Тур де Романди
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тур де Романди — велосипедска етапна трка, која е дел од Светската турнеја. Се вози во областа Романди, во француското говорно подрачје на Швајцарија. Започнала во 1947 во чест на 50-годишнината на швајцарската велосипедска федерација.
![]() Лого на трката | |
Датум | крај на април |
---|---|
Регион | Романди, Швајцарија |
Месно име | Tour de Romandie (француски) |
Дисциплина | друмски велосипедизам |
Натпреварување | Светска турнеја на UCI |
Вид | Етапна трка |
Прво одржување | 1947 (1947) |
Одржувања | 75 (до 2022) |
Прв победник | ![]() |
Најмногу победи | ![]() |
Неодамнешен победник | ![]() |
Трката традиционално започнувала со пролог во Женева и завршувала со друг поединечен хронометар во планинските терени во Лозана. Последниот хронометар традиционално започнувал на стадионот северно од Лозана, се спуштал кон југ Женевското Езеро и повторно се враќал назад нагоре кон стадионот. Во последните изданија на трката, оваа рута е изменета. Не е никакво изненадување, дека победници и неколку од првите возачи обично се одлични специјалисти за хронометри. Пред изданието во 2014, четири победници на Тур де Романди победиле и на Тур де Франс истата година; Стивен Роуш во 1987, потоа Кедел Еванс, Бредли Вигинс и Крис Фрум во 2011, 2012 и 2013, соодветно.
Рутата на трката обично се движи кон север кон планините Јура и планинскиот масив Алпи во западна Швајцарија.