![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/d9/Chris_Froome_2022.jpg/640px-Chris_Froome_2022.jpg&w=640&q=50)
Крис Фрум
британски велосипедист / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кристофер „Крис“ Фрум РБИ (англиски: Christopher Froome; р. 20 мај 1985 во Најроби) — кениско-британски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Израел-Премиер Тек.[6][7] Освоил седум големи трки: четири изданија на Тур де Франс (во 2013, 2015, 2016 и 2017), едно издание на Џиро д’Италија (2018) и две изданија на Вуелта а Еспања (2011[заб. 1] и 2017). Исто така освоил неколку етапни трки и трипати е добитник на наградата „Златен велосипед“. Фрум исто така има освоено два олимписки бронзени медала во друмски хронометар, во 2012 и 2016, и исто така освоил бронза на Светското првенство 2017.
![]() Фрум во 2022 година | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Кристофер Клајв Фрум[1] | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Прекар | Фруми[2][3] | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 20 мај 1985(1985-05-20) (39 г.) Најроби, ![]() | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,86 м[4] | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Маса | 68 кг[5] | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | Израел-Премиер Тек | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Вид на возач |
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Аматерски клубови | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
— — | Супер Академи Хај-Кју Супер Академи | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2007 2008–2009 2010–2020 2021- | Коника Минолта Барловорлд Тим Скај Израел старт-ап нејшн | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Значајни победи | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Последна промена 29 ноември 2022 |
Фрум е роден во Кенија од британски родители и пораснал таму и во Јужна Африка. Од 2011 година е жител на Монако. На 22 години, Фрум станал професионалец со Тим Коника Минолта. Во 2008 година, се приклучил на екипата Барловорлд. Истата година се преселил во Италија и започнал да вози под британска лиценца. Во 2010 година, се префрлил во Тим Скај и станал еден од клучните велосипедисти на екипата. Фрум го направил неговиот пробив како кандидат за големите трки во текот на Вуелта а Еспања 2011, каде завршил втор во генералниот пласман, подоцна прогласен за прв, соодветно станувајќи прв британски велосипедист кој освоил некоја голема трка. На Тур де Франс 2012, возејќи како суперпомошник за Бредли Вигинс, Фрум ја освоил седмата етапа и завршил втор во генералниот пласман, зад Вигинс.
Негова прва победа на повеќеетапна трка била победата на Трката околу Оман во 2013 година, по што следеле победите на Критериум Интернационал, Тур де Романди, Критериум ди Дофине и на Тур де Франс. На Тур де Франс 2014 се повлекол по неколку падови. Во 2015 година по вторпат ги освоил Критериум ди Дофине и Тур де Франс. Во 2016 година го освоил Тур по третпат и станал прв човек по Мигел Индураин во 1995 година успешно да ја одбрани неговата титула. Го освоил Тур по четврти пат во 2017 година, по што следеле победите на Вуелта а Еспања 2017 и на Џиро д’Италија 2018, негови први победи на обете трки.[заб. 2] Овие достигнувања го направиле прв велосипедист кој ги освоил Тур-Вуелта, откако Вуелта се вози на моменталната позиција во календарот и прв кој ги поседувал сите три титули на големите трки во исто време од Бернар Ино во 1983 година.
Низ неговата кариера, Фрум се соочил со низа обвинувања дека користел дупка во анти-допинг правилата во велосипедизмот за да користи средство за подобрување на резултатот.[8] Во 2019 година сериозен пад при тренинг пред трката Критериум ди Дофине ја запрел кариерата на Фрум, при што скршил бројни коски, вклучувајќи ги неговата карлица, бутната коска и четири ребра. Иако успеал да се опоравил да се врати на трките во 2020 година, се мачел да ја поврати својата поранешна форма. Ја напуштил екипата Тим Инеос на крајот на 2020 година за да се приклучи на Израел старт-ап нејшн, но неговата форма продолжила да биде слаба во текот на сезоната 2021, при што Фрум не успеал да има сериозни резултати на етапните трки. Неговите резултати по трката биле споредувани со поранешниот фаворит на големите трки и трикратен освојувач на подиуми Хосеба Белоки, кој паднал на сличен начин на Тур де Франс 2003 додека се борел за победата и никогаш не ја повратил својата форма.[9] Негов најдобар резултат на некоја голема трка по падот било третото место на етапата на Алп д’Ез на Тур де Франс 2022. Фрум бил меѓу првите 30 во генералниот пласман, кога бил принуден да се повлече поради болест.
И покрај овие маки, Фрум останал најуспешен возач во генералниот пласман кој е уште активен во групата до 2022 година.