Наиро Кинтана
колумбиски велосипедист / From Wikipedia, the free encyclopedia
Наиро Александер Кинтана Рохас (шпански: Nairo Alexander Quintana Rojas; р. 4 февруари 1990 ) — колумбиски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Фортунео-Самсик.[3]
Кинтана на Трката околу Баскија 2013 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Наиро Александер Кинтана Рохас | ||
Прекар | Лавот,[1] Наироман[1] | ||
Роден | 4 февруари 1990(1990-02-04) (34 г.) Бојака, Колумбија | ||
Висина | 1,67 м[2] | ||
Маса | 58 кг[2] | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Фортунео-Самсик | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за искачување | ||
Професионални клубови | |||
2009 2010–2011 2012–2019 2020- | Бојака ес пара Вивирла Кафе де Колумбија-Колумбија ес Пасион Мовистар Тим Аркеа-Самсик | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 4 април 2020 |
Кинтана е специјалист за качување, познат по неговата вештина да отпочне непрекинати и постојани напади на искачувања со стрмен наклон, да развие голема сила и издржливост да реагира на нападите на другите. Исто така, тој е добар на хронометарите, што го прави вистински возач за генералниот пласман на етапните трки. Негови најдобри резултати во кариерата се победите на Џиро д’Италија 2014 и Вуелта а Еспања 2016, како и второто место на Тур де Франс во 2013 и 2015. Покрај двете победи на големите трки има завршено на подиум шест пати и единаесет пати меѓу првите десет.
Има повеќекратни победи на другите етапни трки, што доведувало до висок пласман во Светската турнеја[4] на крајот на секоја сезона, поради што се смета за еден од најуспешните етапни возачи во поново време и најдобар друмски велосипедист во колумбиската историја.
Неговиот брат Дајер Кинтана, исто така, е професионален велосипедист и бил член на Мовистар Тим во периодот 2014-2018. Се приклучил на Аркеа-Самсик во 2020 година.[3]