Поединечен хронометар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Поединечен хронометар (ITT) — друмска велосипедска трка во која велосипедистите возат сами против часовникот на рамен или променлив терен или планинска трка, како што е Алп д’Ез (на француски: contre la montre – буквално „спроти часовникот“, на италијански: tappa a cronometro „етапа на штоперица“). Исто така постои и велодромски хронометар, каде возачите се натпреваруваат на велодроми и екипни хронометри (ТТТ). Поединечните хронометар исто така се сметаат како „трка на вистината“, бидејќи победувањето зависи само од силата и издржливоста на возачот и без помошта обезбедена од совозачите и другите возејќи напред и создавајќи заветрина.
Времињата на почетокот се во еднакви растојанија, обично една или две минути разлика. Почетниот поредок е обично заснован на завршните времиња на претходните трки (или претходните етапи во случај на повеќеетапна трка), каде највисоко пласираниот велосипедист започнува последен. Почнувајќи подоцна му дава на возачот предност во знаењето на времето кое е потребно да се победи (и исто така го прави настанот поинтересен за гледачите). На натпреварувачите не им дозволено возење еден зад друг и создавање заветрина. Секоја помош помеѓу возачите е забранета. Возачот со најбрзо време се прогласува за победник.