Правилникот на ВМОРО е последниот голем нормативен акт на Македонската револуционерна организација донесен на Рилскиот конгрес во 1905 година. Со овој правилник биле регулирани голем број на внатрешни и надворешни прашања кој дирекно или индирекно ја засегале самата Организација и бил направен обид за ставање крај на расколот и поделбата кои настанале по Илинденското востание меѓу нејзините дејци.
Кратки факти Македонска револуционерна организација (МРО) ...
Правилникот бил заоснован врз постарите нормативни акти но сега секако се дало акцент на постојните услови и затоа тој има одреден број на новини кој ги немало во претходните акти.
Правилникот се сосотои од 216 члена поделени во XVI глави.
Во I глава се регулирани прават и должностите на Организација, во II глава се регулирани должностите на селските и градските комитетии, III глава се однесува на реонските комитети, во IV глава се регулирани должностите на околиските комитети, во V глава се разработени должностите на Окружните комитети, VI глава се однесува на Централниот комитет и неговите права и должности, во VII глава се регулирани должностите на Претставничкото тело (ПТ), VIII глава ги уредува контролните комисии, IX глава се однесува на конгресот, во X глава е регулирано финансирањето на Организацијата. XI глава се однесува на начинот на воружување додека пак во XII глава е определен начинот на коресподенција и чувањето на архивите, XIII глава се однесува на пошта. XIV глава се однесува на судското устројство на Организацијата, а XV глава се однесува на граѓанските судови. Во последната глава во член 215 се вели дека за четите постоои посебен правилник, а во последниот член дека за зачувување на единството насила е само овој Правилник.
Глава I
Новина во оваа глава е членот 3 и оваа одредба посебно ги засегала оние членови кој одамна ја напуштиле Македонија, а сепак од надвор сакале да се мешаат и да одлучуваат за македонското движење.
Член 1. Член на ВМОРО може да биде секој кој живее во Европска Турција без разлика на пол, народност, вера и убедување.
Член 3. Секој член кој ја напуштил организациската територија, дали бил тој службено лице или не, ги губи правата сè додека е надвор.
Член 13. Секој член кој настрадал при извршување на организациски работи - тој и неговото семејство имаат право на помош. Големината на помошта се определува од надлежниот комитет.
Член 18. Од секокој населен пункт со повеќе од 15 члена се составува група од по десет души секоја. Настанувањето на членовите по групи настанува по желба, а не по распоредување.
Член 19. Групите се управуваат од десетници
Член 21 Мандатот на десетниците е едногодишен. Никој не може да се откаже од дадената должност, освен по убедливи причини.
Глава II
Член 24. Сите членови од едно село или град образуваат месна организација, која ја раководи месниот соодветен комитет.
Член 28. Комитетите се состојат од 3-6 члена, меѓу кои влегува и војводата на месната чета.
Член 29. Комитетот ги има следните должности:
A) да се грижи за успехот на Организацијата во местото (село или град).
Б) го држи пунктот во постојана врска со околискиот комитет и го известува по сите тековни прашања, му праќа редовно секој три месеци рапорт за општата состојба на Организацијата.
В) ги разрешува сите спорови меѓу членовите.
Г) го следи поведението на чорбаџиите, лихварите и чифликчиите спрема делото и зема мерки, за работниците - членови на Организцијата да не бидат ограбувани и притеснувани.
Д) се грижи за културното подигање на населението и за доставување на револуционерна и друга литертура, списанија и весници.
Е) спроведува економска борба и ги исполнува сите наредби во тој поглед на околискиот комитет.
Ж) го уредува приемот, доаѓањето и испраѓањето на четите и нелегалните лица и се грижи за нивната сигурност и храна
З) помага во исполнувањето на должностите на околискиот комитет во неговиот центар
И) се стреми да привлекува нови членови во Орагнизацијата
К) воведува курирска должност, ги чува во ред и тајност каналите и магазините со општо оружје ако со такво располага и воопшто раководи со организациските работи и одговара за движењето и општата состојба на доверениот пункт.
Член 31. Претседателот ги раководи заседанијата, ја потпишува коресподенцијата и им соопштува на десетниците сите заповеди од округот што се однесуваат до месната организација.
Член 32. Секретарот води и ги заведува писмените работи на комитетот, ги средува сметките со касиерот, списокот на организационите предмети, протоколи на важните заседанија и др.
Член 34. Касиерот ги заведува паричните влогови на месната организација, ги прибира членските влогови, доброволната помош и други приходи, направо или преку помошници и по решение на комитетот, ги расходува самиот тој, или преку посредници.
Глава III
Член 43. Секоја околија, каде има потреба, административно се дели на делови - реони (делчиња).
Член 44. Реонот се управува од реонски комитет во состав од 3-6 члена, меѓу кои по право влегува и реонски војвода.
Член 46. На реонскиот комитет му се наложува:
A)да се грижи за успехот на Организацијата во реонот
Б) да се грижи за исполнувањето на утврдените наредби и задачи на погорниот комитет
В) ги разгледува судските дела од негова компетентност
Г) ги заштитува интересите на организациското население
Д) ги поканува месните чети на помош, каде и кога има потреба
Е) се грижи за поддржување на брзи и сигурни соопштенија меѓу организираните места, четите и околискиот комитет
Глава IV
Член 48. Сите месни организации од една околија формираат Околиска организација. Таа се упарвува од околиски комитет.
Член 57. Околискиот комитет се грижи за воружувањето и поддршката на потребните четнички сили.
Член 58. Околискиот комитет е должен да одржува постојано врски со работата на околискиот војвода и да му дава потребни објаснувања.
Глава V
Член 68. Сите околиски организации во еден округ составуваат окружна организација. Таа се раководи од окружен комитет во состав од 5-7 члена меѓу кои и двајца нелегални, без определена должност во управата на комитетот.
Член 71. Окружниот комитет се грижи и одговара за текот на Делото во целиот округ, се грижи за подигнување на заостанатите околии, им помага за составување и испраќање на чети, препорачува нови методи и мерки, кои ги смета за корисни и потребни, се грижи за свесно исполнување на обврските на одговорните лица во округот и зема мерки за казнување на виновниците по надлежен ред, се грижи за добар ред на каналите и зема мерка за уредување на нови.
Член 75. Надвор од округот Окружниот комитет ја прествува Организацијата на целиот округ, бидејќи надвор од границите на организациската територија, округот се претставува од Централниот комитет. При непостоење на последниот, Окружниот комитет може да го претставува округот и надвор од организациската територија со согласност на околиите за внатрешни работи, а за надворешни, што се однесува до целата Организација, во согласност со другите окрузи.
Глава VI
Член 82. Сите Окружни организации во Македонија и Одринско формираат Внатрешна Македоно-Одринска Револуционерна Организација.
Член 83. Централниот Комитет служи како соединувачка врска меѓу револуционерните окрузи на ВМРО Организацијата. Тој раководи со организацијата и ја претставува внатре и надвор, лично преку специјални полномошници.
Член 84. Тој ја има врховната исполнителна власт во Организацијата, ги следи движењата на работите и се грижи за нивниот успех.
Глава VII
Во оваа глава се регулирани должностите на Претставничкото тели (порано Задгранично претставништво). Прават и должностите на оваа институција се опфатени со 30 члена затоа што во поранешниот период надлежностите на Задгранично претставништво не биле регулирани во ниеден официјален акт на Организацијата. Поради недостаток на регулатива некои од задграничните претставници успеале да се издигнат над самата Организацијата.
Член 94. Пред надворешниот свет Организацијата се претставува од едно претставничко тело, кое се состои од тројца
Член 95. Членовите на претставничкото тело се избираат од редовните општи конгреси со едногодишен мандат.
Член 96. Сите членови на претставничкото тело се рамноправни. Сите мерки се преземаат од името на целото тело, одговорноста за последиците е солидарна.
Член 97. Претставничкото тело е должно да дава на Централниот комитет постојано сведоштво за положбата на Македоноско-Одринското прашање како во Бугарија така и во меѓународните односи. За таа цел тој го следи расположението на бугарскиот и европскиот печат и дипломатија по однос на Делото и пишуваното го испраќа во преписи или оргинал, буквално го преведува, го соопштува наученото. Дава список на сите поткупени од Турција и непријателски настроени кон Каузата видни европски личности и весници.
Член 98. Претставничкото тело се стреми да ги придобие и здобие во корист на Делото симпатиите на надворешниот свет, особено народите на соседните христијански балкански државници, да ги искористи морално и матерјално разните благотворителни друштва, симпатизери или пак специјално основани друштва за помагање на Македонско-Одринската кауза.
Член 114. Претставничкото тело има право да дава мнение пред Централниот комитет по сите организациски прашања или планирани работи. Членовите меѓу себе бираат делегат со право на решавачки глас во Општиот Конгрес, каде тој дава детален отчет за годишнатра работа на претставничкото тело.
Глава VIII
Во оваа глава се регулирани контролните комисии. При изборот на секој месен комитет се избирала и финасиска контролна комисија (член 125). Исто така се избирале и околиски и окружнии финансиски контролни комисии (член 128). Од друга страна пак за контрола на Централниот комитет и Претставничкото тело, општиот конгрес избирал Врховна контролна комисија (член 131).
Глава IX
Член 138. Улогата на највисок организациски институт ја извршуваат конгресите.
Член 139. Конгресите се редовни и вонредни. Редовните се одржуваат секоја година, а вонредните - по потреба.
Член 140. Конгресите се законски кога присуствуваат 3/4 од предвидените делгати.
Член 141. Датата и местата на конгресите се определуваат од надлежните комитети. За Општиот конгрес - Централниот, во согласност со Окружните.
Член 143 Заседанијата се законски, ако присуствуваат 3/4 од делегатите.
Глава X
Член 162. Материјалната издршка на Организацијата се добива од:
А) редовни членски влогови
Б) доброволна помош и налози
Г) глоби
Д) непредвидени приходи добиени со сила на оружјето
Глава XI
Член 165. Секој член е долже да биде снабден со пушка, со 150 патрони и по можност со други потребни воени матерјали, а исто така оружјето да го држи во исправна сосотојба.
Член 166. Според сопственоста оружјето се дели на две категории: општо и приватно. Општото е подарено од Комитетот и купено од него со организациски пари, а приватното-сопственост на одделни лица, исто така и колективно купено од неколку луѓе или од цело село со пари собрани за таа цел.
Глава XIV
Оваа глава ги регулирала:
A) Судоустројсвото
Б) Мировно судство (судска постапка)
В) Казни
Член 189. Членовите-работници и десетниците се судат и накажуваат од месните комитети (селски, градски и реонски), должностите на последните од околиските комитети, должностите на околиските комитети-од окружните, членовите на последните од Централниот комитет.
Член 191. За дела од обикновен карактер, недоволните од решенијата на првата инстанца, можат да се жалат до наредниот повисок комитет.
Член 192. Сите членови на Внатрешната Македонско-одринска револуционерна организација, независно од нивната должност и положба се еднакви пред организациските закони.
Член 195. Казните секој пат имаат поправителна дејност (цел). Виновниците се накажуваат сообразно со карактерот и големината на вината и престапката.
Член 206. Понижувањето и унакажувањето на труповите на убиените и смислено мачење при исполнување на смртните пресуди строго се забранува. Нарушителите на тоа се судат и накажуваат.
Глава XIV
Во оваа глава се регулирани Граѓанските судови.
Член 207. За дела од неорганизациски карактер (било да се граѓански или воени) се избираат специјално за тоа судски тела.
Член 208. Судски тела се: селски, градски и околиски. Тие се избираат по истиот начин и едновремено со соодветни комитети. Составот им е од 3-5 членови со едногодишен мандат.
Член 209. Недоволните од решенијата на првата инстанца имаат право да се жалат пред околиски суд, како втора и последана инстанца.
Член 210. Во случај на родбински врски со некој од судиите или сомнение за пристрасност, по желаба на која и да е од заинтересиранитре страни се допушта изземање на судски лица, кои се заменуваат само за тоа дело со некои други.
Член 211. Како раководни начела и суд служат: месното обичајно право, чиста совест, справедливост и спогодба.
Член 212. Судиите фатени во пристрасност и несправедливост строго се накажуваат.
Член 213. Исполнување на пресудте се дава на соодветни комитетски орган.
Член 214. Судењето е бесплатно.
Глава XVI
Во оваа глава е Општиот одеел.
Член 215. За уредување и внатрешниот ред на четите се изработува специјален правилник.
Член 216. За зачувување на единството на Организацијата, се употребува само постојниот правилник [1].