Џиро д’Италија 2014
велосипедска трка во Италија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Џиро д’Италија 2014 — 97. издание на Џиро д’Италија, една од трите големи трки во велосипедизмот. Започнала во Белфаст на 9 мај и поминала низ Северна Ирска и Ирска.[1][2] Оваа година трката имала три денови за одмор, наместо вообичаените два и трката започнала во петок.[3]
Светска турнеја на UCI 2014, трка 15 од 28 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Датум(и) | 9 мај – 1 јуни | ||
Етапи | 21 | ||
Растојание | 3.465,4 км | ||
Време | 88ч 14' 32" ( км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
![]() |
Победник | ![]() |
(Мовистар Тим) |
Втор | ![]() |
(Омега Парма-Квик Степ) | |
Трет | ![]() |
(Астана) | |
![]() |
Бодовен | ![]() |
(FDJ.fr) |
![]() |
Планински | ![]() |
(Трек Фактори Рејсинг) |
![]() |
Младински | ![]() |
(Мовистар Тим) |
Екипен | Аг2р-Ла Мондијал | ||
Екипни бодови | Омега Парма-Квик Степ | ||
← 2013 2015 → |
Трката била освоена од страна на Колумбиецот Наиро Кинтана од екипата Мовистар Тим. Второто и третото место им припаднале на неговиот сонародник Ригоберто Уран и Италијанецот Фабио Ару, соодветно.
Кинтана станал првиот Колумбиец кој го освоил Џиро. Исто така го освоил пласманот за млад возач. Во другите пласмани, возачот на FDJ.fr, Насер Буани бил победник на бодовниот пласман, а возачот на Трек Фактори Рејсинг Хулијан Аредондо го освоил планинскиот пласман. Аг2р-Ла Мондијал завршиле како победници на екипниот пласман, додека Омега Парма-Квик Степ го освоиле екипниот бодовен пласман.