![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/90/Vuelta_a_Espa%25C3%25B1a_2012.png/640px-Vuelta_a_Espa%25C3%25B1a_2012.png&w=640&q=50)
Вуелта а Еспања 2012
From Wikipedia, the free encyclopedia
Вуелта а Еспања 2012 започнала на 18 август 2012 и било 67. издание на трката. Трката започнала во Памплона со екипен хронометар, а завршила традиционално на 9 септември во Мадрид. Изданието во 2012 го одбележало враќањето на Бола дел Мунде, планинската завршница на една етапа. Тоа било местото на возбудливата битка помеѓу победникот Винченцо Нибали и второпласираниот Езекил Москера на изданието од 2010.[1][2] По првпат од 1994, трката го посетила регионот Навара. Памплона била посетена од некој Гранд Тур во 1996, кога градот бил домаќин на крајот на етапа на Тур де Франс 1996. На таа етапа, трката му оддала почит на Мигел Индураин поминувајќи низ неговото родно село Вилава.
Светска турнеја на UCI 2012, трка 22 од 28 | |||
![]() | |||
Карта на рутата на Вуелта а Еспања 2012 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Датум(и) | 18 август - 9 септември | ||
Етапи | 21 | ||
Растојание | 3360,2 км | ||
Време | 84ч 59' 49" (24,5 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
![]() |
Победник | ![]() |
(Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк) |
Втор | ![]() |
(Мовистар Тим) | |
Трет | ![]() |
(Катјуша) | |
![]() |
Бодовен | ![]() |
(Мовистар Тим) |
![]() |
Планински | ![]() |
(Орика-ГринЕЏ) |
![]() |
Комбиниран | ![]() |
(Мовистар Тим) |
Екипен | Мовистар Тим | ||
← 2011 2013 → |
Трката по вторпат била освоена од Алберто Контадор од Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк, остварувајќи ја својата прва победа во генерален пласман по неговото враќање по суспензијата за допинг.[3] Контадор, кој ја освоил седумнаесеттата етапа на трката по соло нападот, го освоил генералниот пласман со 1' 16" пред второпласираниот Алехандро Валверде од екипата Мовистар Тим. Двократниот етапен победник Валверде исто така освоил и два секундарни пласмани на трката на последниот ден; освојувајќи го шестото место на етапата во Мадрид избил со бројот на бодови пред Хоаким Родригес (Катјуша) во тој пласман и неговиот резултат ги заменил местата, притоа дозволувајќи му на Валверде да го преземе и комбинираниот пласман - каде се броел најнискиот вкупен резултат во сите пласмани.[4]
Заокружувајќи го потполно шпанскиот подиум,[5] Родригес ја завршил трката трет, 21 секунда зад Валверде и 1' 37" зад Контадор, притоа водејќи на трката 13 дена помеѓу четвртата и шеснаесеттата етапа. Родригес исто така постигнал три етапни победи, веднаш зад спринтерот од Аргос-Шимано Џон Дегенколб, кои освоил пет етапи, најмногу од еден Германец на Вуелта.[6] Возачот на Орика-ГринЕЏ Сајмон Кларк станал вториот Австралиец, кој освоил планински пласман на некој Гранд Тур, додека Мовистар Тим удобно го освоиле екипниот пласман.[7]