From Wikipedia, the free encyclopedia
Критериум ди Дофине 2013 било 65. издание на велосипедската етапна трка Критериум ди Дофине; трка организирана од Amaury Sport Organisation, дел од Светската турнеја. Трката се состоела од осум етапи, започнувајќи го Шампери на 2 јуни, прв почеток на трката во Швајцарија и завршувајќи во Ризул на 9 јуни и била шеснаесетта трка во сезоната на Светската турнеја 2013. Дофине била гледана како одлична подготовка за јулскиот Тур де Франс и голем број на фаворити за генералниот пласман на Тур учествувале на Дофине.[1] Вклучувала планински етапи, како и поединечен хронометар сличен во должина на Тур.[2]
Светска турнеја на UCI 2013, трка 16 од 28 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Датум(и) | 2–9 јуни 2013 | ||
Етапи | 8 | ||
Растојание | 1.136,5 км | ||
Време | 29ч 28' 46" (23,9 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Крис Фрум (Велика Британија) | (Тим Скај) | |
Втор | Ричи Порт (Австралија) | (Тим Скај) | |
Трет | Даниел Морено (Шпанија) | (Катјуша) | |
Бодовен | Џани Мерсман (Белгија) | (Омега Парма-Квик Степ) | |
Планински | Тома Дамизо (Франција) | (Аргос-Шимано) | |
Младински | Роан Денис (Австралија) | (Гармин-Шарп) | |
Екипен | Тим Скај | ||
Трката била освоена од Британецот Крис Фрум од Тим Скај[3], трета година по ред екипата ја освојува трката, откако Бредли Вигинс ја освоил трката во 2011 и 2012, преземајќи го водството на трката по освојувањето на петтата етапа и одржувајќи ја својата предност до крајот на трката за победа на четвртата етапна трка во сезоната 2013.[4] На крајот, Фрум го освоил генералниот пласман со 58 секунди пред второпласираниот и негов колега Ричи Порт,[3] помошник за Фрум на планинските етапи. Подиумот бил заокружен со возачот на Даниел Морено од Катјуша, кој завршил 74 секунди зад Порт и две минути и 12 секунди зад Фрум.[5]
На другите пласмани на трката, возачот на Гармин-Шарп Роан Денис бил освојувач на белата маичка во пласманот за млад возач, како највисоко пласиран возач роден во 1988 или подоцна, завршувајќи на осмото место во генералниот пласман.[6] И покрај тоа што не освоил ниедна етапа на трката, Џани Мерсман од Омега Парма-Квик Степ ја освоил зелената маичка,[7] како победник на бодовниот пласман, додека црвено-белата точкеста маичка за планинскиот пласман ја освоил возачот на Аргос-Шимано Тома Дамизо.[8] Екипниот пласман бил освоен од Тим Скај втора година по ред со над дванаесет минути предност пред втората најдобра екипа Тим Саксо-Тинкоф.[3]
Бидејќи Критериум ди Дофине е настан од Светската турнеја на UCI, сите UCI World Tour екипи биле автоматски повикани и биле обврзани да испратат екипа. Првично, осумнаесет UCI World Tour биле поканети на трката, додека четири други екипи добиле специјални покани,[9] и со тоа била создадена главната група од 22 екипи. Подоцна, Катјуша го повратила својот ProTour статус по жалбата до Арбитражниот суд за спорт.[10][11] Бидејќи Катјуша не биле првично поканети на трката,[12] организаторите на трката го објавиле нивното вклучување на трката, зголемувајќи го бројот на екипи на дваесет и три.[13]
Во текот на Џиро д’Италија, Силвен Жорж бил позитивен на тестот за вазодилаторен хептаминол,[14] по седмата етапа; неговиот позитивен тест бил втор за возач од екипата Аг2р-Ла Мондијал во текот на една година, откако Стив Унар бил позитивен за гликобелковинскиот хормон еритропоетин (ЕПО) во тест надвор од сезоната во септември 2012.[15] Бидејќи екипата била член на Движењето за чесен велосипедизам, вториот позитивен тест значел, дека според одредбите на движењето, тие морале да престанат со тркање во период од осум дена.[16] Иако екипата доброволно се повлекла од Дофине, поминала без парична казна,[17] која можеле да ја добијат поради одбивање да настапат на настан од Светската турнеја, што е спротивно на одредбите на UCI. Така, групата повторно била намалена на 22 екипи.
Дваесет и двете екипи кои настапиле на трката биле:[18]
Помеѓу 176. возачи кои ја започнале трката се наоѓал само еден поранешен победник на трката; Алехандро Валверде, победник на трката во 2008 и 2009, предводувајќи го Мовистар Тим на Критериум ди Дофине.[19]
Рутата за трката била објавена на 15 април 2013.[2]
Етапа | Рута | Должина | Вид | Датум | Победник | |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | Шампери (Швајцарија) до Шампери (Швајцарија) | 121 км | Среднопланинска етапа | 2 јуни | Давид Вејо (КАН) | |
2 | Шател до Ојонакс | 191 км | Рамна етапа | 3 јуни | Елија Вивијани (ИТА) | |
3 | Амбере ан Буже до Тарар | 167 км | Рамна етапа | 4 јуни | Едвалд Боасон Хаген (НОР) | |
4 | Вилар ле Домб до Парк де Езео | 32,5 км | Поединечен хронометар | 5 јуни | Тони Мартин (ГЕР) | |
5 | Грези сир Екс до Валморел | 139 км | Среднопланинска етапа | 6 јуни | Крис Фрум (ВБР) | |
6 | Ла Лешер до Гренобл | 143 км | Рамна етапа | 7 јуни | Тома Веклер (ФРА) | |
7 | Пон де Кле до Сен Етјен ан Деволу | 187,5 км | Среднопланинска етапа | 8 јуни | Самуел Санчес (ШПА) | |
8 | Систерон до Ризул | 155,5 км | Среднопланинска етапа | 9 јуни | Алесандро Де Марки (ИТА) |
Резултат од етапа 1 и генерален пласман по етапа 1
|
Резултат од етапа 2
|
Генерален пласман по етапа 2
|
Резултат од етапа 3
|
Генерален пласман по етапа 3
|
Резултат од етапа 4
|
Генерален пласман по етапа 4
|
Резултат од етапа 5
|
Генерален пласман по етапа 5
|
Резултат од етапа 6
|
Генерален пласман по етапа 6
|
Резултат од етапа 7
|
Генерален пласман по етапа 7
|
Резултат од етапа 8
|
Краен генерален пласман
|
На Критериум ди Дофине 2013 биле доделени четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку завршното време на секој велосипедист на секоја етапа, предводникот ја добивал жолтата маичка со сина лента.[28] Овој пласман бил сметан за најважен на Критериум ди Дофине 2013 и победникот на овој пласман бил сметан за победник на трката.
Дополнително, постоел бодовен пласман наградуван со зелена маичка.[28] За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови за завршување во првите десет на етапа. На сите етапи, победата носела 15 бода, второто место 12 носело 12 бода, третото 10, четвртото 8, петтото 6 и еден помалку за секое место надолу сè до еден бод за 10. место. Бодови за овој пласман можеле да се добијат и на секој од средните спринтови; овие бодови биле доделувани на секој од тројцата најбрзи возачи низ целта и тоа 5 бода за првиот, 3 за вториот и 1 за третиот.[28]
Постоел и планински пласман, кој бил наградуван со бело-црвена точкеста маичка.[28] За планинскиот пласман, бодови се добивале на врвот на некое искачување, доколку стигнеш пред другите велосипедисти. Секое искачување било категоризирано како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија, а повеќе бодови носеле повисоките категории. Искачувањата од екстра категорија носеле најмногу бода, 20 за првиот возач преку врвот; првите десет возачи на искачувањата од екстра категорија добивале бодови за планинскиот пласман, првите осум за оние од прва категорија и првите шест за оние од втора категорија.[28] Помалку бодови се добивале на помалите искачувања, обележани со трета или четврта категорија.[28]
Четвртата маичка го претставувала пласманот за млад возач, наградуван со бела маичка.[28] Пласманот бил пресметуван на истиот начин како генералниот пласман, но тука се натпреварувале само возачите родени по 1 јануари 1988. Постоел и екипен пласман, каде се пресметувале времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа на секоја етапа; водечката екипа на крајот на екипата била онаа со најмало вкупно време.[28]
Етапа | Победник | Генерален пласман |
Планински пласман |
Бодовен пласман |
Пласман за млад возач |
Екипен пласман |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | Давид Вејо | Давид Вејо | Давид Вејо | Давид Вејо | Том-Јелте Слагтер | Тим Јуропкар |
2 | Елија Вивијани | Тома Дамизо | Џани Мерсман | Тони Галопен | ||
3 | Едвалд Боасон Хаген | |||||
4 | Тони Мартин | Роан Денис | Роан Денис | Тим Скај | ||
5 | Крис Фрум | Крис Фрум | ||||
6 | Тома Веклер | |||||
7 | Самуел Санчес | |||||
8 | Алесандро Де Марки | |||||
На крај | Крис Фрум | Тома Дамизо | Џани Мерсман | Роан Денис | Тим Скај |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.