Џиро д’Италија 2015
велосипедска трка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Џиро д’Италија 2015 — 98. издание на Џиро д’Италија, една од големите велосипедски трки. Трката започнала во Сан Лоренцо ал Маре на 9 мај со екипен хронометар на растојание од 17,6 километри, а завршила во Милано на 31 мај со рамна етапа на растојание од 185 километри. Трката била петнаесетта по ред во сезоната на Светската турнеја.[1] Вкупно 197 возачи од 22 екипи настапиле на трката, која била освоена од Шпанецот Алберто Контадор од екипата Тинкоф-Саксо. Второто и третото место биле освоени од Италијанецот Фабио Ару и Шпанецот Микел Ланда, соодветно.
Светска турнеја на UCI 2015, трка 15 од 28 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Датум(и) | 9 мај – 31 мај 2015 | ||
Етапи | 21 | ||
Растојание | 3.481,8 км | ||
Време | 88ч 22' 25" ( км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
![]() |
Победник | ![]() |
(Тинкоф-Саксо) |
Втор | ![]() |
(Астана) | |
Трет | ![]() |
(Астана) | |
![]() |
Бодовен | ![]() |
(Трек Фактори Рејсинг) |
![]() |
Планински | ![]() |
(Мовистар Тим) |
![]() |
Младински | ![]() |
(Астана) |
Екипен | Астана | ||
Екипни бодови | Астана | ||
← 2014 2016 → |
Контадор првпат го презел водството по петтата етапа, првата етапа со завршница на нагорнина. Неговата одбрана на розовата маичка била ставена во сомнеж кога го изместил левото рамо при пад во текот на спринтот на шестата етапа, но ја продолжил трката. Успеал да го одржи неговото водство во текот на една среднопланинска и планинска етапа, но бил задржан во друг пад во текот на тринаесеттата етапа, предизвикувајќи да изгуби време, како и самото водство. Меѓутоа, на важниот поединечен хронометар на растојание од 59,4 километри следниот ден, извозил значајно време пред сите негови соперници и ја освоил розовата маичка и ја одбранил низ планините за втора победа на Џиро, по Џиро 2008. Исто така, ја освоил и трката во 2011 година, пред да му биде одземена победата поради контроверзата со кленбутеролот. Како во 2008 година, Контадор не освоил ниедна етапа на Џиро, но имал силни завршници на секоја планинска етапа, што му овозможило да го зголеми водството и до денес, нема освоено етапа на трката. Второто место му припаднало на Ару, кој и покрај слабиот настап на хронометарот и слабиот резултат на Мортироло, ги освоил етапите 19 и 20. Заокружувајќи го подиумот на третото место било изненадувањето на трката, Ланда, кој ги освоил етапите 15 и 16 и имал солиден настап на другите планински етапи, освојувајќи го Чима Копи на трката.
Во другите пласмани на трката, Италијанецот Џакомо Ницоло од екипата Трек Фактори Рејсинг го освоил бодовниот пласман, возачот на Мовистар Тим Џовани Висконти го освоил планинскиот пласман, додека Ару од Астана го завршил Џиро како најдобар возач под 26 години во генералниот пласман, завршувајќи на второто место. Астана завршила како победник во Трофеј Брза екипа, освојувајќи најмало вкупно време од сите екипи, како и Трофеј Супер екипа.