Инеос Гренадиерс
британска велосипедска екипа / From Wikipedia, the free encyclopedia
Тим Инеос (кратенка според UCI: INS; во периодот 2010-2019 позната како Тим Скај) — британска професионална друмска велосипедска екипа, која настапува во Светската турнеја. Екипата има седиште во Манчестер, Англија, со логистичка база во Белгија и оперативна база во Италија.[1] Екипата е предводена од поранешниот директор на британската велосипедска федерација, Дејв Брејлсфорд.
UCI код | INS |
---|---|
Лоциран | Велика Британија |
Основан | 2009 (2009) |
Статус | UCI World Tour екипа |
Велосипеди | Пинарело |
Извршен директор | Дејв Брејлсфорд |
2010 2011–2013 2014-2019 2019- | Скај Профешанл Сајклинг Скај Просајклинг Тим Скај Тим Инеос |
Целта на Тим Скај била „да победат на Тур де Франс за пет години“ откако ги исполниле првичните очекувања од 2010 година и целта „да го создадат првиот британски победник на Тур де Франс за пет години“.[2] Скај ја постигнала првичната цел од 2010 во 2012 година кога Бредли Вигинс победил на Тур де Франс 2012, станувајќи првиот британски победник во историјата, додека сонародникот Крис Фрум завршил како второпласиран.[3] Подоцна, Фрум победил на Тур де Франс 2013, така што ја постигнале целта на Тим Скај двапати, за време на првичниот одреден временски период.