британски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Питер Роберт Кенох MBE (англиски: Peter Robert Kennaugh; р. 15 јуни 1989 во Даглас) — поранешен мански професионален велодромски и друмски велосипедист,[1] кој возел професионално во периодот 2010-2019 за екипите Тим Скај и Бора-Хансгрое.[2]
Кено на Тур де Франс 2015 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Питер Роберт Кенох | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Прекар | Пит | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 15 јуни 1989 Даглас, Ман, Обединето Кралство | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,73 м | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Маса | 62 кг | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | пензиониран | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски и велодромски велосипедизам | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Вид на возач | специјалист во искачување | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Аматерски клубови | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2007 2008 2009 | Пинарело РТ Гленден 100% Ми | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2010–2017 2018-2019 | Тим Скај Бора-Хансгрое | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Значајни победи | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Во 2012 година го освоил златниот медал како дел од британскиот состав на дисциплината екипната потера на Летните олимписки игри 2012 станувајќи првиот Манец во 100 години кој освоил злато.[3]
На 5 април 2019 година објавил дека ќе земе неодредена пауза од професионалниот велосипедизам за да се насочи на неговото душевно здравје.[4]
Роден е во Даглас. Неговиот помлад брат, Тим и неговиот татко се исто така велосипедисти. Мајката на Питер, Џеки, исто така возела велосипед и во минатото го држела рекордот на 10 милји хронометар на островот Ман.[5] Започнал со трки во BMX на возраст од шест години.[6]
Станал член на олимписката академија на британската велосипедистичка федерација во 2008 година, преселувајќи се со остатокот од екипата да живее во Тоскана, Италија.[7] Во 2008 година завршил втор на националното друмско првенство, со штака станал британски првак под 23 години. Во февруари 2009 година станал британски медисон првак заедно со Марк Кристијан.[8]
На 9 септември 2009 година било објавено дека Кенох ќе стане професионален возач во 2010 година, возејќи за новата професионална британска екипа Тим Скај.[9][10] Бил опишан од Cycling Weekly како „најталентираниот младинец кој излегол од островот Ман зад неговиот пријател и познатиот спринтер Марк Кевендиш“.[7]
Во 2010 година се насочил на велодромскиот велосипедизам, освојувајќи ги трките поединечна потера и скреч на националните велодромски првенства. Завршил втор зад колегата од Скај, Герајнт Томас, на националното друмско првенство. Кенох го имал својот прв настап на некоја голема трка на Вуелта а Еспања, но Скај се повлекол по смртта на помошникот на екипата Чема Гонсалес.[11]
Во 2011 година, Кенох бил замена во последната минута за Серж Паувелс на Џиро д’Италија[12] и завршил на 86. место на неговиот прв настап на Џиро. Кенох завршил трет на Рут ду Суд, но не бил избран за Тур де Франс 2011. Завршил на третото место зад колегите Бредли Вигинс и Герајнт Томас во националното друмско првенство.[13] Во август, завршил петти во генералниот пласман на Трката околу Полска.[14]
Во 2012 година започнал да се насочува на велодромскиот велосипедизам. Бил дел од британскиот состав за екипна потера кој поставил нов светски рекорд од 3:53,295 секунди и го освоил златото на Светското велодромско првенство на 4 април 2012 година во Мелбурн.[15] Меѓутоа, тоа достигнување било подобрено на 3 август кога бил дел од британската репрезентација за екипна потера заедно со Ед Кленси, Герајнт Томас, Стивен Бурк, кои не само што го освоиле златниот медал на Летните олимписки игри, туку и со време од 3:51,659, го засениле својот светски рекорд кои го поставиле во квалификациите.[16][17] Кенох бил првиот Манец кој го освоил олимпиското злато од 1912 година.
Кенох бил прогласен за член на Редот на Британската Империја (MBE) во новогодишните прогласување 2013 година за заслуги во велосипедизмот.[18][19]
Кенох целосно се насочил на друмскиот велосипедизам во 2013 година. Одиграл важна улога во победата на Крис Фрум на Трката околу Оман во февруари. Кенох бил дел од екипата на Скај која го освоила екипниот хронометар на Џиро дел Трентино во април, но не бил избран да вози на Џиро д’Италија. Наместо тоа, Кенох победил на Линколн гран при пред да биде клучен помошник на планините за Фрум и Ричи Порт кои однеле победа 1-2 на Критериум ди Дофине во јуни. Бил избран да вози на Тур де Франс по првпат. На осмата етапа, Кенох одиграл клучна улога во етапната победа на Крис Фрум помагајќи му да го достигне опасниот потег на Наиро Кинтана. Меѓутоа, на следната етапа, Кенох бил вклучен во драматичен пад откако Рајдер Хесједал,[20] возач на Гармин-Шарп, удрил во него, испраќајќи го во ендекот и растителноста покрај патот. Иако Кенох не бил лошо повреден, изгубеното време го спречило да ги следи нападите по што Фрум останал целосно сам.[21]
Кенох ја освоил својата прва поединечна професионална победа на Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали во март, освојувајќи ја втората етапа, откако се одвоил на последното искачување со Франческо Бонџорно од екипата Бардијани-ЦСФ и го претекнал за победа. Кенох ја освоил трката со 12 секунди предност пред колегата Дарио Каталдо, кој имал 48 секунди предност пред завршниот 10-километарски поединечен хронометар.
Во мај 2014 година, Кенох го срушил хронометарскиот рекорд на 10 милји на островот Ман од 2007 година држен од Марк Кевендиш, поставувајќи нов рекорд од 19м 38,982с.[22] Кенох го освоил националното друмско првенство на 29 јуни, претекнувајќи го колегата од Скај, Бен Свифт.[23] И покрај добрата форма, Кенох не бил избран за Тур де Франс, наместо тоа возел на Трката околу Австрија, каде ја освоил првата етапа и ја носел водечката маичка на остатокот од трката, стигнувајќи до втора победа на етапна трка во сезоната.[24] Потоа, Кенох настапил за островот Ман на Комонвелтските игри во Глазгов, освојувајќи сребрен медал на бодовната трка во велодромскиот велосипедизам[25] и осмото место на друмската трка по долгото соло бегство.[26] Кенох возел на Вуелта а Еспања, помагајќи му на Крис Фрум да заврши втор.
Кенох ја освоил воведната етапа на Критериум ди Дофине по нападот на последното искачување и одржувајќи се пред главната група за две секунди на спустот до завршницата во Албервил.[27] Кенох го изгубил водството во трката по екипниот хронометар на третата етапа, но потоа му помогнал на Фрум да ја освои трката.
Во јуни го освоил националното друмско првенство, оддалечувајќи се од Марк Кевендиш на последното калдрмисано искачување[28] и станал прв возач кој успешно ја одбранил титулата од Роџер Хамонд во 2004 година.[29] Бил избран да вози на Тур де Франс 2015, но се разболел и се повлекол на шеснаесеттата етапа.[30]
Во септември, Кенох го урнал хронометарскиот рекорд на Крис Бордман од 1993 година поставен на хронометарската патека на островот Ман за шест секунди.[31]
Кенох ја започнал сезоната во Австралија во јануари. По учеството на Тур Даун Андер, ја освоил Големата океанска друмска трка „Кедел Еванс“ откако нападнал од мала група на завршното искачување и се одржал 12 километри до целта пред другите. Завршил шест секунди пред групата од 19 возачи.[32] Следната недела, Кенох возел на Хералд Сан Тур. На втората етапа, кога тој и колегата Крис Фрум и се одвоиле поминувајќи ја целта 17 секунди пред другите; Кенох ја освоил етапата и повел на трката. Следните две етапи завршиле во спринтови, каде што Кенох го зголемил своето водство. На завршната етапа, Фрум нападнал на претпоследното искачување и повторно на завршното искачување, освојувајќи ја етапата и целата трка. Кенох бил втор со 29 секунди зад него.
ВО мај, Кенох паднал на третата етапа на Трката околу Калифорнија, при што ја скршил клучната коска.[33] Кенох првично бил вклучен во репрезентацијата на Обединетото Кралство на Летните олимписки игри, меѓутоа, во јули 2016 година се повлекол наведувајќи недостиг на форма, што му дозволило на етапниот победник на Тур де Франс, Стив Камингс да го заземе неговото место.[34]
Кенох бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања. Тим Скај го освоил воведниот екипен хронометар и Кенох бил прв возач кој поминал преку целта, со што ја презел водечката црвена маичка, првпат кога повел на некоја голема трка во неговата кариера.[35]
Во јуни, Кенох ја освоил седмата етапа на Критериум ди Дофине, станувајќи првиот британски возач кој освоил етапа на Алп д’Ез.[36] Меѓутоа, не бил вклучен во составот на Тим Скај за Тур де Франс 2017.
Во август 2017 година било објавено дека го напушта Скај и дека ќе се приклучи на Бора-Хансгрое со двегодишен договор од 2018.[37][38]
Сезоната 2018 ја започнал со настап на Тур Даун Андер 2018.[39]
Во 2019 година, Кенох се приклучил на телевизијата ITV4 при следењето на Тур де Франс заедно со Гери Имлач, што се случило по заминувањето на Крис Бордман претходната година.[40] Бордман се вратил за Тур 2020, меѓутоа Кенох продолжил таму заедно со Бордман и Имлач.[41]
СО = се откажал; — = не учествувал
Дисциплина | Рекорд | Датум | Настан | Велодром | Забелешки |
---|---|---|---|---|---|
Екипна потера | 3:53,295 | 4 април 2012 | Светско првенство | Хајсенс Арена | [15] |
3:52,499 | 2 август 2012 | Олимписки игри | Лондонски велопарк | [16] | |
3:51,659 | 3 август 2012 | [17] |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.