велосипедска дисциплина From Wikipedia, the free encyclopedia
Друмски велосипедизам — велосипедски спорт кој се одржува на поплочени патишта. Терминот „друмски велосипедизам“ обично се применува за настани каде настапуваат возачи кои стартуваат истовремено и каде победник е оној, кој прв ја минува линијата на крајот на патеката (поединечните и екипните хронометри се друга форма на велосипедско тркање на патиштата).
Историски, земји со најдолга традиција во овој спорт и со најмногу натпреварувачи биле Белгија, Колумбија, Данска, Франција, Германија, Италија, Луксембург, Холандија, Шпанија и Швајцарија. Меѓутоа, на спортот му се зголемува популарноста и во земји како што Австралија, Венецуела, Русија, Словачка, Јужна Африка, Нов Зеланд, Норвешка, Велика Британија, Ирска, Полска и САД.
Друмскиот велосипедизам започнал како организиран спорт во 1868.[1] Првото светско првенство било во 1893 и велосипедизмот станал дел од модерните Олимписки игри по нивното отпочнување во Атина во 1896.
Друмскиот велосипедизам во неговата современа форма потекнува од крајот на 19 век. Спортот бил популарен во земјите од Западна Европа, Франција, Шпанија, Белгија и Италија. Некои од најраните друмски велосипедски трки во Европа станале едни од најголемите спортски настани. Овие почетни трки биле Лиеж-Бастон-Лиеж (основана 1892), Париз-Рубе (1896), Тур де Франс (1903), Милано-Санремо и Џиро ди Ломбардија (1905), Џиро д’Италија (1909) и Трка околу Фландрија (1913). Тие обезбедиле образец за другите трки низ целиот свет. Додека спортот се ширел низ светот, овие историски трки останале најпрестижни за секој велосипедист да ги освои.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.