стажант.
Откако станал професионалец, Канчелара возел за четири професионални екипи. Постигнал голем успех на класиците; трипати победил на Париз-Рубе, еднаш на Милано-Санремо и трипати на Трката околу Фландрија. Канчелара ја освојувал воведната етапа на Тур де Франс пет пати и ја носел жолтата маичка 29 дена, што е најмногу за еден возач кој никогаш не го освоил Тур.[4] Неговиот успех не бил ограничен само на хронометрите и класиците, бидејќи тој ги има освоено и генералните пласмани на Тирено-Адријатико, Тур де Свис и Трката околу Оман. Во 2008 година го освоил златниот медал на поединечниот хронометар и сребрениот медал на друмската трка на Летните олимписки игри. Дополнително, Канчелара е четирикратен светски хронометриски првак.